(Резиме)

Конвенцијата е првиот правно обврзувачки мултилатерален инструмент за заштита на националните малцинства воопшто. Нејзината цел е да се заштити постоењето на националните малцинства во соодветните територии на страните. Конвенцијата има за цел да промовира целосна и ефективна еднаквост на националните малцинства преку создавање на соодветни услови кои ќе им овозможат да ја зачуваат и развиваат културата и да го задржат својот идентитет

Конвенцијата ги поставува принципите кои се однесуваат на припадниците на националните малцинства во сферата на јавниот живот, како што се:

  • Недискриминација
  • Промовирање на ефективна еднаквост
  • Промовирање и зачувување на културата, религијата, јазикот и традициите
  • Слобода на мирно собирање
  • Слобода на здружување
  • Слобода на изразување
  • Слобода на мисла, совест и религија
  • Право на пристап и користење на медиумите,
  • Слободите што се однесуваат на јазикот и образованието
  • Прекугранични контакти и соработка
  • Учество во економскиот, културниот и општествениот живот
  • Забрана за присилна асимилација.

Механизмот за мониторинг на Конвенцијата се базира на извештаи кои државите членки се должни да ги достават. Крајната одговорност за испитувањето на извештаите ја има Комитетот на министри на Советот на Европа, но Советодавниот комитет на експерти им помага Комитетот на министри. 

Советодавниот комитет е составен од најмногу 18 членови избрани од Комитетот на министри од кандидатите што ги предлагаат државите членки . Сите земји не можат да го имаат својот кандидат на служба во Комитетот, така што оние кандидати кои не се избрани се ставени на резервна листа на дополнителни членови. Советодавниот комитет е овластен да прима информации од други извори освен државните извештаи, на пример, може да организира состаноци со претставници на власта и независни извори. Советодавниот комитетот, исто така, може да врши посети на самото место на државите при разгледување на нивните извештаи, за време на кои Комитетот се состанува со владата, невладините организации, малцинските заедници, академици и други заинтересирани страни.