Ние веќе знаеме дека човековите права се неотуѓиви права што ги поседува секое човеково суштетсво, но како можеме да пристапиме до овие права? Каде може да најдеме докази дека овие права официјално се признати од државите? И како се спроведуваат овие права?

Домашни човекови права

Заштитата на човековите права најмногу се потпира на механизми на национално ниво

Очигледно е дека заштитата и разбирањето на човековите права во најголем дел се потпираат на развојот и механизмите на национално ниво. Законите, политиките, процедурите и механизмите што се воспоставени на национално ниво се клучни за уживање на човековите права во секоја земја. Затоа од клучно значење е човековите права да се дел од националните уставни и правни системи, правните професионалци да се обучени за примена на стандардите за човекови права и кршењето на човековите права да се осудува и санкционира. Националните стандарди имаат повеќе директно влијание и националните процедури се попристапни од оние на регионално и меѓународно ниво. Како што забележа Елинор Рузвелт:

Каде, на крајот на краиштата, започнуваат универзалните човекови права? На мали места, близу до домот -толку блиску и толку мали што не можат да се видат на која било карта на светот. Сепак тие се светот на индивидуата: соседството во кое живее; училиштето или колеџот што го посетува; фабриката, фармата или канцеларијата каде што работи. Тоа се местата каде што секој маж, жена и дете бара еднаква правда, еднакви можности, еднакви достоинство без дискриминација. Доколку овие права немаат значење таму, тие имаат малечко значење било каде на друго место.2

Затоа, должноста на државата да ги почитува, промовира, заштитува и исполнува правата e основно, а подружницата на регионалните или меѓународните трибунали, стапуваат во игра главно, каде што државата намерно или постојано ги крши правата. Сите знаеме примери за тоа како прибегнувањето кон регионални и меѓународни механизми стана неопходно како потврда дека повредите се случуваат на национално ниво. Регионалната и меѓународната грижа или помош можат да бидат поттикнувачи за обезбедување на правата внатре во земјата, но тоа е направено само кога сите домашни начини се искористени и исцрпени. Поради оваа причина, остатокот од овој дел го посветуваме токму на ова сценарио. Кон што се прибегнува кога домашниот систем не успал да обезбеди соодветна заштита за уживањето на човековите права?

Прашање: Зошто мислите дека дури и држави со многу лош извештај за човековите права се подготвени да потпишат меѓународни договори за човекови права?

Човековите права се признаваат со договори

Секоја душа е заложник на своите сопствени акции.
Коран

На меѓународно ниво, државите се здружија за да изготват одредени договори на темата на човековите права. Овие договори воспоставуваат објективни стандарди на однесување за државите, наметнувајќи им одредени должности кон поединците. Тие можат да биде од два вида: правно обврзувачки или необврзувачки.
Обврзувачкиот документ, честопати наречен Договор, Конвенција или Пакт преставува доброволна обврска на државите да ги спроведуваат човековите права на национално ниво. Државите индивидуално прифаќаат да бидат обврзани со овие стандарди преку ратификација или пристапување (едноставното потпишување на документот не го прави обврзувачки, иако тоа претставува подготвеност да го олесни тоа). Државите можат да направат резервации или декларации во согласност со Виенската конвенција за правото од 1969 година, која ги ослободува од одредени одредби во документот, со цел провлекување осигурување што е можно од повеќе потписници. На крајот на краиштата, подобро е да се има држава која ветува дека ќе се придржува кон некои одредби за човековите права отколку на никои! Меѓутоа, овој механизам понекогаш може да биде злоупотребен и да се користи како изговор за негирање на основните човекови права, дозволувајќи им на државата да „избега“ од меѓународната контрола во одредени области.
Меѓутоа, човековите права, исто така, преминале врз обврзувачкиот закон на национално ниво.Меѓународните норми за човекови права ги инспирираа државите да ги вклучат таквите стандарди во националните устави и други закони. Тие исто така можат да обезбедат можности за надомест на штета за кршењето на човековите права на национално ниво.

Спротивно на тоа, необврзувачкиот инструмент во основа е само декларација или политички договор од страна на државите за тоа дека сите обиди ќе бидат направени за да се исполнат пропишани права но, без законска обврска да го сторат тоа. Ова вообичаено во пракса значи, дека нема официјални (или правни) механизми за имплементација, иако може да постојат силни политички заложби да ги имаат.

Прашање: Која е вредноста во тоа да се има само „ветување“ дека ќе се придржуваат кон стандардите за човековите права,кога ова не е поткрепено со законски механизми? Дали е подобро од ништо?

Законот не го менува срцето, но ги ограничува бездушните.
Мартин Лутер Кинг              

Одржани се состаноци на Генералното собрание на Обединетите нации или конференции на ООН за конкретни прашања честопати резултираат со декларација на Обединетите нации или необврзувачки документ често наречен како „мек закон“. Сите држави, едноставно со тоа што се членки на Обединетите нации или учествувајќи на конференцијата, се смета дека се согласуваат со дадената изјава. Признавањето на човековите права исто така треба, на национално ниво, да биде резултат на договор меѓу државата и нејзиниот народ. Кога човековите права се признати на национално ниво, тие првенствено стануваат политичка обврска на државата кон своите луѓе.

