Оваа активност ја поттикнува самодовербата да се изрази мислење во текот на претставувањето со разлнични прашања од човековите права.
Материјали • Простор
• Столици, по една за учесник плус една екстра
• Подготвени изјави
Инструкции
1. Замолете ги сите да седнат на стол во круг. Треба да има еден дополнителен, празен стол.
2. Прочитајте ја првата изјава и кажете им на оние кои се согласуваат со изјавата брзо да ги променат местата и да седнат на друг стол. Оние кои не се согласуваат треба да останат каде што седат. Секој кој не може да одлучи треба да стане, да се сврти еднаш и повторно да седне.
Совети за обучувачите
Овој мразокршач е забавен и добар сам по себе. Вие би можеле да ја прекинете активноста прашувајќи каква врска имаат изјавите со човековите права; сепак, ова е мразокршач,па не започнувајте некакви дискусии.
Како алтернатива, сепак, методот може да се користи за да се воведе детална дискусија. Во овој случај треба да се фокусирате на вашите цели и да се осигурате дека изјавите што ги користите ќе ги постигнат тие цели. Можете да прашате за различните реакции на учесниците на изјавите и од каде тие различни верувања доаѓаат.
Друга опција, ако работите на одредена тема, е да ги замолите учесниците да напишат свои изјави на парчиња хартија; а тие потоа можат да се стават во шапка или кутија и да се прочитаат.
Можете да изберете изјави од следната листа или листата нека ве инспирира да направите сопствени изјави:
Да се има лоша репутација е полошо за девојчињата отколку за момчињата.
Прифатливо е младите жени да не ги отстрануваат влакната од телото.
Погрешно е што продавниците продаваат гаќи „танга“ за деца.
Прифатливо е младите жени и младите мажи да бидат добри пријатели.
Жените се подобри во готвење од мажите.
Хомосексуалците и лезбејките треба да имаат право да стапат во брак.
Ако мојот пријател ми кажа дека бил/а хомосексуалец, сепак ќе бидам пријател со него/неа.
Само слаби девојки можат да бидат убави.
Убавината доаѓа однатре.
Веќе во детството, девојките се подобри при шиење, а момчињата се подобри во механика.
Понекогаш за силувањето е виновно девојчето/жената.
Мажествено е да имаш мускули.
Мажите се добри во покажување на нивните чувства.
Имигрантите секогаш работат напорно затоа што така треба да биде.
Балетот не е прифатливо занимање за мажи.
Природно е мажите да ја преземат контролата и да водат.
Машки претседател/премиер е подобар од женски.
Мажот не треба да заработува помалку пари од неговата сопруга.
Да им кажете на вашите пријатели дека се плашите од нешто, открива слабост.
Да зборувате за чувствата не е машка работа.
Љубовта избледува со текот на времето.
За секс е потребна љубов.
Ставовите на возрасните за сексот се старомодни.
Можете да најдете добар совет за сексот во порнографски списанија.
Можете да најдете добри совети за сексот во тинејџерските списанија.