Човековите права низ историјата 

Една група ученици во Плиуса, Русија, сакаше да дознае повеќе за времето на Сталин и како било да се живее под таков режим. Тие решија да ги прашаат луѓето кои всушност живееја во тие години , па се сретнале неколкупати за да одлучат како треба да одат за да им се приближат на луѓето, да спроведат интервјуа, а потоа да ги соберат, обединат и јавно да ги презентираат информациите.

Тие спроведоа над 70 интервјуа со роднини, соседи, наставници од училиштата и други кои сакаа да разменат размисли за заедничката историја. Децата потоа организираа изложба во неколку села во регионот Псков, со фотографии и фрагменти од различни интервјуа. Испитаниците беа среќни што беа предмет на ваков интерес и што можеа да зборуваат за времиња кои биле тешки, но за нив претставуваа развојни години. Понекогаш наративите биле болни и вознемирувачки и за постарата генерација и за помладите. Сепак, сите страни дојдоа со подлабоко разбирање и емпатија еден за друг, и подлабоко разбирање на настаните, мотивациите, влијанието врз личниот живот, и човечките искуства од такви тешки времиња.
Интервјуата можат да се видат на http://wiki.antarchia.org/tiki-index.php.

Ако викнете „Напред“ мора бездруго да направите план за да биде јасно во која насока се оди. Не гледате ли дека, ако не го направите тоа, го извикувате зборот на двата, калуѓер и револуционер, тие ќе одат во потполно спротивни насоки?
Антон Чехов

Во принцип, секоја акција и секако добар активизам, бара планирање. Сесијата за планирање во групата ќе ви помогне да се фокусирате токму на она што го сакате и можете да го направите дали и кој е најдобар начин за постигнување на вашите цели. За поамбициозни цели, ова е веројатно препорачлив прв потег, бидејќи акцијата која не ги постигнува посакуваните резултатите или која наидува на неочекувани проблеми може да биде обесхрабрувачка. Првото нешто што ќе го правите, треба да го направите ефективно.

Овој дел ќе ве поведе низ еден начин на структурирање на вашиот план и исто така ќе ви помогне групата да се фокусира на она што е најефективен начин за постигнување на целите кои си ги поставиле. Методите се корисни за еднократни акции, како што се оние дискутирани во претходниот дел, и тие исто така можат да се користат да се размислува за подолготрајна кампања која може да вклучи голем број различни акции насочени кон една цел.

Пред да започнете ... 

Запознајте се самите- SWOT анализа 

Прашање: Дали знаете кои вештини ги имаат учесниците во групата? Дали ги знаете нивните посебни интереси?

Способен е тој кој смета дека е способен.
Буда

Секоја група има скриени таленти и секој поединечен член на групата има работи кои му се допаѓаат и кои не му се допаѓаат, одредени вештини и/или работи што тој или таа може да ги изврши само со голем напор. Со цел да бидете сигурни дека групата ги извлекува најдобрите способности од поединечните членовите, корисно е да организирате сесија за да го разгледате ова.
СВОТ анализата е ефикасен начин за тоа. Таквата анализа, исто така, се осврнува на околности надвор од групата што би можеле да влијаат врз она што сте во можност да го направите.

Акронимот SWOT значи: 

  • Силни страни ( Strengths) : она во што групата е добра да го прави
  • Слабости (Weaknesses) : работите што групата не е толку добра да ги прави
  • Можности ( Opportunities) : можности надвор од групата што би можеле да се искористат во корист на акцијата
  • Закани (Threats) : работи надвор од групата што би можеле да и попречат во тоа што акцијата има за цел да го направи.

Да се спроведе анализата, е потребно доста време; се препорачува најмалку еден час. Поделете ја групата во четири помали работни групи и распределете ги меѓу нив задачите за цртање силни страни, слабости, можности и закани. Потоа повторно обединете ја групата, видете дали луѓето се согласуваат со анализите на своите колеги. Пречистета ја и додадете ги во соодветните различните делови.

