Image: Theme 'Remembrance' by Pancho

Сеќавањето е она што нè обликува. Сеќавањето е она што не учи. Мораме да разбереме дека таму е нашето откупување. Estelle Laughlin, преживеана од Холокаустот

Што е сеќавање?

Сеќавање: именка

  • Меморија или сеќавање во врска со одредена работа
  • Активност на запомнување
  • Споменик или запис за некој факт, личност и др.
    Англиски речник на Оксфорд

Грубото кршење на човековите права, злосторства како што се Холокаустот, трговијата со робови, геноцидот, војните и етничкото чистење не се забораваат или простуваат лесно од оние кои биле погодени. Сепак, сеќавањето е повеќе од само запомнување: сеќавањето е да се направиме себе да го одржуваме сеќавањето живо, или барем да не дозволиме да ги превидиме ужасите што се случиле во минатото. Кога сеќавањето е организирано од општеството или на официјално ниво од страна на владите, чест е случај луѓето да се сеќаваат за нешто што дури директно и не го доживеале самите. На жртвите или на оние кои директно биле погодени не им требаат такви вештачки потсетници: тие обично не можат да заборават. Официјалното сеќавање обично се организира за да другите во општеството, оние кои не биле директно погодени, се информаат и јавно го признаат страдањето на жртвите. Официјалното сеќавање може да им помогне на оние кои биле погодени од ужасните минати случувања да почувствуваат дека општеството како целина ја препознава нивната болка, ги осудува постапките што довеле до таа болка и обезбедува одредено уверување дека таквите постапки нема да се повторат во иднина. Сеќавањето на овој начин може да помогне да им даде на жртвите чувство на затворање (завршување), да им овозможи да се придвижат од минато.

Заборавањето не е лесно, дури и ако сакате да заборавите.
Г-дин. Баијахе преживеан од геноцидот во Руанда

Сепак, официјалното препознавање на ваквите настани може да биде важно и за општеството како целина. Општеството треба да ја „запомни“ својата историја - вклучително и оние настани што им го нарушиле животот на многумина - за да научи од минатото и да не ги повтори грешките за кои можеби било одговорно. Сеќавањето, кога се прави на правилен начин, може да послужи како предупредувачки сигнал за општеството: може да ни покаже како човековото делување или неделување , предрасуда, расизам, нетолеранција и други релативно вообичаени ставови можат, под одредени околности, да доведат до настани кои се навистина ужасни. Информациите во овој дел опфаќаат прашања поврзани со прашањето што општествата треба да направат да запомнат колективно - ужасни настани кога се случиле масовни кршења на човековите права. 

Прашање: Кои настани официјално се паметат во вашата земја?

Сеќавање и човековите права

Тоа е проблемот со исклучивото. Исклучивото станува нормално и тогаш тоа станува премалку и после треба да направиш повеќе исклучиво и повеќе исклучиво и повеќе исклучиво. И ножот насочен кон непријателот на крајот се втурнува во вас внатре, прободувајќи го самиот карактер на вашето општество и го убива точно она што требаше да се брани.
Правда Алби Сакс

TНе постои човеково право кое е директно поврзано со чинот на сеќавање, но видот на настани за кои што општеството чувствува потреба да се паметат се скоро секогаш оние каде човековите права на одредени групи на лица биле целосно игнорирани. Се сеќаваме на нацистичкиот холокауст затоа што Евреи, Роми, инвалиди, хомосексуалци, луѓе со одредени политички убедувања и луѓе од Словенска националност биле третирани како помалку важни човечки суштества и доживеале кршење на скоро секое нивно човеково право. Се сеќаваме на војни, пред се затоа што има моменти кога смртта во голема мера ги потсетува и цивилите и оние што се вклучени во борбите. Се сеќаваме на депортации или случаи на етничко чистење не само заради фактот дека жртвите доживеале систематски повреди на своите човекови права, туку и затоа што прекршувањата биле насочени кон овие конкретни групи, а без друга причина освен тоа што групите се сметале за помалку-човечки, како луѓе кои не се достојни за целиот спектар на човекови права. Се сеќаваме на геноциди затоа што тие се настани кога елиминацијата на цели народи се прави намерно. Елиминацијата е страшна, но планирањето, намерата да се елиминира, погодува во најосновниот принцип на човековите права: дека сите луѓе треба да се сметаат за еднакви во достоинството и правата.

