Ова е многу брзо и корисно ако немате многу време ! 

Време: 2 минути

Подготовка

  • Размислете да поставите 3 или 4 прашања. На пример, Дали уживавте во активноста? Дали научивте нешто ново? Дали ќе можете да го користите тоа што го научивте во вашиот секојдневен живот?

Инструкции

1. Објаснете дека ќе поставувате неколку прашања за тоа колку луѓето уживаа во сесијата и за тоа што научиле. Тие ќе ги даваат своите одговори невербално со користење на нивните тела. Ако сакаат да одговорат „да“, треба да ги кренат рацете над главата, а можеби дури и стојат на прсти ако нивниот одговор е многу позитивен. Луѓето кои силно не се согласуваат треба да клекнат долу или дури и да легнат долу на подот. Луѓето треба да си најдат свои меѓу-позиции за да го покажат нивното ниво на одговор.
2. Прочитајте го првото прашање и дајте им на луѓето една минута да заземат позиција.
3. Погледнете наоколу и направете (визуелна) ментална забелешка за одговорите на луѓето, но не барајте и не дозволувајте коментари.
4. Потоа, замолете ги учесниците да се релаксираат и прочитајте го следното прашање.