Дијаграмот подолу е пример за завршена анализа и може да биде корисен во поттикнување на групата со идеи. Сепак, не дозволувајте стриктно да се држат до него! Имајте предвид дека секоја група е уникатна и ќе има други предности (и слабости) кои тие треба да ги идентификуваат за себе.

Пример за завршена SWOT анализа 
Кои се силните страни на нашата група? Кои се слабостите на нашата група?
  • Голема е!
  • Имаме доволно време - и сакаме
    да направиме нешто
  • Таткото на Миша е политичар
  • Имаме место за состаноци
    во центарот на градот
  • Габриела е добра за јавно говорење
  • Бојка има компјутер
  • Премногу лидери!
  • Немаме пари
  • Многу малку момчиња
  • Никогаш досега не сме направиле
    нешто вакво - и нервозни сме
  • Некои од нас живеат далеку од центарот на градот
  • Не секогаш работиме добро како група
Кои можности постојат надвор од групата? Кои надворешни закани постојат за нашите активности?
  • Доаѓаат избори
  • Постојат некои грантови за проекти со бегалци
  • Европскиот суд само што донел пресуда против земјава за третман на затворениците
  • Имаме нова градска сала која би била добра за театарски настан


     
  • Економската ситуација е несигурна
  • Некои од нас имаат испити
  • Советот се заканува да ги забрани јавнитесредби
  • Има многу лошо чувство за бегалците кои ги преземаат локалните работни места
  • Премногу е ладно да се направи нешто надвор
  • Нашите родители не сакаат да правиме нешто ризично

Правење избор 

Започнете со она што е исправно, а не со она што е прифатливо.
Франц Кафка

Како групата избира на кој проблем да работи? Во повеќето случаи, луѓето во групата ќе имаат проблеми за кои сметаат дека се важни и сакаат на нив да работат. Тие можат да бидат предизвикани од реални настани, како што се земјотресот во Хаити или глад во Судан, или фактот дека локалното семејство е исфрлено од нивниот дом. Главната тешкотија може да биде да се дојде до заеднички договор за тоа кој проблем да се избере и кој е најдобар начин да се пристапи кон тоа.

Ќе треба да ги задржите сите членови на групата зад секоја одлука, па не ja брзајте дискусија за прoблемот: дајте им доволно време за изнесување на преференциите и разговарајте за сите предности ако се избере еден, а не на друг. Потсете ги дека може да има можности за решавање на други проблеми во друго време. Потсете ги исто така и на тоа дека е најважно групата да остане да работи заедно во текот на активноста, па ако едно лице е силно против одреден избор, можеби не вреди да се продолжи. Обидете се да постигнете консензус во групата, наместо да одите со одлука од мнозинството.

Прашање: Како да бидете сигурни дека несогласувањата во групата се корисни, а не деструктивни?

Познавање на проблемот 

Дрво на проблемот

Дрвата и камењата ќе ве научат на тоа што никогаш не може да научите од учителите. Св. Бернар од Клерво (c.1100)

Корисна алатка за разбирање на проблемот на кој ќе работите е „дрвото на проблеми“. Ова е метод за расчленување на проблемот, гледајќи на причините и последиците, и ставање на истите во контекст на други проблеми во општеството. Алатката може да биде корисна како за да обезбеди подобро разбирање во групата, така и да помогне да се пристапи кон решение на повеќе стратешки начин.