Клучни меѓународни документи

Важноста на човековите права сè повеќе се признава преку поголем број на инструменти кои нудат таква заштита. Ова треба да се гледа како победа не само на активистите за човекови права, туку на луѓето воопшто. Последица на таквиот успех е развојот на големо и сложено тело на текстови за човекови права (инструменти) и процедури за спроведување.
Инструментите за човекови права се класифицирани во три главни категории: географскиот опсег (регионален или универзален), категоријата права што се предвидени и каде што се релевантни, специфичната категорија на лица или групи на кои им е дадена заштита.Само на ниво на ООН, постојат повеќе од сто документи поврзани со човековите права, и ако ги додадеме и оние на различните регионални нивоа, бројот уште повеќе се зголемува. Ние тука, не можеме да ги разгледаме сите овие инструменти, па овој дел ќе се занимава само со оние кои се најрелевантни за целите на образованието за човекови права во Компас:

  • документи кои се широко прифатени и ја поставиле основата на развојот на други инструменти за човекови права, особено Меѓународниот закон за права. (За поспецифични инструменти, како што е Конвенцијата за бегалци, Конвенцијата за геноцид и инструментите кои се однесуваат на меѓународното хуманитарно право, ве молиме да ги погледнете тематските делови од Поглавје 5.)
  • документи поврзани со специфични прашања или корисници, кои се истражени во овој прирачник
  • главните европски документи.

Инструменти на Обединетите нации

Универзалната декларација на човековите права е најважна од сите инструменти за човекови права.

Најважниот глобален инструмент за човекови права е Универзалната декларација на човековите права, усвоена во 1948 година од страна на Генералното собрание на ООН. Таа е толку широко прифатена што нејзиниот почетен необврзувачки карактер е сменет, а голем дел од неа сега често се наведува како правно обврзувачка врз основа на обичајното меѓународно право. Таа е инструментот за човековите права кој е камен-темелник, од кој десетици други меѓународни и регионални инструменти и стотици домашни устави и други закони, имаат црпено инспирација.
УДЧП се состои од предговор и 30 членови кои ги уредуваат човековите права и основните слободи на кои имаат право сите мажи и жени насекаде во светот, без никаква разлика (без дискриминација). Таа ги опфаќа двете - и граѓанските и политичките права како и социјалните, економските и културните права:

  • Право на еднаквост
  • Слобода од дискриминација
  • Право на живот, слобода, лична безбедност
  • Слобода од ропство
  • Слобода од тортура и деградирачки третман
  • Право на признавање како лице пред законот
  • Правото на еднаквост пред законот
  • Право на правен лек од страна на надлежен трибунал
  • Слобода од произволно апсење и егзил
  • Право на фер јавен распит
  • Право да се сметате за невин додека не се докаже вина
  • Слобода од мешање во приватноста, семејството, домот и кореспонденцијата
  • Право на слободно движење во и надвор од земјата
  • Право на азил во други земји поради прогон
  • Право на државјанство и слобода на менување
  • Право на брак и семејство
  • Право на сопственост
  • Слобода на верување и религија
  • Слобода на мислење и информации
  • Право на мирно собирање и здружување
  • Право на учество во владата и на слободни избори
  • Право на социјално осигурување
  • Право на пожелна работа и придружување кон синдикатите
  • Право на одмор и слободно време
  • Право на соодветен стандард за живот
  • Право на образование
  • Право на учество во културниот живот на заедницата
  • Право на социјален поредок што го артикулира УДЧП

Декларацијата, исто така, содржи силна препорака за должностите на заедницата и граѓанството како суштинско значење за слободен и целосен развој и за почитување на правата и слободите на другите. Слично на тоа, правата во декларацијата не можат да бидат повикани од луѓе или од држави поради кршење на човековите права.

Меѓународен закон за права

Меѓународниот пакт за граѓански и политички права(МПГПП)(ICCPR) и Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права (МПЕСКП) (ICESCR), двата стапија на сила во 1976 година и се главните законски обврзувачки инструменти за примена насекаде во светот. Двата Пакта беа изготвени со цел да се прошират правата наведени во УДЧП, и да им дадат правна сила (во рамките на договорот). Заедно со УДЧП и неговите факултативни протоколи, тие го формираат Меѓународниот пакт на правата. Секој од нив, како што кажуваат нивните имиња, обезбедува поинаква категорија на права, иако тие исто така, ја делат загриженоста на пример, во однос на недискриминацијата. Двата инструменти се широко ратификувани, МПГПП има 166 ратификации, а МПЕСКП има 160 ратификации, до ноември 2010 година.

Покрај Меѓународниот закон за правата, ООН усвои уште седумдоговори кои се однесуваат на одредени права или корисници. Постои мобилизација за идејата за одредени права или корисници - на пр. детски права - и покрај примената на сите човекови права за децата и младите, се гледа дека децата не уживаат еднаков пристап до овие општи права и им се потребни конкретни дополнителни заштити.

Конвенцијата за правата на детето (1989) признава дека децата имаат човекови права и дека на луѓето на возраст под 18 години им е потребна посебна заштита со цел да се осигура дека нивниот целосен развој, нивниот опстанок и нивниот најдобар интерес се почитувани.

Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расната дискриминација (1965) ја забранува и осудува расната дискриминација и бара од државите-членки да преземат чекори истата да заврши со сите соодветни средства, без разлика дали тие се спроведуваат од јавните власти или други.

Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација против Жените (КЕДПЖ) (CEDAW, 1979) се фокусира на дискриминација која е често системски и рутински при што страдаат жените преку „дистинкција, исклучување или ограничување направено врз основа на полот која има ефект или цел да го наруши или поништи признавањето, уживањето или остварувањето од страна на жените [...] за човекови права и основни слободи во политичка, економска, социјална, културна, граѓанска или било кој друга област“. (Член 1) Државите се обврзуваат да ја осудат таквата дискриминација и да преземат итни чекори да се обезбеди еднаквост.

Конвенцијата против тортура и други форми на суров, нечовечки или деградирачки третман (1984) ја дефинира тортурата како „силна болка или страдање, без разлика дали физичко или ментално“ (член 1.1), што намерно е нанесено за да се добијат информации, како казна или принуда или врз основа на дискриминација. Овој договор бара од страна на државите да преземат ефикасни мерки за спречување тортура во рамките на нивната јурисдикција и забрана за враќање на луѓето во нивната матична земја, ако има причина да се верува дека таму ќе бидат мачени.

