Користете ја оваа активност со луѓе кои се среќаваат за прв пат. Покрај што се запознава со нивните имињата, таа промовира солидарност и почит.

Инструкции

1. Замолете ги сите да застанат во круг.
2. Поканете едно лице (било кое) да го каже своето име (на пример,Мартин).
3. Замолете го остатокот од групата да размисли за позитивни придавки кои почнуваат со истата буква, а тоа е М.
4. Побарајте од Мартин да избере еден од предлозите.
5. Сега поканете го лицето кое стои десно од Мартин да рече: „Здраво мирен Мартине. Моето име е ... (на пример, Весна)“.
6. Замолете ја групата да најде придавка за Весна (на пример, весела).
7. Сега прашајте го следното лице да каже: „Здраво мирен Мартине и весела Весна, моето име е ...“
8. Продолжете во кругот додека не се претстават сите.

Совети за обучувачитеGoto top

Важно е да се запамети дека фокусот е на позитивните придавки кои почнуваат со истата буква како името на личноста, а не на наоѓање на придавки кои всушност ги опишуваат лицата.
На секој учесник останува да си избере своја придавка од оние кои ги предложиле другите учесници.
Како обучувач, треба да бидете подготвени да предложите позитивни придавки за кое било од имињата, во случај никој друг да нема идеја.
Забавна варијанта е секоја личност да избере активност кога ќе го каже своето име. На пример, Мартин би можел да се погали по главата. Тогаш групата ќе мора да се сеќава на секое име, акција и придавка.