Загатки
Прашање: Како можеме да кажеме дека човековите права се универзални, кога постојат луѓе низ целиот свет, кои страдаат поради кршење на нивните права?
Овие луѓе се уште имаат свои права. Фактот дека тие се третираат на таков начин ги кршат не само моралните норми, туку и меѓународно признатите норми. Нивните претставниците на државата се виновни според меѓународното право, а некои земји се навистина „казнети“ од страна на меѓународната заедница, во форма на санкции или дури и со воени средства. Сепак, ваквите процеси често се произволни, во зависност од интересите на другите нациите, а не од степенот на прекршување. Со доаѓањето на Меѓународниот кривичен суд се пристапи на некој начин кон решавање на овој јаз. Како прв постојан меѓународен кривичен суд заснован на договор–воспоставен врз Римскиот статут - овој суд е овластен да дава помош за ставање крај на неказнивоста на оние што извршиле најтешките кривични дела кои ја засегаат меѓународната заедница: геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.
Прашање: Која е користа од УДЧП ако не е законски применлива?
Дури и ако сеуште нема меѓународен суд пред кој владите може да се судат според членовите во УДЧП, овој документ имаше огромно историско значење и продолжува дури и денес да работи како репер спрема кој се судат владите на меѓународно ниво. Владите денес знаат дека ако намерно ги прекршуваат правата наведени во документот, тие се соочуваат со можност за осуда од страна на други влади, па дури и со некои форми на санкции. Процесот не е секогаш целосно објективен(!), но тој сигурно е почеток. УДЧП, исто така, ја формираше основата за речиси сите меѓународни договори кои беа подготвени и кои се (во поголем или помал степен) извршни.
Прашање: Каква корист од „човековите права“ имам јас, кога мојата влада ги крши правата на обичните луѓе на дневна основа и не е загрижена за неодобрувањето од страна на меѓународната заедница?
Повторно - тие се почеток; тие се подобри отколку ако нема ништо и тие, во соодветни околности и со вистински пристап, ќе можат да влијаат на владата да промени некои, ако не и сите, своите практики. Ова понекогаш може да изгледа како многу далечна надеж, кога прекршувањата од страна на владата се особено тешки или особено чести, но историјата постојано и одново покажува дека е можно. Исто така, можностите денес се веројатно подобри отколку што биле досега. Промовирањето на промени може да биде бавен процес, но фактот дека поединците ги имаат овие права и дека тие се повеќе се препознаваат во целиот свет - и поради тоа барем им задаваат грижа на владите - ни дава моќно оружје и вреден почеток.
Прашање: Ако ги почитувам човековите права на другите, дали тоа значи да им дозволам да прават што сакаат?
Не, доколку нивната желба подразбира кршење на вашите или било чии права. Но, можеби ќе треба да бидете внимателни да не барате премногу и преку сопствените права: може да го сметате нечие однесување како вознемирувачко или погрешно, но тоа не мора нужно да биде прекршување на вашите права. Затоа, ако сакате другите да ви дозволат да се однесуваат како што сакате, можеби ќе треба да изградиите повеќе толерантен однос кон однесувањето на другите!
Прашање: Може ли да правам што сакам, вклучително и да користам насилство врз некого, за да ги одбранам моите права?
Во принцип, не. Но, ако тоа е вистински случај на самоодбрана, тогаш легитимна употреба на сила, соодветно на заканата против вас, може да биде допуштена. Таа не е дозволено како „одмазда“ за неправедноста што сте ја претрпеле, но само за да се заштитите од дополнителна штета. Измачувањето ( тортурата) никогаш не е дозволена.
Прашање: Зошто треба да ги почитувам правата на другите ако другите не ги почитуваат моите права?
Делумно затоа што ако не ги почитувате правата на другите, може да наидете на проблеми; делумно затоа што другите ја заслужуваат вашата почит, едноставно затоа што се луѓе; и делумно затоа што можете да станете пример за другите што ќе направи поверојатно и тие да ве почитуваат вас. На крај, сепак, веројатно се сведува на вас и на тоа каква личност сакате да бидете или во каков свет сакате да живеете. Затоа можеш да размислиш за што тоа би рекле за тебе, ако требаше да се однесуваш на начин што не им се допаѓа на другите. Или размислете за тоа каков би бил светот, ако секој ги прекршува правата на сите други на начин „мило за драго“.
Прашање: Зошто оние што ги прекршуваат правата на другите на најнечовечки начин да се сметаат за субјекти на „човечки“ права?
Ова можеби е најтешкиот, но исто така и најсуштински дел од теоријата на човековите права за да се прифати. Понекогаш може да се чини дека на некои поединци толку му недостасуваат човечки особини што само слепата вера може да не направи да ги видиме како луѓе. Важните поенти можеби се следниве:
- Прво, и покрај очигледната нечовечност на некои луѓе, секој поединец поседува нешто човечно. Прекршителите ги сакаат своите мајки, нивните деца, нивните сопрузи и жени - или некој друг. Прекршителите чувствуваат болка, отфрлање, очај и љубомора; тие имаа желба да бидат почитувани, ценети, поддржани, сакани и разбрани. Сите тие, секој од нив, поседува некои, ако не и повеќето, од овие исклучиво човечки емоции. Тоа ги прави човечки и го заслужуваат наше почитување.
