Ова го користи времето како метафора за чувствата. 

Време: 30 минути 

Материјали

  • Хартија и моливи по избор 

Инструкции

1. Накратко објаснете дека тие ќе го користат времето како метафора за нивните чувства.
2. Дајте им на учесниците 5-10 минути да размислат за денот/обуката/проектот/работата во која се вклучени и да се запрашаат: дали досега, уживам во ова? Што добивам од ова? Дали ќе биде корисно?
3. Потоа прашајте ги еден по еден да опишат како се чувствуваат користејќи термини од временска прогноза.

Совети за обучувачите 

Дајте неколку примери кога ја објаснувате идејата за метафората. На пример, „Мојот ден започна со малку магла. Потоа, во доцните утрински часови имаше обилни дождови. Имаше неколку слаби врнежи попладне, но кон крајот на попладнето огреа сонце.“ Ова значи, започнав со малку колебање, или не бев многу сигурен, а потоа работите станаа навистина тешки. Попладен работите се подобрија и сега на крајот се чувствувате како да сте научиле многу.

Варијации

Учесниците може да го нацртаат својот временски извештај наместо да го кажат.
Можете да ја користите оваа основна идеја за да го прегледате вашиот проект како да правите коментар на натпревар за фудбал или хокеј на мраз, или за било кој друг настан по желба на учесниците.