Пример од „дрво на проблемот“ може да се види на следната страница, каде е земен проблемот на уличните деца како почетна точка. Ова е постапката што групата би ја користела за да се подготви за својот проблем:

  • Започнете со запишување на проблемот што сакате да го решите во средината на голем лист хартија.
  • Под него напишете ги сите фактори кои придонесуваат за проблемот и поврзете ги за да ги формираат корените на вашиот оригинален проблем.
  • Земете го секој корен посебно, и размислете за неговите причини, претставувајќи ги факторите кои придонесле за проблемот.
  • Продолжете да се занимавате со секој корен, се додека не се исцрпат потполно: дрвото може има подлабоки корени отколку што сте мислеле.
  • Исто така, можеби сакате да ги проширите „гранките“ на дрвото на ист начин: овие ќе бидат последиците од вашиот оригинален проблем. Може да сфатите дека она со што започнавте како основна грижа е всушност коренот или гранката на различно дрво.
  • Кога ќе завршите, погледнете го вашето дрво. Треба ли да се справите со задачата која првично сте ја поставиле или пак најпрвен да се справите со еден од факторите кои придонесуваат за него? Дали дрвото ви помогна да изнајдете начини како да се справите со овој проблем?

Image: A sample problem tree

Познавање на решението  

Важно е да знаете што би сакале да биде резултатот на вашата акција! Што ќе се смета за успех? Групата нека размисли за она што се обидуваат да го постигнат и како ќе мерат дали биле успешни или не. Може да сметаат дека би можело да им биде корисно да се вратат на дрвото на проблеми и да го искористат за да ги идентификуваат конкретнитерешенија. Во принцип, работејќи на корените ќе доведе до решенијата нагоре по дрвото, на пример, ако имало повеќе социјални станови, или ако изнајмувањата биле пониски, на многу повеќе млади луѓе ќе можеше да им се обезбеди покрив над главите.

Единственото нешто што ме мачеше е дека чекавме премногу долго да го направиме овај протест.
Роза Паркс

Запомнете дека за комплициран проблем, честопати е тешко да се направат промени во политиката, и ретко следи само од една акција. Групата треба да биде реална за тоа на што може да се надева: потсетете ги дека дури и „мал“ резултат може да биде непроценлив придонес во решавањето на поголем проблем. Ефективни кампањи се речиси секогаш изградени од токму такви „мали“ акции, и нешто што вашата група го постигнала може подоцна да биде надоградено или продолжено од други активисти загрижени за проблемот.

Може да биде корисно за групата да размислува за некои општи причини за преземање акција. Ова може да им помогне да ги одберат оние кои се најрелевантни за нивниот проблем, и да се идентификуваат одреден број на специфични цели за кои сметаат дека е реалистично да се постигнат.

Прашање: Помислете на акција на протест за која неодамна сте биле сведоци или сте слушнале: што мислите дека организаторите се обидуваа да постигнат? Дали беа успешни?Зошто да или зошто не?

Планирање на вашата акција 

Сега, вашата група се реши за проблемот и има идеја за тоа што би можeла да се обиде да направи. Време е да се реши за механизмот што ќе го користат за да ја постигнат својата цел.

Дијаграмот,даден подолу, може да се користи како чекор по чекор пристап кон донесување на таа одлука и кон обезбедување дека она што тие се обидуваат да го направат, навистина ќе може да го постигнат со користење на методот што решиле да го користат. Дијаграмот преку 5 чекори ќе ве донесе кон одлука за најсоодветната форма на дејствување и илустрира како процесот се применува за 5 хипотетички примери.

Секој чекор е подетално објаснет во следниот дел. 

Дијаграм за планирање на вашата акција

Image: Planning your action - diagram

На кој проблем сакате да работите ?

Симболични јавни дејствува како форми на протест
• Прикажувања на знамиња и симболични бои
• Носење симболи
• Молитва и обожување
• Испорака на симболични предмети
• Оневозможување на протест
• Уништување на сопствен имот
• Симболични светла
• Изложување на портрети
• Слики како протест
• Нови знаци и имиња
• Симболични звуци
• Симболични рекламации
• Недолични гестови Земено од 198 Методи на Ненасилна акција:
http://www.peacemagazine.org/198.htm

Овој чекор е едноставен: тоа ќе биде резултат на дрвото на проблемот кој групата го има направено. Ако не ја спроведовте активноста на дрвото на проблемот, обидете се групата да го формулира проблемот кој сакате да го решите колку што е можно попрецизно.