Конвенција за заштита на правата на работниците мигранти и членови на нивните семејства (1990) се однесува на лице кое „треба да биде ангажирано, е ангажирано или било ангажирано во платена активност во држава во која тој или таа не е државјанин“ (член 2.1), и на членовите на неговото/нејзиното семејство. Исто така, покрај опишувањето на општите човекови права од кои овие луѓе треба да имаат корист, договорот појаснува дека без разлика дали е документиран и во редовна и правна позиција или не, овие лица не треба да претрпуваат дискриминација во однос на уживањето на правата како што се слободата и безбедноста, заштитата од насилство или лишувањето од слобода.

Конвенцијата за правата на лицата со попреченост означува револуционерна промена не само во дефинирање на лицата со посебни потреби, туку и во нивното признавање како еднакви субјекти со целосни и еднакви човекови права и фундаментални слободи. Договорот ја појаснува примената на правата на таквите луѓе и ги обврзува државите како страни да прават разумни приспособувања за лицата со попреченост со цел да им дозволат ефикасно да ги остваруваат своите права, на пример, со цел да се обезбеди нивен пристап до услугите и културениот живот.

Конвенцијата за принудени исчезнувања се осврнува на феноменот што е глобален проблем. Договорот го забранува „апсењето, притворот, киднапирањето или која било друга форма на лишување од слобода“ (член 2), без разлика дали од државни агенти или други кои дејствуваат со согласност на државата, по кое следи одбивање на признавањето за лишување од слобода или прикривање на судбината или престојот на исчезнатото лице. Нејзината цел е да се стави крај на овој циничен чекор и обид да се нанесат сериозни повреди на човековите права, а да се извлечат од тоа.

 

Важни договори за човековите права на Обединетите нации

Договор Надгледуван од Факултативни протоколи
Меѓународна конвенција за елиминација на расна дискриминација (1965) Комитет за елиминација на расната дискриминација  
Меѓународен пакт за граѓански и политички права (1966)  Комитет за човекови права Прв факултативен протокол за основање на механизам за индивидуални жалби Втор факултативен протокол со цел за укинување на смртната казна.
Меѓународен пакт за економски, социјални и културни права (1966) Комитет за економски, социјални и културни права Факултативен протокол за признавање на надлежност на Комитетот за комуникација од поединци или групи (2008)
Конвенција за правата на детето (1989) Комисија за правата на детето Факултативен протокол за вклучување на деца во вооружени конфликти (2000). Факултативен протокол за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија (2000). Факултативниот протокол кој им дозволува на децата директно да поднесуваат жалби до Комитетот (2011)
Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација против жените (1979) Комитет за елиминација на дискриминацијата против жените Факултативен протокол за правото на поединечни жалби
Конвенција против тортура и други форми на суров, нечовечки или деградирачки третман (1984) Комитет против тортура Факултативен протокол за воспоставување систем на редовни посети од независни меѓународни и национални тела - под надзор на Поткомитетот за превенција (2002)
Конвенција за заштита на правата на работниците-мигранти и на членовите на нивните семејства (1990) Комитет за заштита на правата на работници-мигранти и членови на нивните семејства  
Конвенција за правата на лицата со попреченост (2006) Комитет за правата на лицата со попреченост Факултативен протокол за овозможување на комуникации на поединци и групи да поднесат петиција до Комитетот.
Конвенција за принудени исчезнувања (2006) Комитет за принудени исчезнувања  
     

 

Заштита на специфични групи на ниво на ООН и на европско ниво

Како и признавањето на основните права на поединците, некои инструменти за човекови права ги признаваат правата на одредени групи. Овие специјални заштити постојат поради претходни случаи на дискриминација против групите и поради нерамноправната и ранлива позиција која некои групи ја заземаат во општеството. Посебната заштита не обезбедува нови човекови права како такви, туку се обидува да осигура дека човековите права на УДЧП се ефективно достапни за секого. Затоа е грешно да се преправаме дека луѓето од малцинствата имаат повеќе права отколку луѓето од мнозинството; ако постојат посебни права за малцинствата, тоа е едноставно да им се гарантираат еднакви можности во пристапот до граѓански, политички, социјални, економски или културни права. Примери за групи кои добиле посебна заштита се:

Малцинства

Државите го штитат постоењето и националниот или етнички, културен, верски и јазичен идентитет на малцинствата во рамки на нивните територии и ги поттикнуваат условите за промовирање на тој идентитет.
Декларација на ОН за правата на малцинствата

Малцинствата комплетно не се дефинирани со меѓународните инструменти за човекови права, но најчесто во такви инструменти тие се опишани како оние со национални или етнички, верски или јазични карактеристики кои се разликуваат од мнозинското население и кои тие особености сакаат да ги задржат. Овие се заштитени:

  • на ниво на ООН со член 27 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права како и со Декларацијата за правата на лицата припадници на националните или етничките, верските и јазичните малцинства усвоена во 1992 година
  • на европско ниво со обврзувачки инструмент - Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (РКЗНМ), која создаде тело за надзор од независни експерти: Советодавен комитет на РКЗНМ. Други сектори од Советот на Европа имаат активности кои се релевантни за заштита на малцинствата: Европската повелба за регионални или малцински јазици, Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРН) и Комесарот за човекови права, меѓу другото, се значајни за ова.
  • со заземање на посебно место во Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Деца

Дете значи секој човек на возраст помала од осумнаесет години освен ако според законот применлив за детето, полнолетноста е постигната порано.
Конвенција на ОН за правата на детето

Нивната главна заштита е дадена на ниво на ООН со Конвенцијата за правата на детето (КПД) од 1989 година, најмногу ратификуваната конвенција (не е ратификувана само од страна на САД). Четирите основни принципи на Конвенцијата се: недискриминација; посветеност на почитување на најдобриот интерес на детето; правото на живот, опстанок и развој; и почитување на ставовите на детето.
На африканско ниво, Африканската повелба за правата и благосостојбата на детето обезбедува основни детски права, земајќи ги предвид уникатните фактори на состојбата на континентот. Таа стапи на сила во 1999 година. Пактот за правата на детето во Исламот беше усвоена од Организацијата на исламската конференција во 2005 година. Комисијата за унапредување и заштита на правата на жените и децата на АСЕАН беше инаугурирана во април 2010 година.
Конвенција на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба стапи на сила на 1 јули 2010 година. Оваа конвенција е прв инструмент за утврдување на различните форми на сексуална злоупотреба на деца како криминални дела вклучувајќи и такви злоупотреби извршени во домот или семејството.

