Добредојде во Компас и во ова препечатено и ревидирано издание!

Компас, за прв пат, беше издаден во 2002 во рамките на Младинската програма за образование за човекови права на Директоратот за млади и спорт при Советот на Европа. 

Програмата беше креирана бидејќи образованието за човекови права – кое значи образовни програми и активности кои се фокусираат на промовирањето рамноправност во човековото достоинство – беше и остана непроценлива вредност при формирањето димензија на демократско граѓанство за сите млади луѓе и во промовирањето култура на универзални човекови права. (Повеќе)

Image: Secretary General of the Council of Europe

Не е доволно децата и младите само да ги почитуваат човековите права. Со цел да се вгради култура за човековите права и да се осигура дека нашите млади луѓе разбираат како да пристапат до тие права - и да ги поддржат, бранат и промовираат – ним им треба образование соодветно за таа цел. 

„Компас“ прв пат беше објавен во 2002 година. Оттогаш тој поддржува голем број професионалци и актери на граѓанското општество во воведувањето на образованието за човекови права во животот на безброј млади луѓе во Европа и низ целиот свет. Преведен е на 31 јазик, има одиграно суштинска улога во обликувањето на пристапите базирани на права кон младинската политика и младинската работа. Ова создава свест за човековите права што ги зајакнува оние кои ги учат, останува со нив во текот на животот и може да им се пренесе на идните генерации. Не станува збор само за учење, туку и за зајакнување на демократското граѓанство на подолг рок. 

Од витално значење е младите да добијат можност да го видат животот преку оваа леќа. Во светот што брзо се менува, постои огромна загриженост и страв, предизвикани од долгорочните трендови и од тековните настани. Овие предизвици може да изгледаат огромни. Гледајќи на нив од перспектива на човековите права може да се обезбеди уверување и доверба дека нашите општества можат да применуваат етички принципи на многу комплексните проблеми: дека луѓето може и треба да бидат поддржани и заштитени дури и во време кога се ставени пред најголеми предизвици. 

Да се знае – тоа е важен подарок.

Верувам дека „Компас“ ќе продолжи да ги води практичарите за образование за човекови права во нивната важна работа.

 

Марија Пејчиновиќ - Буриќ