Која е вашата целна публика? 

Освен ако не се надевате дека веднаш ќе го решите проблемот, целната публика за вашата акција не може да биде лицето или луѓето кои можат да направат конечна промена која вие ја барате. Вашата акција веројатно дека ќе биде не повеќе од еден чекор кон правење на промената; на пример, можеби ќе се обидувате да ја известите јавноста за некое прашање со цел да извршите притисок врз владата. Или можеби ќе се обидувате да поставите локална група такашто групата да може да работи на прашањето за кое сте загрижени.

Вашата целна публика во полето Б ќе биде групата на луѓе кон која ја насочувате вашита акција. Може да се состои од повеќе од една група луѓе; на пример, во првиот случај во дијаграмот, луѓето во градот и директорите на компанијата и двете се целната публика за акцијата. Акцијата зависи од луѓето во градот кои ќе ја потпишат петицијата која потоа се доставува до директорите на компанијата, со надеж дека тоа ќе влијае на нив, и ќе бидат принудени да ја исчистат реката.

Кои промени се надевате да ги видите? 

Ова прашање повторно се однесува на вашата акција, но не мора да се однесувате на крајната промена кон која се стремите. Малку е веројатно, на пример, дека акцијата од вашата група ќе може да стави крај на експлоатацијата на детските работници од страна на мултинационалните компании! Сепак, вие можеби ќе можете да генерирате интерес за проблемот, што ќе ги охрабри другите да преземат акција на различни начини, а тоа, пак, може да биде доволно за да се промени политиката на компанијата или владините регулативи што важат за тие компании.

Во ова поле треба да размислите за тоа што треба да се постигне со акцијата, и како ќе знаете дали сте успеале или не. Обидете се да ја поттикнете групата да биде колку што е можно поконкретна, да размислите што би значело дека акцијата оди добро или лошо. Користете ги инструкциите во претходниот дел: „Знајте го решението”.

Како се очекува да се случи промената? 

Ова прашање сè уште не е за механизмот кој групата одлучува да го користи, туку за тоа како акцијата би требало да функционира и честопати се однесува на психологијата на менување на мислењето на луѓето или со неа луѓето да сфатат дека треба да направат нешто поинаку. Тоа е многу важно прашање кое често се заборава, а игнорирајќи го може да влијае на вашата акција.

Да претпоставиме, на пример, дека една група е загрижена поради зголемувањето на популарноста на националистичките или про-фашистичките организации и сака да го реши тоа прашање. Тие можеби рамислуваат да стават информативни летоци под вратите на луѓето кои живеат во област каде што поддршката за овие организации е голема. Меѓутоа, ако не препознаат зошто луѓето се свртуваат кон националистички организации, летоците може да имаат и спротивен ефект од тоа за што биле наменети. Групата ќе треба да размислува за тоа како може леток да промени нечие мислење како и кои пораки можат да делуваат моќно врз групата на која се наменети. Тие ќе треба да бидат свесни за некои од причините и загриженоста што лежат зад растечката поддршка за националистичките организации.

Ова поле е навистина „поле за проверка“, за да се размислува за тоа што треба да се случи за да се направи „резултатот“ неизбежно да следи од сегашната ситуација.

Учениците против расизмот: помош на училишната администрација 

Во рурално училиште во Португалија, нови ученици од Романија и Украина почнаа да бидат предмет на расистички коментари и дејства од другите во училиштето. Наставниците и училишниот одбор не знаеја како да реагираат, бидејќи ова беше сосема нов проблем во регионот.