Бегалци

Правата на бегалците се специјално загарантирани со Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година и Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). Единствен регионален систем со посебен инструмент за заштита на бегалците е Африка со усвојувањето на Конвенцијата за управување на специфичните аспекти за проблемите на бегалците во Африка, во 1969 година, додека во Европа - ЕКЧП, исто така, нуди одредена заштита.

Жените

Со цел да се промовира еднаквоста меѓу половите во целиот свет, правата на жените се посебно заштитени со Конвенцијата на ООН за елиминација на сите форми на дискриминација против жените (КЕДПЖ), 1979.
Во Советот на Европа, 2009 година беше усвоена Декларацијата: Да се направи родовата еднаквост да биде реалност. По 20 години од усвојувањето на оваа декларација се одбележа една друга - Декларација за еднаквост на жените и мажите. Целта на Декларацијата од 2009 е да се премости јазот меѓу еднаквоста на половите, всушност, како и во законот. Ги повикува земјите-членки да ги отстранат структурните причини за нерамнотежа на моќта помеѓу жените и мажите, да се обезбеди економска независност и зајакнување на жените, да се адресира потребата за елиминирање на воспоставените стереотипи, да се искорени прекршувањето на достоинството и човековите права на жените преку ефективна акција за спречување и борба против родово-базирано насилство и интеграција на перспективата за родова еднаквост во управувањето.

Други

Групите како што се лицата со посебни потреби, исто така, добиваат посебна заштита поради нивната ранлива позиција, што може да ги направи повеќе склони кон злоупотреба. Ова е воспоставено во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, која ќе биде дискутирано понатаму во Поглавје 5.

И други групи исто така, на пример домородните народи, добиле посебна заштита на меѓународно ниво со Декларацијата на Обединетите нации од 2007 година за правата на домородните народи, иако таа сè уште не е правно обврзувачки инструмент.

Прашање: Дали постојат други групи во вашето општество кои имаат потреба од посебна заштита?

Регионални инструменти

Како што можеме да видиме погоре, меѓународните и регионалните инструменти генерално ги поддржуваат истите минимални стандарди, но тие може да се разликуваат во нивниот фокус или во подигање на регионално фокусирани проблеми. На пример, грижата за внатрешно раселените лица беше распространета во африканскиот регион пред проблемот да се појави како прашањето за загриженост на ООН; слично, механизмот за посета на притвор во обид да се спречи тортура, за првпат беше воспоставен на европско ниво пред да биде дозволен Факултативниот протокол за истиот механизам според Конвенцијата на ОН против тортура. Овие примери покажуваат како регионалните и меѓународните норми и механизми можат да го подобрат промовирањето и заштитата на човековите права.

Практичната предност на постоење на регионални норми и системи за заштитата на човековите права е дека тие се со поголема веројатност да бидат направени во поблиску до основите на географските, историските, политичките, културните и социјални афинитети. Тие се поблиску до „дома“ и се со поголема веројатност да уживаат поголема поддршка. Тие се исто така повеќе достапни за креаторите на политиката, политичарите и жртвите. Затоа можеме да ги видиме како втор „фронт“ за почитување на човековите права, првиот е домашен, вториот регионален и третиот меѓународен.

Четири од петте светски региони имаат воспоставено системи за човекови права за заштита на човековите права. Целта на регионалните инструменти е да ги артикулира стандардите и механизмите за човекови права на регионално ниво, без да ја намали универзалноста на човековите права. Со развојот на регионалните системи, дали поради економски поттик, или повеќе од историски или политички причини, тие исто така ја почувствуваа потребата да ги артикулираат регионалните заложби за човекови права, често со зајакнување на механизмите и гаранциите на системот на ООН. Навистина имало многу примери каде што регионалните стандарди ги надминуваат меѓународно договорените стандарди, еден пример е африканскиот пионерското систем за признавање на потребата од заштита не само на бегалците, ами исто така и за внатрешно раселените лица.

Регионалните стандарди за човекови права често ги надминуваат меѓународно договорените стандарди на ОН и ги зголемуваат

Во Америка, постои Организација на американски држави, а главниот обврзувачки документ е Американската конвенција за човекови права од 1969 година.
Во Африка ја наоѓаме Африканската повелба за човекови и народни права, усвоена во 1986 во рамките на Африканската Унија (порано позната како Организација на африканско единство).
На азискиот континент, до сега не е развиен вистински систем и единствениот регионалниот инструмент за човекови права е необврзувачката повелба на народите од граѓанското општество од 1998 година- Азиската декларација за човекови права.

Европски инструменти

Европа има добро воспоставен систем за заштита на човековите права во рамките на Советот на Европа, во кој камен-темелник е Европската конвенција за човекови права заедно со Европски суд за човекови права со седиште во Стразбур.

Прашање: Зошто мислите дека различни региони сметаат дека е неопходно да воспостават сопствени системи за човекови права?

Советот на Европа, со своите 47 земји членки, игра клучна улога во промовирањетo на човековите права во Европа. Неговиот главен инструмент за човекови права е Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи (исто така познат како Европската конвенција за човекови права - ЕКЧП). Таа е прифатена од сите земји-членки во Советот на Европа, бидејќи тоа е услов за членство. Таа беше усвоена во 1950 година и стапи во сила три години подоцна. Обезбедува граѓански и политички права и неговата главна сила е машинеријата за негово спроведување, Европскиот суд за човекови права. На овој суд и на неговата јурисдикција ѝ се восхитуваат низ целиот свет и често е споменувана од ООН и од уставните судовите на бројни земји и од други регионални системи.

