ХЕЛП курсот „Вовед во Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП)“ е воспоставен за стручните судски соработници на Врховниот суд. Настанот беше организиран во соработка помеѓу проектот „ХЕЛП во Западен Балкан“ и Центарот за правни истражувања и анализи, како завршен настан во рамките на проектот „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија преку градење на капацитети за судиите и мониторирање на перформансот на судскиот систем“ поддржан од Британската Амбасада во Скопје. Почетниот состанок следуваше по обуката на истата група учесници за членовите 2, 3, 5 и 6 од ЕКЧП.
По презентацијата на ХЕЛП од страна на Ана Медарска-Лазова од Секретаријатот на ХЕЛП, курсот и неговата национална адаптација беа претставени од Велимир Деловски, сертифициран ХЕЛП тутор. На крајот, учесниците можеа да ја проследат и презентацијата која се однесуваше на аргументација и образложение на домашните судски пресуди базирано врз ЕКЧП.
ХЕЛП курсот „Вовед во ЕКЧП и ЕСЧП“ беше првиот интерактивен курс од ХЕЛП програмата. Тој ќе биде имплементиран за оваа конкретна група учесници заклучно со 15 мај 2018 година. Успешните учесници ќе се стекнат со сертификати кои ги издаваат Секретаријатот на ХЕЛП и Центарот.
Курсот за последен пат беше ажуриран во 2017 година и тој е достапен тука на речиси 20 јазици.
News - "The former Yugoslav Republic of Macedonia"
Looking for news from 2014?