Наслови
Материјали/подготовка
• Колекција од од 5 нумерирани слики
• 5 ленти од хартија и пенкало за секој учесник
• Селотејп или лепило
• 5 големи листови хартија (A3) или флипчарт хартија.
Инструкции
1. Поставете ги сликите на маса и замолете ги учесниците, или поединечно или во парови, да напишат наслов за секоја од сликите, по еден наслов на секоја лента од хартијата.
2. Кога сите ќе завршат, дигнете ги сликите една по една и прашајте ги учесниците да ги прочитаат нивните наслови.
3. Залепете ја секоја од сликите во средината на голем лист хартија и замолете ги учесниците да ги залепат нивните наслови околу сликата за да направат „постер“.
4. Залепете ги постерите на ѕид
5. Започнете кратка проверка на различните слики и нивните наслови.
• Што го прави насловот добар?
• Ако сликата може да каже илјада зборови, зошто им се потребни наслови?
Совети за обучувачите
Изберете слики кои ја одразуваат темата на која сакате да се фокусирате и, исто така, разгледајте го нивниот потенцијал за забавни и провокативни наслови. Некои илустрации на Панчо во Глава 5 даваат добар материјал за оваа активност.