Исто како и на ниво на ООН, социјалните и економските права во Европа се обезбедени во и со посебен документ. Европската социјална повелба (ревидирана) е обврзувачки документи ги опфаќа правата за заштита на стандардот на живеење на луѓето во Европа. Повелбата е потпишана од 45 земји-членки, а до 2010 година таа беше ратификувана од 30 од нив.

Во прилог на овие два главни инструменти, акцијата на Советот на Европа во областа на човековите права вклучува и други посебни инструменти и конвенции кои ги дополнуваат гаранциите и одредбите на ЕКЧП упатувајќи на конкретни ситуации или ранливи групи. Конвенционалните системи за следење се дополнети со други независни тела како што се Европската комисија против расизам и нетолеранција и Комесарот за човекови права. Севкупно, работата на Советот на Европа за човекови права треба да биде во можност да ги земе предвид социјалниот, научниот и технолошкиот развој и можните нови предизвици кои тие претставуваат за човековите права. 

Развој на човекови права

Инструментите за човекови права се евиденција за нашите најнови размислувања за она што човечкото достоинството бара. Таквите инструменти најверојатно секогаш ќе бидат еден чекор поназад, поради тоа што тие се справуваат со предизвиците што веќе се признати, наместо со оние кои остануваат толку институционализирани и вградени во нашите општества, кои сè уште не успеваме да ги признаеме како права и повреди на правата.
Во Советот на Европа, стандардното поставување на работата на организацијата се стреми да предлага нови законски стандарди до Комитетот на министри, за да одговорат на социјалните мерки за справување со проблемите кои се појавуваат во земјите-членки во врска со прашањата што се во нивна надлежност. Овие мерки можат да вклучуваат предлагање нови правни стандарди или приспособување на постојните. На тој начин се развиваат процедурите на Европскиот суд за човекови права и така останува ефективен , на тој начин одредбите за укинување се смртна казна беа усвоени и така нови инструменти засновани на конвенцијата, како Конвенција за акција против трговијата со луѓе, усвоена во 2005 година,се појавија.
Во оваа смисла, инструментите за човекови права ќе продолжат да се ревидираат и унапредуваат засекогаш. Нашето разбирање, судската пракса и - најмногу од сè– нашата заложба продолжува да притиска, влече и да ги проширува човековите права постојано. Фактот дека одредбите од конвенциите и договорите за човекови права понекогаш се сметаат дека се пониско од она што понекогаш го очекувавме, не треба да биде причина да се сомневаме во тоа дека човековите правата претставуваат надеж за човештвото. Законот за човекови права често ќе остане зад тоа што застапниците на човековите права би очекувале, но исто така останува нивната најсигурна поддршка.

Главни инструменти и механизми на Советот на Европа за спроведување на човековите права 

Борба против расизмот и нетолеранцијата

Сите инструменти за човекови права содржат гаранции за недискриминација и еднаквост, без разлика дали се стандарди на ООН, Советот на Европа, ЕУ или ОБСЕ. На ниво на ООН, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација стапи во сила во 1969 година и се следи од експертско тело, Комитетот за елиминирање на расната дискриминација. Комитетот добива и разгледува државни извештаи во врска со усогласеноста со договорот, има процедура за рано предупредување со цел за спречување на состојби поттикнати од нетолеранција што можат да ескалираат во конфликт и сериозни прекршувања на Конвенцијата и постапка за примање поединечни жалби каде што засегнатата држава има дозволи за ова. Расната директива на Европската Унија, пак, се однесува на вработувањето и на обезбедувањето на стоки и услуги од страна на државни и приватни актери.
Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРН) е механизамна Советот на Европа. Основана во 1993 година, задачата на ЕКРН е да се бори против расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и нетолеранцијата на ниво на Европа како целина и од перспектива на заштитата на човековите права. Акцијата на ЕКРН ги опфаќа сите неопходни мерки за борба против насилството, дискриминацијата и предрасудите со кои се соочуваат лица или групи на лица, особено врз основа на раса, боја, јазик, религија, националност и национално или етничко потекло.
Членовите на ЕКРН се назначени од страна на нивните влади врз основа на нивните темелни знаења од областа на борбата против нетолеранцијата. Тие се номинирани со нивните лични капацитети и дејствуваат како независни членови. Главната програма на активности на ЕКРН опфаќа:

  • пристап од земја до земја кој се состои од спроведување на детални анализи на состојбата во секоја од земјите-членки, со цел да развијат специфични, конкретни предлози, проследени со нивно следење
  • работат на општи теми (собирање и разнена на примери за добри практики за конкретни теми за да ги илустрираат препораките на ЕКРН, и донесување општи политички препораки)
  • активности во врска со заедницата, вклучително и подигнување на свеста и информативни сесии во земјите-членки, координација со националните и локалните невладини организации, комуницирање на анти-расистичка порака и креирање на едукативен материјал 

Протокол 12 од Европската конвенција за човекови права
Дополнителен протокол кон ЕКЧП беше усвоен во 2000 година и влезе во сила во 2005 година; ова беше протокол 12. Од почетокот на 2011 година е потпишан од 19 држави и ратификуван од 18. Неговиот главен фокус е забраната за дискриминација. ЕКЧП веќе го гарантира правото да не се биде дискриминиран (член 14), но ова се смета дека е несоодветно во споредба со оние одредби на други меѓународни инструменти, како што се УДЧП и МПГПП. Главната причина е што членот 14, за разлика од другите, не содржи независна забрана за дискриминација; односно забранува дискриминација само во однос на „уживањето на правата и слободите“ утврдени во Конвенцијата. Кога овој протокол стапи на сила, забраната за дискриминација доби „независен живот“ од другите одредби на ЕКЧП. Судот утврдил повреда на оваа одредба за првпат во 2009 година во Сејдиќ и Финци против Босна и Херцеговина (ГК, бр. 27996/06 и 34836/06,22 декември 2009).

