Ова е добра вежба за да се користи на крај од тренингот-средбата. Сликите секогаш кажуваат повеќе отколку што можат зборовите.

Време: 40 минути 

Материјали

  • Хартија и пенкала во боја. 

Инструкции

1. Замолете ги учесниците да размислат за она што го научиле за време на сесијата/средбата, и да се нацртаат себеси како заминуваат и носат голем ранец, во кој на пример има, предмети, идеи и надежи што ги носат со нив.
2. Треба да размислат за сè што научиле и што сакаат да го задржат. Тие работи може да вклучуваат предмети како што се книги или слики, чувства, луѓе, идеи, нови начини на гледање на светот, сила што ја добија од надминување на тешкотијата и вредности.
3. Тие исто така можат да ги покажат работите што сакаат да ги остават зад себе во корпата за отпадоци. Тоа може да се работи како лоши навики, стари идеи, тешки моменти и лоша храна – било што!
4. Охрабрете ги учесниците дека не мора да бидат одлични уметници. Едноставни цртежи, зборови и симболи се совршено прифатливи.