- Второ, ние самите не си правиме добро со желба да ги повредиме негативците на ист начин како што тие ги повредиле другите: таквите чувства нè прават помалку достојни за почит.
- Трето, дури и ако, случајно, негативецот некогаш се појавил со „човечка“ форма но без било какви човечки карактеристики (а досега никогаш не се случило), кој меѓу нас би можел да каже со апсолутна сигурност дека тој или таа Не е Човек? По кои критериуми? Врз основа можби на тоа дека не се способни да сакаат или да бидат сакани? Но, што ако се воспостави дека сме згрешиле во тоа верување?
Третата точка нè потсетува дека треба да ги земеме предвид ризиците за човештвото како целина во поставување на некои луѓе да им судат другите, каде што последиците од таа пресуди се ужасни и неповратни. Дали навистина сакаме свет каде се прават такви пресудии каде што некои луѓе едноставно се означени дека не поседуваат човечки права и оттука дека не – се – луѓе? Без апсолутна универзалност на сите човекови права, тоа е типот на светот што би го имаме.
Референци
“Европа, млади, Човекови права, Извештај од неделата на човековите права”, од Јаел Охана (ред.), Европски младински центар, Будимпешта, 2000.
Гарсон Валдес, Е., “Збунетост во врска со моралната важност на културната разноликост” “, CLAVESна Разон Практика, бр.74, Мадрид,Julio / Agosto, 1997.
Човекови права, основен прирачник за персоналот на ОН, Канцеларија на Високата комисија за човекови права, Обединети нации, Женева. 2001 година
Достапно на http://www.ohchr.org/Documents/Publications/HRhandbooken.pdf
Левин, Л., Човекови права, Прашања и Одговори, УНЕСКО, Париз, 1996
Доннели, Џек, Универзални човекови права во теорија и пракса, Корнел Универзитет Прес, 1989.
Фримен, Мајкл, Човекови права: Клучни концепти, Полити Прес, Лондон, 2002.
Ishay, Micheline R. ed., Читач за човекови права, Routledge, London, 1997.
Ришмави, М., Арапската повелба за човекови права и Лигата на арапски држави: ажурирање, преглед на законот за човекови права,10.1, стр. 169-178
Симониди, Јануш ед., Човекови права: нови димензии и предизвици, Прирачник за човекови права, Унеско / ДартмутИздаваштво, Париз, 1998.
Робертсон А. и Меррилс Ј, Човекови права во светот, Манчестер Универзитет Прес, 1996. Веб-страница на Советот на Европа набиоетика: www.legal.coe.int/bioethics
http://www.udhr.org/history/biographies/bioer.htm, за цитат на Елинор Рузвелт.
Хански, Р., Сукси, М. (ед.), Вовед во меѓународната заштита на човековите права: учебник, Åbo AkademiУниверзитетски институт за човекови права, 1999.
Информативен лист број 2 (Откр. 1), Меѓународниот нацрт за човекови права, Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права, www.unhchr.ch/html/menu6/2/fs2.htm.
Висок комесар на Обединетите нации за човекови права, www.unhchr.ch.
Краток водич за Европската конвенција за човекови права, издаваштво на Советот на Европа.
Европски суд за човекови права, www.echr.coe.int.
Комитетот за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, www.cpt.coe.int.
Веб-страницата на Советот на Европа за родова рамноправност, www.coe.int/t/dghl/standardsetting/equality/default_en.asp
Европската социјална повелба, www.coe.int/T/DGHL/Monitoring/SocialCharter.
Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, www. coe.int/t/dghl/monitoring/minorities.
Веб-страницата на Европската комисија против расизам и нетолеранција, www.coe.int/t/dghl/monitoring/ecri.
Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, www.ohchr.org.
Комесарот за човекови права на Советот на Европа, www.coe.int/t/commissioner
Рисе Т., Ропп С., Сиккинк К., Моќта на човековите права, Кембриџ Универзитет Прес, 1999.
Форсајт, Д., Човековите права во меѓународните односи, Кембриџ Универзитетски печат, 2000. www.speaktruth.org
Хиџаб, Надја, Човекови права и човечки развој: учење од оние што се однесуваат, ХДПО позадина, 2000.
- Поглавје 1 -Образование за човекови права и Компас: вовед
- Поглавје 2 - Практични активности и методи во образованието за човекови права
- Поглавје 3 - Преземање акција за човекови права
- Поглавје 4 - Разбирање на човековите права
- Поглавје 5 - Информации во контекст на глобалните теми за човековите права
- Додатоци
- Речник