Унапредување на човековите права

Како можеме да се осигураме дека овие механизми за заштита функционираат? Кој или што ги присилува државите да ги извршуваат своите обврски?

На национално ниво, ова го спроведуваат судовите - кога инструментите за човекови права се ратификувани или вградени во националниот закон - но, исто така, во зависност од земјата, канцелариите на народниот правобранител, комисиите за човекови права, советите за човекови права,парламентарните комисии и така натаму.
Главните меѓународни супервизиски тела се комисии или комитети и судови, при што сите се составени од независни членови - експерти или судии – и ниту еден од нив не претставува една држава. Главните механизми кои ги користат овие тела се:

  • Жалби (поднесени од поединци, групи или држави)
  • Судски случаи
  • Постапки за известување.

Бидејќи не сите инструменти за човекови права или регионалните системи ги користат истите постапки за спроведување на човековите права, неколку примери ќе помогнат да се разјасни.

Жалби

Жалби против државата се доставуваат пред комисија или комитет во она што обично се нарекува квази-судска постапка. Тогаш супервизиското тело донесува одлука и се очекува државите да се усогласат со неа, иако не постојат правни извршни постапки за спроведување. Често државата треба да даде дополнителна декларација или ратификација на факултативен протокол за да се означи нејзиното прифаќање на системот за жалби. Комитетот за човекови права (или „Комитет на МПГПП (Меѓународниот пакт за граѓанскии политички права ICCPR“) и Комитетот за елиминација на расна дискриминација (во рамките на системот на Обединетите нации) и Меѓу- американската комисија за човекови права (во рамките на Организацијата на Американските држави) се примерина тела кои се занимаваат со такви жалби.

Прашање:Кои санкции би можеле да постојат ако основаме Меѓународен суд за човекови права?

Судски случаи

Европски суд за човекови права Права

Интер-американски суд за човекови права

Африкански суд за човекови и народни права

Досега постојат три постојани регионални судови кои постојат како надзорни тела специјално за имплементација на човековите права: Европскиот суд за човекови права права, Интер-американскиот суд за човекови права и Африканскиот суд за правда и човекови права и права на народите (ACIHR). Интер-американскиот суд за човекови права беше формиран од страна на Организацијата на американски држави во 1979 година за да ја толкува и спроведува Американска конвенција за човекови права. Африканскиот суд е најновиот од регионалните судови, кои започна во јануари 2004 година. Тој ги решава случаите во согласност со Африканската повелба за човекови и народни права во врска со државните членки на Африканската Унија. Со седиште во Аруша, Танзанија, судиите на судот беа избрани во 2006, и својата прва пресуда судот ја донесе во декември 2009 година, изјавувајќи дека нема надлежност да го разгледува случајот Југогомбаје против Сенегал.

Меѓународен кривичен суд

По ратификацијата на Римскиот статут од 60 земји, првиот постојан меѓународен криминален суд стапи во сила во 2002 година за да се проверат случаи поврзани со воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Овој Меѓународен кривичен суд (МКС) ги испитува поединците обвинети за злосторства против човештвото, геноцид и воени злосторства, но само ако национални судови не се подготвени или не можат да ги истражат или да ги гонат овие кривични дела. До денес МКС има истражени пет ситуации во Северна Уганда, Демократска Република Конго, Централна Африканска Република, Судан (Дарфур) и Кенија. Неговата пионерска судска практика помогна во унапредување на разбирањето на човековите права, на пример во врска со поттикнувањето на геноцид и правото на слободни и фер избори.

Меѓународниот суд на правдата

Меѓународниот суд на правдата (МСП) е главниот судски орган на ОН. Тој има двојна улога: да се спогоди во согласност со меѓународното право за правните спорови што ги доставуваат државите и да дава советодавни мислења за правни прашања. Само држави можат да покренат судски случај против друга држава и вообичаено се работи за случаи на договори меѓу државите. Овие договори може да се однесуваат на основните односи меѓу државите, (на пример комерцијални или територијални) или да се однесуваат на прашања поврзани со човековите права. МСП не дозволува поединци да покренат случај за човекови права или други барања до него. Тој, сепак, придонесе за унапредување на човековите права со толкување и развивање на правилата за човекови права и принципи во случаи кои државите или меѓународните тела ги покренале до него. Се осврна на правата како што се самоопределување, недискриминација, слобода на движење, забраната на мачење, и така натаму.

Често има конфузија околу улогите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Европскиот суд на правдата (ЕСП) и Меѓународниот суд на правдата (МСП). Всушност, трите тела се многу различни во однос на нивната географска јурисдикција и видот на случаи кои ги испитуваат.
ЕСП е тело на Европската Унија. Ова е суд чија главна задача е да се осигура дека Правото на заедницата не се толкува и применува поинаку во секоја држава членка. Се заснова врз Правото на заедницата, а не на правото за човекови права; но понекогаш Законот на заедницата може да вклучи прашања за човековите права.
Меѓународниот суд на правдата (МСП) е главен судски орган на Обединетите нациите и неговата улога беше дискутирана погоре.

Европскиот суд за човекови права

Имаше 1.625 пресуди доставено од страна на Судот во 2009 година,што значи повеќе од 4 на ден (вклучувајќи ги и викендите и празницитe!).