Голем број ученици, загрижени од она што се случува, се обратија до младинскиот работник во локалниот центар за помош и совети. Заедно креираа кампања во училиштето, која траеше една недела, наречена „Различен од надвор, ист однатре“ (Diff erente por fora, Igual por dentro). Беше користен секој момент од детските ден –во тек на оброци, часови, слободно време - и беа организирани различни активности за решавање на проблемот. Театарскиот клуб користеше форум театар, рачно изаботени плакати и беа дадени беџови, во центарот за одмор беа организирани уметнички активности, беа прикажани филмови и во кафетеријата беа сервирани колачи од различни земји. Неделата имаше таков успех што училиштето реши да организира сличен настан секоја година.

Кои средства ќе ги користите за да влијаете на вашата публика?

Ова е тоа кон што води дијаграмот! Изборите за тоа што точно треба да се направи од страна на групата, ќе бидат ограничени движејќи се низ претходни чекори. Групата сега треба да биде во можност да изготви листа на можни дејства што ќе помогнат да се дојде до транзицијата идентификувана во претходното поле. Поттикнете ги да размислуваат креативно, погледнете ги некои од предлозите во Делот 2 од ова поглавје - и во студиите на случај - и потсетете ги на специфичните карактеристики на нивната група. Обидете се повторно да постигнете консензус околу конечниот избор.

Нови тактики во човековите права

Нови тактики е разновидна група на меѓународни организации, советници и практичари кои постојат за промовирање на тактички иновации и стратешко размислување во рамките на меѓународната заедница за човекови права. Од 1999 година, проектот „Нови тактики во човековите права“ создаде уникатни ресурси, организирани околу потенцијалните решенија, наместо околу специфични проблеми, географски региони или целни групи. Ресурсите им овозможуваат на активистите да ги идентификуваат уникатните елементи на нивната ситуација и да бараат пристапи кои успеале на друго место, што може да биде применливо. Ресурсот им помага на активистите да комбинираат различните тактики во комплексни стратегии.

Многу од ресурсите може да се најдат, на различни јазици, на нивната веб-страна www.newtactics.org.

Организирање

Постои една завршна фаза пред да ги однесете идеите на групата на улица. Пред практичната работа да може да започне, многу е препорачливо групата да подготви акционен план и да реши за организациските прашања. Иако ова можеби не е од суштинско значење за едноставна акција, тоа е корисна навика за групата, со што ќе се осигура дека задачите се поделени подеднакво, согласно вештините и преференциите. Исто така ќе осигура дека ништо не е заборавено!

Тие ќе треба да решат: 

  • Кои задачи треба да се извршат?
  • Кој ќе преземе различни задачи?
  • Кога тие ќе се извршат?

Креирање табела на задачи 

Табелата подолу илустрира замислена акција каде задачите се поставени според три прашања. Направете го тоа со групата, користејќи ги следните точки како водич:

  1. Осигурајте се дека сè е напишано за да може да се провери како се одвива планираното. Ќе ви требаат два големи листови хартија и фломастер.
  2. Осигурајте се дека на секој му е јасно за прашањето што се дискутира. Изберете една личност за да запишува и напишете наслов на врвот на хартијата. Со бура на идеи направете листа на сите работи што треба да се прават и да напишете ги на една од хартиите, така што секој може да види.
  3. Размислете во текот на денот со групата, замислете што ќе се случи, и повторно проверете дали сте размислиле добро за сите потребни работи.
  4. Сега разгледајте ја листата и решете дали работите треба да се направат Сега, Наскоро или Подоцна: ставете ги ознаките - С, Н или П за секоја работа.
  5. Искористете го вториот лист хартија како „лист за одлуки“. На левата страна наведете ги сите задачи што треба да се извршат; потоа во следнава колона запишете кој ќе ја направи секоја од нив. Конечно, во третата колона забележете ги роковите за кои работата треба да биде завршена.
  6. Распоредете ги задачите меѓу вас: не оставајте сè на еден или двајца луѓе. Размислете што ќе се случи ако тие се болни или преоптоварени со друга работа!

