Европска конвенција за човекови права (поедноставена верзија)
Поедноставена верзија на избрани статии1
Резиме на преамбулата
Владите на земјите-членки на Советот на Европа работат кон мир и поголемо единство врз основа на човековите права и фундаментални слободи. Со оваа конвенција тие одлучуваат да ги преземат првите чекори за спроведување на многу од правата содржани во Универзалната декларација за човекови права.
Член 1 –Обврска за почитување на човековите права
Државите мора да гарантираат дека секој има права наведени во ова конвенција.
Член 2 – Право на живот
Имате право на живот.
Член 3 - Забрана од измачување (тортура)
Никој никогаш нема право да ве повреди или да ве измачува. Дури и во притвор треба да се почитува човековото достоинство.
Член 4-Забрана на ропство и принудна работа
Забрането е да се однесуваат со вас како роб или да ви наметнат принудна работа
Член 5 – Право на слобода и безбедност
Имате право на слобода. Ако сте уапсени, имате право да знаете зошто. Ако сте уапсени имате право на скоро судење или да бидете пуштени до започнување на судењето.
Член 6 - Право на правично судење
Имате право на фер судење пред непристрасен и независен судија. Ако сте обвинети за сторено кривично дело, вие сте невини додека не се докаже вината. Имате право да добиете асистенција на адвокат кој треба да биде платен од државата доколку сте сиромашни.
Член 7 - Нема казна без закон
Вие не може да бидете виновни за кривично дело ако немало закон против тоа кога сте го сториле делото.
Член 8 - Почитување на приватниот и семејниот живот
Имате право да го почитуваат вашиот приватен и семеен живот,вашиот дом и преписка.
Член 9 - Слобода на мислата, совеста и религијата
Имате право на слобода на мисла, совест и религија. Имате право да ја практивувате вашата религија дома и во јавност и ако сакате да ја смените својата религија.
Член 10 – Слобода на изразување
Имате право одговорно да кажете и напишете што мислите и да дадете и примите информации од други. Ова ја вклучува слободата на печатот.
Член 11 - Слобода на собирање и здружување
Имате право да учествувате на мирни собири и да воспоставите или да се приклучите во здруженија, вклучувајќи синдикати.
Член 12 -Претходно да стапите во брак
Имате право да стапите во брак и да имате семејство.
Член 13 –Право на ефективен правен лек
Ако вашите права се прекршени, можете да се жалите за ова официјално до судовите или други јавни тела.
Член 14 - Забрана на дискриминација
Ги имате овие права, без разлика на вашата боја на кожа, пол, јазик, политички или религиозни верувања, или потекло.
Член 15 – Дерогација за време на вонредна состојба
Во време на војна или друга вонредна состојба, владата може да направи работи кои одат против вашите права, но само кога е строго потребно. Дури и тогаш, на владите не им е дозволено, на пример, да ве измачуваат или да ве убијат произволно.
Член 16 -Рестрикции за политичка активност на странци
Владите можат да ја ограничат политичката активност на странци,дури и ако тоа би било во спротивност со членовите 10, 11 или 14.
Член 17 - Забрана за злоупотреба на права
Ништо во оваа конвенција не може да се искористи за да ги оштети правата и слободите во Конвенцијата.
Член 18 - Лимитирање за користење на ограничувањето на правата
Повеќето права во оваа конвенција можат да бидат ограничени од општиот закон кој се применува на сите. Таквите ограничувања се дозволени само ако се строго неопходни.
Членови од 19 до 51
Овие членови објаснуваат како работи Европскиот суд за човекови права
Член 34 - Индивидуални примени
Ако вашите права содржани во Конвенцијата се повредени во една од земјите-членки прво треба да поднесете жалба до сите надлежни државни органи. Ако тоа не функционира за вас, тогаш може да ја поднесете жалбата директно до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Член 52 -Прашања од Генералниот секретар
Ако Генералниот секретар на Советот на Европа тоа го побара, владата мора да објасни како нејзиниот национален закон ги штити правата на оваа конвенција.
ПРОТОКОЛИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
Член 1 од Протоколот бр. 1 - Заштита на имот
Имате право да поседувате имот и да го користите вашиот имот.
Член 2 од Протокол бр. 1 – Право на образование
Имате право да одите на училиште.
Член 3 од Протоколот бр. 1 - Право на слободни избори
Имате право да ја избирате владата на вашата земја преку тајно гласање.
Член 2 од Протоколот бр. 4 – Слобода на движење
Ако законски сте во земјата, имате право да одите каде што сакате и да живеете таму каде што сакате во неа.
Член 1 од Протоколот бр. 6 –Аболиција на смртната казна
Вие не може да бидете осудени на смрт или погубени од државата.
Член 2 од Протоколот бр. 7 –Право на жалба во кривични предмети
Можете да поднесете жалба до повисокиот суд, ако сте осудени за извршено кривично дело.
Членот 3 од Протоколот бр. 7 - Компензација за грешна осуда
Имате право на надомест ако сте осудени за извршување на кривично дело, а се докаже дека сте биле невини.
Член 1 од Протоколот бр. 12 - Генерална забрана за дискриминација Вие не може да бидат дискриминирани од страна на јавните власти поради, на пример, бојата на кожата, полот, јазикот, политичкиот или религиозни верувања, или потекло.
1 Оваа поедноставена верзија беше подготвена од Дирекцијата за комуникации на Советот на Европа само за образовни цели. Единствени текстови кои имаат правна основа треба да се најдат во официјалните објавени верзии на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и нејзините протоколи.
- Поглавје 1 -Образование за човекови права и Компас: вовед
- Поглавје 2 - Практични активности и методи во образованието за човекови права
- Поглавје 3 - Преземање акција за човекови права
- Поглавје 4 - Разбирање на човековите права
- Поглавје 5 - Информации во контекст на глобалните теми за човековите права
- Додатоци
- Речник