Европскиот суд за човекови права во Стразбур е познат по повеќе причини, но пред сè, поради тоа што му дава живот и значење на текстот на ЕКЧП. Една од неговите главни предности е системот на задолжителна надлежност, што значи дека веднаш штом државата ќе ја ратификува или пристапи кон ЕКЧП, таа автоматски се става под надлежност на Европскиот суд. Може да се поведе случај на човекови права против државата како страна од моментот на ратификација.
Друга причина за нејзиниот успех е силата на пресудата на Судот. Државите треба да почитуваат конечната пресуда. Нивната согласност е надгледувана од Комитетот на министри на Советот на Европа.
Во секој случај изнесен пред Европскиот суд, постапката вклучува можност и за пријателска спогодба заснована на медијација меѓу страните.Судот успеа да ја развие со текот на времето. Кога првично беше формиран во 1959 година, тој беше само суд со скратено работно време кој работеше заедно со Европската комисија за човекови права. Со зголемувањето на случаите, неопходен беше постојан суд, а таквиот беше формиран во ноември 1998 година. Ова зголемување на бројот на случаи е јасен доказ за успехот на Судот, но овој обем на работа исто така го загрозува квалитетот и ефективноста на системот. Луѓето знаат дека Судот е таму и можат да влезат кога ќе се почувствуваат дека нивните права се прекршени; сепак, авторитетот и ефективноста од ЕКЧП на национално ниво треба да се обезбеди, во согласност со „принципот на супсидијарност“, која предвидува дека државите имаат примарна одговорност да ги спречат прекршувањата на човековите права и да ги отстранат кога тие ќе се појават.

Постапки пред Европскиот суд за човекови права

Image: Proceedings before the European Court of Human Rights

Извор: www.echr.coe.int

Некои значајни случаи на Европскиот суд за човекови права

  • Соеринг против Обединетото Кралство (јуни 1989): Ова беше случај на човек кој требаше да биде екстрадиран во САД за да се соочи со обвиненија за убиство, каде што кривичното дело е казниво со смртна казна. Судот сметал дека ако да го испрати назад во САД би биле против забраната за тортура, нечовечко или друго понижувачко однесување и третман или казна (член 3, ЕКЧП). Една последица на оваа одлука беше дека заштита на поединец во рамките на една земја-членка на Советот на Европа отиде преку европските граници. Овој принцип веќе е следен во други случаи, како што е Јабари против Турција (јули 2000), и ги заштити барателите на азил да бидат вратени во земја каде што ќе бидат загрозени нивните животи.
  • Тајрер против Обединетото Кралство (март 1978): Во овој случај, Судот сметал дека телесна казна како казна за малолетни престапници била против ЕКЧП, бидејќи го прекршила правото да не се измачува или да има понижувачко и нечовечно постапување или казнување, како што е загарантирано со член 3. Во зборовите на Судот: „неговата казна –каде тој бил третиран како предмет во власт на авторитетите - претставува напад токму врз она што е една од главните цели на членот 3 (чл.3) да го заштити, имено достоинството и физичкиот интегритет на лицето“. Овој случај е добар пример за живата природа на ЕКЧП, каде што Судот држи чекор со променливите вредности на нашето општество.
  • Кокинакис против Грција (април 1993): Ова беше интересен случај, кој се занимаваше со конфликт меѓу правата на различни луѓе. Тоа беше врз основа на прашањето на прозелитизација (обид за промени религиско убедување) и дали поучувањето на религијата (гарантирано со член 9 од ЕКЧП) го нарушува правото на друга личност за слобода на вероисповед. Судот смета дека е неопходно да се направи јасна разлика меѓу учење, проповедање или дискутирање со неморални и измамнички средства за да се убеди лицето да ја смени својата религија (како што се нудење материјални или социјални предности, користење насилство или перење на мозоци).
  • DH против Република Чешка  (ноември 2007): Ова беше случај на 18 ромски деца, со оглед на фактот дека ромските ученици се одделени во специјални училишта за деца со пречки во учењето, без оглед на нивната способност. Ова значи дека тие, исто така, ќе имаат мали шанси за подоцнежен пристап до високото образование или можности за работа. Во својата пресуда, Судот за прв пат утврди повреда на членот 14 (забрана за дискриминација) во однос на „модел“ на расна дискриминација во одредена сфера на јавниот живот, во овој случај јавните училишта. Судот пресуди дека овој системски модел на расна сегрегација при школувањето ја прекршил заштитата од недискриминација во ЕКЧП (член 14).Исто така, истакна дека општа политика или мерка, обликувана во неутрални термини , може и понатаму да дискриминира одредена група и да резултира со индиректна дискриминација против нив. Случајот беше прв кој предизвикал системска расна сегрегација во образованието.

Прашање: Дали знаете некои важни случаи во Европскиот суд за човекови права против вашата земја?

Извештаи и проценки

Мнозинството инструменти за човекови права бараат од државите да доставуваат периодични извештаи.Тие се составени од државите според упатствата на надзорниот орган. Целта на таквото известување и последователно разгледување со соодветното тело за мониторинг е искрена размена за предизвиците со кои се соочуваат во напорите за остварување на засегнатите права. Извештаите јавно се разгледуваат во она што се нарекува „државен дијалог“. Државните извештаи се разгледуваат заедно со „извештаите во сенка“ од некоја НВО, засновани врз основа на нивните сопствени извори и анализи, кои се однесуваат на документот на таа држава. По дијалогот помеѓу државните претставници и независните експертски членовина телото за следење, тоа тело дава свои забелешки во врска со усогласеноста на државата со стандардите потврдени во обврзувачкиот инструмент што се разгледува. Овие набљудувања се однесуваат и на позитивните и за критичните аспекти во врска со документот на државата. МПГПП,МПЕСКП и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (КЕДПЖ) се примери на инструменти за кои се бара поднесување на такви периодични извештаи. Како и во постапката на државен дијалог, телата за мониторинг може исто така да бидат овластени да спроведуваат „in situ“ или посети на терен за да ја набљудуваат состојбата со човековите права од прва рака. Повеќето вакви посети бараат експлицитна дозвола од државата врз основа на случај до случај. Сепак, се прават напори за да се овозможи отворена покана, на пример со држави кои јавно издаваат отворени покани за посети од било која служба на ОН со Специјален мандат.

Исто така беа развиени посилни процедури за голем број на инструменти за да овозможат наметнати посети, во обид не само да се одговори, туку исто така, да се спречи, кршење на човековите права..