 

Пример за табела на задачи 
Настан: Улична акција за малцински права 
Задача Кој го прави Кога
Дизајнирање на летоци за делење Сали и Џон Состанок на 19 и 17
Организирање на издавањето Румен и Бен После 20 септ
Правење банери / плакати Сите Неделата од 24 септ.
Купување на материјали за банери и др. Шила, Карен, Иван Неделата од 17
Да се заинтересираат други луѓе Шила, Карен, Иван Неделата од 17
Контактирање на локалниот совет Дамиан, Су Кога датумот е потврден
Известување на полицијата Дамиан, Су  
Обидете се да присуствува локална влијателна фигура Тим, Хана  
Информирање на малцинските групи Луси, Санчита  
Нацрт на говорите Натали, Бен, Сели  
Организирање на освежување Петра, Пол  
Расчистување потоа

Натали, Бен, Румен, Санчита

 

 

Резимирање и евалуација 

Како и со секоја активност на ОЧП – а всушност и секоја акција, - од витално значење е да помине извесно време откако акцијата е завршена со цел во групата да се резимира и да се процени што било добро, и што можеше да биде подобро. Групата веројатно ја завршила акцијата со многу емоции, или негативни или позитивни. Важно е да им се даде шанса да разговараат за нив и да ги споделат со групата. Исто така, тоа ќе помогне во планирањето на понатамошни активности.

Следните прашања може да бидат корисни како рамка за спроведување на резимирањето.

  • Кои се вашите чувства ден по акцијата? (Ова може да се направи за кратко како една тура со сите во групата)
  • Што чувствувавте дека помина добро?
  • Дали нешто беше потешко отколку што си мислевте дека ќе биде?
  • Дали имало нешто неочекувано?
  • Дали мислите дека има некои лекции што би можеле да ги научиме за следниот пат?
  • Дали го постигнавме она што го направивме?
  • Дали постигнавме нешто друго што можеби не беше предвидено?
  • Дали се чувствувате задоволни со себе, и дали би сакале повторно да пробате нешто слично на ова?
  • Што ќе правиме сега?!

Фудбалски чизми во Африка 

Емил беше ученик од 7-мо одделение во училиштето во Фредериксберг во Соро, Данска, а Анаклаито беше гостин учител во училиштето од Јужна Африка. За време на дискусијата со класот за домот и училишниот живот, Анаклаито коментирал колку можности и сопственост иимаат децата и младите луѓето во Данска. Тој рече дека дома, во Јужна Африка, неговите ученици немале соодветно фудбалско игралиште, а камоли фудбалски патики. Ова им даде на учениците идеја да направат колекција од користени фудбалски патики и да ги испратат во училиштето на Анаклаито. Го прашаа што мисли за идејата; одговорот беше позитивен, па учениците поставија постери во своето и во соседните училишта, барајќи донации. Локалниот фудбалски клуб слушнал затоа и донирал неколку пара од нивното шкафче со изгубени работи.

Одеднаш, Емил и неговите пријатели имале голем куп од 100 пара патики, кои на нивно разочарување, да се испратат до Јоханесбург ќе чиниело 500 дански пари (67 евра)! Затоа мораа да почнат да размислуваат што да прават понатаму. Најпрвин тие ги разгледаа патиките за да видат дали сите тие навистина вредат да се испратат.Останале 75 пара. Потоа, морале да ги најдат парите за поштарина, па класот напишал писма до неколку хуманитарни агенции и локалниот совет, добиле публицитет во локалниот весник и на радио за да побараат спонзорство. По неколку разочарувања претседателот на локалната туристичка асоцијација,кој организирал патување во Јужна Африка, контактирал со весникот и се понудил да помогне. Така, конечно, по шестмесечни напори, Емил успеал да го однесе пакетотдо пошта и да ги испрати патиките до Јоханесбург.

Извор:The Global Guest Teachet , AFS Interkultur, Denmark