За Проектот

Пpоектот „Поддршка на реформите на системот на правна помош“ е дел од програмскатарамка на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкани за Турција“ (позната како Horizontal Faciity). Целта на проектот е да обезбеди поддршка на подрачните одделенија на Министерството за правда во подобрувањето на процесуирањето на барањата за бесплатна правна помош, зајакнување на нивните капацитети за давање на поголем обем и поквалитетни правни услуги. Обуките и помошта обезбедена преку имплементацијата на проектот ќе им бидат од полза на вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда, правниците, членовите на Адвокатскатакомора како и на невладините организации. Проектот ќе се фокусира и на развивање на иницијативи за зголемување на бројот и достапноста на адвокати кои се подготвени да даваат правни услуги преку бесплатна правна помош. Во соработка со Адвокатската комора,полицијата и други институции, во рамките на проектот ќе бидат изготвени протоколи со коиќе се помогне во добивањето навремен пристап до адвокат на лица лишени од слобода. Проектот исто така има за цел да го олесни процесот на промени на постоечкиот систем направна помош после донесувањето на новиот Закон за бесплатна правна помош (ЗБПП).

Проектот исто така ќе овозможи полесна достапност и поголема информираност на целните групи и ранливите категории на лица за системот на правна помош, релевантните процедури и чекори кои ќе им помогнат да ги надминат пречките во добивањето правна помош. Информативни материјали ќе бидат изготвени за пошироката јавност, во кои ќе се објасни како се процесуираат барањата за бесплатна правна помош и кои фактори се земаат предвид во одлучувањето. Ќе биде изготвена и промотивна алатка за информирање на јавноста за адвокатите и невладините организации кои даваат правни услуги гарантирани со ЗБПП. Проектот предвидува блиска соработка со Министерството за правда и Адвокатската комора, како и со Полицијата и Министерството за внатрешни работи и невладините организации кои даваат бесплатна правна помош.

Галвна цел 

Целта на проектот е да се поддржи реформата на системот на правна помош и да се осигура дека реформата се имплементира поефективно и во согласност со европските стандарди.

Цели на проектот  

Проектот треба да ги постигне следните конкретни цели:: 

  • Подрачните одделенија на Министерството за правда постапуваат по барања за бесплатна правна помош поефикасно и ефективно, во согласност со европските
    стандарди и практики
  • Правната рамка е подобрена и е во согласност со европските стандарди и практики, а се применуваат политики засновани врз докази.
  • Мониторирањето на квалитетот на правните услуги е зајакнато.
  • Капацитетите на подрачните одделенија на Министерството за правда и на адвокатите се зајакнати.
  • Свеста за услугите за правна помош помеѓу корисниците/барателите е подигната.

 Очекувани резултати :

Конкретните цели на проектот ќе бидат остварени преку реализација на следниве очекувани резултати:

  • Потребите за бесплатна правна помош се проценети и имплементацијата на ЗБПП е подобрена.
  • Зголемени капацитети на подрачните одделенија на Министерството за правда за постапување по барања согласно новиот/изменетиот ЗБПП.
  • Изготвени механизми и индикатори за мониторирање на квалитетот на услугите на бесплатна правна помош предвидени со ЗБПП, вклучувајќи го и работењето на
    давателите на правна помош.
  • Зголемен капацитет на Адвокатската комора во давањето поддршка на своите членови во обезбедувањето на услуги на бесплатна правна помош.

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

За Проектот
  • Времетраење:17 месеци (до 23 мay 2019)
  • Корисници/Партнери: Министерство за правда, Адвокатска комора, Министерство за внатрешни работи и невладини организации кои даваат бесплатна правна помош.
  • Финансирани од: Европската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: € 300 000 EУР
КОНТАКТ

 Славица Ќубриќ, Раководител на проектот