Оваа енергизирачка активност промовира соработка и вештини за донесување одлуки во групи. Таа вклучува близок физички контакт.

Инструкции

1. Објаснете им на групата дека во оваа игра има девет „точки “ од телото со кои може да го допрат подот: 2 стапала, 2 раце, 2 лакти, 2 колена и 1 чело.
2. Кажете им на учесниците да се рашират во средината на собата. Кажете број помеѓу 1 и 9 и кажете дека секој играч мора да го допре подот со толкав број на точки. Повторете го ова уште два пати.
3. Кажете им на учесниците да најдат партнер. Кажете број помеѓу 2 и 18. Паровите мора да работат заедно за да ги стават точниот број на точки на подот. Повторете го ова уште два пати.
4. Повторете го со учесниците уште неколку пати во групи од 4, потоа 8, па дури 16 или сè додека сите работат заедно. 

Совети за обучувачитеGoto top

Можете да им дозволите на луѓето да разговараат или ако сакате, да им дозволите да комуницираат само со знаковен јазик. Кога четворица ќе играат заедно, најнизок број може да биде два, ако двајца застанат секој на по една нога додека ги носат другите двајца! Кога четири луѓе играат, најнискиот број е веројатно четири. (Најголем број ќе биде 4 x 9 = 36). Во секој круг највисокиот кажан број не може да биде поголем од 9 помножен со бројот на луѓе во групата!
Учесници нека работат брзо. Во поголеми групи има тенденција да потрае предолго заради тоа што треба да размислат кој треба со што да го доре подот. Најзабавно е со група од 8 обидувајќи се да допрат 6 или 8 (точки).