усвоена во 1979 година од страна на Генералното собрание на ОН, стапи во сила на 3 септември 1981 година

(Неофицијално резиме) 

Член 1 

Дефиниција на дискриминација на жените како ...„ секоја разлика,исклучување или ограничување направено врз основа на пол која има последица или цел на нарушување или поништување на признавањето, уживањето или остварувањето на жените, без разлика на нивниот брачен статус, врз основа на еднаквост на мажите и жените, на човековите права и базични слободи во политичкото, економското, социјалното, културното, граѓанското или кое било друго поле “. 

Член 2 

Ја осудува дискриминацијата на жените во сите нејзини форми; Држави членки се согласуваат да обезбедат законска рамка која обезбедува заштита против дискриминација и отелотворување на принципот на еднаквост. 

Член 3 

Државите се согласија да преземат активности во сите области - граѓански, политички, економски,социјални и културни - за да им гарантира на жените остварување и уживање на човековите права и основни слободи врз основа на еднаквост со мажите. 

Член 4 

Дозволува државите членки да преземат “привремени специјални мерки” да ја забрзаат еднаквоста. 

Член 5 

Потребата да се преземат соодветни мерки за менување на културните модели на однесување, како и потребата за образование на семејството да ја препознават општествената функција на мајчинството и заедничка одговорност за подигање на децата од страна на мажите и жените. 

Член 6 

Ги обврзува државите членки да преземат мерки за сузбивање на трговијата со жени и искористување на проституцијата на жените 

Член 7 

Жените имаат еднакво право на глас, да бидат на јавни функции и да учествуваат во граѓанското општество. 

Член 8 

Жените ги имаат истите права како и мажите да работат и да ги претставуваат нивните влади на меѓународно ниво. 

Член 9 

Жените имаат еднакви права со мажите да стекнуваат, менуваат или да ја задржуваат нивната националност и онаа на нивните деца. 

Член 10 

Ги обврзува државите-членки да ја прекинат дискриминацијата во образованието, вклучително и во професионалната и стручната обука, пристапот до наставните програми и други средства за добивање еднакво образование, како и за елиминирање на стереотипните концепти за улогите на мажите и жените

Член 11 

Ги повикува државите членки да преземат мерки за ставање крај на дискриминацијата во вработувањето и да ги обезбедат сите права во оваа област, вклучувајќи го и правото на работа, можностите за вработување, еднакво наградување,слободен избор на професија и вработување, социјална сигурност и заштита. 

Член 12 

Бара државите членки да преземат чекори за елиминирање на дискриминацијата во здравството, вклучувајќи и пристап до услуги како планирање на семејството. 

Член 13 

Жените ги имаат истите права како и мажите во сите области на општествениот и социјалниот живот, како што се семејни бенефиции, хипотеки, банкарски заеми, и учество во рекреативни активности и спорт. 

Член 14 

Се фокусира на посебните проблеми со кои се соочуваат руралните жени, вклучувајќи ги и областите на учество на жените во планирање на развојот, пристап до соодветна здравствена заштита, кредити, образование и соодветни услови за живеење. 

Член 15 

Жените и мажите се еднакви пред законот. Жените имаат законско право да склучуваат договори, да поседуваат сопствен имот и да го изберат нивното место на живеење. 

Член 16 

Бараат чекори за да се обезбеди еднаквост во бракот и семејните односи, вклучувајќи и еднакви права со мажите за слободно да се избере бракот,еднакви права и одговорности кон децата, вклучувајќи ги и правата на слободно определување на бројот на децата и растојанието помеѓу нив како и средствата за да го направат тоа, и исти права на сопственост. 

Членови 17-30 

Постапки за известување и администрација на Конвенцијата.