Европска социјална повелба
(резиме)
Европската социјална повелба (ревидирана) од 1996 година, која стапи на сила на 1 јули 1999 година, во еден инструмент ги отелотворува сите права гарантирани со Европската социјална повелба од 1961 година, нејзиниот дополнителен Протокол од 1988 година и додава нови права и амандмани усвоени од страните. Постепено го заменува првичниот договор од 1961 година. Повелбата ги гарантира правата и слободите кои се однесуваат на сите поединци во нивното секојдневно постоење.
Основните права утврдени во Повелбата се како што следува:
Домување:
- пристап до соодветно и достапно домување;
- намалување на бездомништвото; политика за домување насочена кон сите обесправени категории;
- процедури за ограничување на присилно иселување;
- еднаков пристап за лицата кои не се државјани на социјално домување и бенефиции за домување;
- домување и бенефиции за домување поврзани со потребите на семејството.
Здравје
- достапни, ефективни здравствени установи за целото население;
- политика за спречување на болести, вклучувајќи гаранција за здрава животна средина;
- отстранување на професионални опасности за да се обезбеди здравјето и безбедноста при работа се предвидени со закон и гарантирани во пракса;
- заштита на мајчинството.
Образование
- бесплатно основно и средно образование;
- бесплатни и ефективни услуги за професионална ориентација (насочување);
- пристап до почетна обука (општо и стручно средно oбразование), универзитетско и не-универзитетско повисоко образование,стручна обука, вклучувајќи континуирана обука;
- посебни мерки за странски државјани;
- школска интеграција на децата со попреченост;
- пристап до образование и стручна обука за лица со попреченост.
Вработување
Слобода да се работи
- забрана за принудна работа;
- забрана за вработување на деца под 15 години;
- посебни работни услови за возраст помеѓу 15 и 18 години;
- правото на заработка за живот во слободно избрана професија;
Фер услови за работа
- економска и социјална политика со цел да се обезбеди целосна вработеност;
- пристап до работа за лицата со посебни потреби;
- фер работни услови во однос на платите и работното време;
- заштита во случај на отшуштање; • заштита од сексуално и психичко вознемирување.
Колективни права
- слобода на формирање на синдикати и организации на работодавачи за одбрана на економските и социјалните интереси; индивидуална слобода да се одлучи дали да се приклучат или не;
- промоција на заеднички консултации, колективно договарање, помирување и доброволна арбитража;
- право на штрајк.
Правна и социјална заштита
- правен статус на детето;
- третман на млади престапници;
- заштита од малтретирање и злоупотреба;
- забрана на било каква форма на експлоатација (сексуална или друга);
- правна заштита на семејството (еднаквост на брачните другари во рамките на парот и кон децата, заштита на деца во случај на распаѓање на семејството );
- право на социјално осигурување, социјална помош и социјални услуги;
- право да се биде заштитен од сиромаштија и социјална исклученост;
- згрижување на деца;
- специјални мерки кои ги задоволуваат постарите лица.
Движење на лица
- право на повторно обединување на семејството;
- право на државјаните да ја напуштат земјата;
- процедурални заштитни мерки во случај на протерување;
- поедноставување на емиграциските формалности.
Недискриминација
- правото на жените и мажите на еднаков третман и еднакви можности за вработување;
- гаранција за сите државјани и странци кои законски престојуваат и /или работат, дека сите права утврдени во Повелбата се применуваат без оглед на расата, полот, возраста, бојата, јазикот, религијата, мислењата,национално потекло, социјално потекло, здравствена состојба или здружување со национално малцинство;
- забрана за дискриминација врз основа на семејни обврски;
- Право на лицата со посебни потреби на социјална интеграција и учество во животот на заедницата.
Повелбата има механизам за контрола базиран на презентација на националните извештаи од страна на државите членки (Протокол од 1991 година) како и систем на колективна жалба (Протокол од 1995 година), што дозволува, „меѓу другото“, синдикатите и невладините организации да презентираат колективни барања.
Европскиот комитет за социјални права (ЕКСП) е тело одговорно за следење на усогласеноста во државите членки со Повелбата.
Комитетот е составен од 15 независни, непристрасни членови кои ги избира Комитетот на Советот на министрите на Европа за период од шест години, обновлив еднаш.
- Поглавје 1 -Образование за човекови права и Компас: вовед
- Поглавје 2 - Практични активности и методи во образованието за човекови права
- Поглавје 3 - Преземање акција за човекови права
- Поглавје 4 - Разбирање на човековите права
- Поглавје 5 - Информации во контекст на глобалните теми за човековите права
- Додатоци
- Речник