Во Европа КПТ го спречува лошото постапување со лицата лишени од нивната слобода 

Европската Конвенција за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (1987) нуди еден ваков пример. Таа е базирана врз основа на систем на посети од страна на членовите на Европскиот Комитет за спречување тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ) на местата на притвор, на пример затвори и места на притвор за млади, полициски станици, армиски бараки и психијатриски болници. Членовите на КПТ набљудуваат како притворените се третираат и доколку е потребно, препорачуваат подобрувања со цел да се усогласат со правото да не бидат мачени или да се нечовечки третирани. Овој механизам оттогаш инспирираше развојот на сличен механизам на ОН. Периодично делегации на КПТ ги посетуваат државите кои се дел од Конвенцијата, но, доколку е потребно, можат да организираат дополнителни ad hoc посети. Почнувајќи од 9 август 2012 година, КПТ спроведе 323 посети и објави 272 извештаи.

Извештаите на КПТ обично се јавни: http://www.cpt.coe.int

Важна функција на работата на КПТ беше забележана во случајот на штрајк со глад во турските затвори во 2000-2001 година. Кога турската влада подготвуваше промени во затворскиот систем, голем број затвореници употребија штрајк со глад во знак на протест против некои од реформите. Нивните демонстрации станаа насилни. КПТ стана активно вклучен во преговорите со владата и штрајкувачите со глад, истражувајќи ги настаните околу штрајковите со глад и гледајќи како нацрт-законите можат да го реформираат турски затворски систем. Од 1999 година, КПТ ја посетува Турција секоја година, освен 2008 година. Неодамнешните КПТ посети ги вклучуваат оние во Србија, Албанија и Грција.

Комесар за човекови права на Советот на Европа

Канцеларијата на Комесарот за човекови права на Советот на Европа беше формирана во1999. Целта на оваа независна институција е и да се промовира концептот на човековите права и да обезбедат ефективно почитување и целосно уживање на овие права во земјите членки на Советот на Европа. Комесарот се избира од Парламентарното собрание со необновлив мандат од шест години.
Комесарот е вонсудска институција чие дејство треба да се смета за комплементарно со другите институции на Советот на Европа кои се активни во промоција на човековите права. Комесарот ги извршува своите одговорности со целосна независност и непристрасност, истовремено почитувајќи ја компетентноста на разни надзорни тела формирани според Европската конвенција за човекови права или според други инструменти за човекови права на Советот на Европа.

Комесарот за човекови права е овластен да:

  • го поттикнува ефективното почитување на човековите права, и да им помогне на земјитечленки во имплементација на стандардите за човекови права на Советот на Европа
  • промовира едукација и свесност за човековите права во земјите членки на Советот на Европа
  • ги идентификува можните недостатоци во законот и практиката во врска со човековите права
  • ги олесни активностите на институциите на народниот правобранител и на другите структури за човекови права, и
  • обезбеди совети и информации во врска со заштитата на човековите права низ целиот регион.

Комесарот може да се занимава ( ex officio) по службена должност со било кое прашање од негова надлежност. Иако не може да покрене индивидуални жалби, Комесарот може да постапува по било кои релевантни информации кои се во врска со општите аспекти на заштитата на човековите права, содржани во инструментите на Советот на Европа.
Таквите информации и барања за да се справат со нив, кон Комесарот може да се насочат од страна на владите, националните парламенти, националните омбудсмани или слични институции, како и поединци и организации. Тематска работа на Комесарот вклучуваше издавање на извештаи, препораки, мислења и ставови за човековите права на барателите на азил, емигранти и Роми.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа не треба да се меша со Комесарот за човекови права на Обединетите нации.

Висок комесар на Обединети нации за човекови права

Многу НВО лобираа за создавање на позиција Висок комесар за човекови права на ООН и одлуката за неговото создавање беше потврдена на Светската конференција за човекови права на ООН во Виена во 1993 година, кога му препорача на Генералното собранието да го разгледа прашањето за формирање таков Висок комесар за промовирање и заштита на сите човекови права како приоритетна задача. Ова беше направено во истата година.
Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации се назначува од страна на Генералниот секретар на ООН и одобрен од Генералното собрание како „личност со висок морал“ со експертиза за човековите права, како официјален претставник на ОН со главна одговорност за активностите на ОН за човекови права: неговата улога вклучува унапредување, заштита и ефективно уживање на сите права, ангажирање и дијалог со владите за обезбедување на човековите права и зајакнување на меѓународната соработка и координација на ОН за унапредување и заштита на сите човекови права. Како главен официјален претставник на ОН за човекови права, активностите на Високиот комесар вклучуваат управување на Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права (КВКЧПОН- OHCHR) и неговите регионални канцеларии и канцелариите во земјите. ОХЦХР ја поддржува работата на широк спектар на активности на ОН за човекови права и работи за унапредување и заштита на човековите права и спроведување на универзалните норми за човекови права, вклучувајќи ја и Светската програма за образование за човекови права.

Дали е тоа доволно?

Многу луѓе би рекле дека лошиот извештај за човековите права во светот е резултат на недостатокот на соодветни механизми за спроведување. Често се остава на поединечните држави да решат дали ги спроведуваат препораките. Во многу случаи, дали правото на поединец или група ќе се гарантира, всушност зависи од притисокот на меѓународната заедница и во голема мера, од работата на невладините организации. Ова е помалку од задоволителна состојба, бидејќи може да се чека долго пред кршењето на човековите права да се покрене од страна на ООН или Советот на Европа.
Може ли нешто да се направи за да се промени ова? Прво, од суштинско значење е да се осигура дека државите ги гарантираат човековите права на национално ниво и дека развиваат соодветен механизам за отстранување на какво било прекршување. Во исто време, мора да се стави притисок врз државите да се посветат на оние механизми кои имаат процедури за спроведување. 

Референци

2 http://www.un.org/en/globalissues/briefingpapers/humanrights/quotes.shtml