Материјали / подготовка 

• Хартија и пенкала во боја и маркери
• Големи листови хартија, по еден за пар
• Материјали за колажи (опционално)
• Слики

Инструкции

1. Поставете ги сликите за сите да може да ги видат.

2. Објаснете како фотографите и уредниците на слики ги сечат сликите за да го насочат вниманието на гледачот кон она што тие сакаат да видите. 

3. Замолете ги учесниците да работат во парови и побарајте од нив да изберат конкретната слика на која би сакале да работат. Кажете им да ја анализираат сликата и потоа да ја залепат на големиот лист хартија. Потоа треба да нацртаат она што тие мислат дека се случувало надвор од рамката на слика; така да тие треба да го вратат она што било отсечено.

4. Побарајте од луѓето да ја споделат нивната работа и да дискутираат за следново:
• Зошто фотографите и уредувачите на слики ги сечат сликите?
• Дали сечењето може да се смета како форма на цензура?

Совети за обучувачите Goto top

Учесниците треба да бидат слободни да ги направат своите проширени слики реални или фантастични, колку што сакаат. Ако имате можност, можете да ја правите оваа активност користејќи дигитални слики на компјутерите.