Конвенција за спречување и казнување на геноцидот како кривично дело 
Член I
: Државите членки потврдуваат дека геноцидот, без оглед дали е извршен во време на мир или во време на војна, претставува кривично дело според меѓународното право што тие го преземаат и се обврзуваат да го спречат и казнат.
Член II: Во оваа Конвенција, геноцид значи било кое од следниве дејства извршени со намера да се уништи, во целост или во дел, национална, етничка, расна или верска група, како таква:
(а) Убивање на членови на групата
(б) Предизвикување сериозни телесни или ментални оштетување на членовите на групата
(в) Намерно влијаење на условите на живот на групите, пресметано за да донесе физичко уништување во целост или делумно
(г) Наметнување мерки наменети за спречување на раѓања во групата
(д) Присилно пренесување на деца од групата во друга група.

Кои човекови права?

Масовно кршење на човекови права од таков вид што заслужуваат да бидат запаметени скоро секогаш вклучуваат дискриминација. Со прекршувања во рамките на една земја - на пример, масовни депортации или етничко чистење - тоа е обично лесно да се идентификува. Со геноцидот, аспектот на дискриминација е исто така јасен. Но, со војни меѓу државите ние ретко гледаме дали на луѓето од „непријателската“ земја гледаме како на помалку вредни од нас самите. Ако гледавме, можеби ќе вложевме повеќе напор за градење мир или ќе преговаравме отколку да се свртиме кон војување.
Една од карактеристиките на видот на настани кои земјите имаат тенденција да ги запомнат се оние кои вклучуваат прекршувања во целиот спектар на човекови права. Жртвите кои починале - оние чие право на живот било отфрлено - вообичаено се оние на кои официјално се сеќаваат или официјално се сметаат за такви. Сепак, настани како што се војна или геноцид, исто така, имаат влијание врз огромен број на други поединци кои можеби „преживеале“, но кои покасно стануваат жртви – кои честопати страдаат долго после таквиот настан.

Холокаустот се смета за парадигма за секаков вид кршење на човековите права и злосторство против човештвото; сите жртвите се земени во предвид.
Совет на Европа1

Кога е уништена инфраструктурата на една земја, или кога бројот на бегалци кои избегнале етничко чистење ги надминува услугите на нивната нова земја-домаќин, „жртвите“ на првичнотодејство се мултиплицираат. Новите методи на војување оставаат зад себе неексплодирани средства што убиваат или осакатуваат, оставаат хемиски остатоци што предизвикуваат штети по здравјето и оставаат уништена инфраструктура што не може да ги задоволи основните потребите на оние кои можеби преживеале. Ако не ги препознаеме „покасно настанатите“ жртви на ужасните настани и не можеме да добиеме точна слика за вкупниот број на оние кои можеби страдале, како тогаш можеме да ги процениме последиците од таквите настани? Како можеме да ги „запомниме“ точно и како можеме да учиме од нив за во иднина?

Агент Портокал 
Агент Портокал беше дефолијатор (хербицид што ги уништува лисјата) масовно користен во војната во Виетнам. Неговите ефекти врз животната средина и врз луѓето продолжуваат и денес. Околу 4,8 милиони луѓе од Виетнам биле изложени на Агентот Портокал, што резултираше во убиство или осакатување на 400.000 луѓе, а 500.000 деца биле родени со вродени дефекти. Во 2010 година, жртвите сè уште бараа правда и обештетување од судови во Соединетите Американски држави.

Прашање: Кои жртви од Втората Светска војна се „бројат“ во вашата земја? Можеш ли да се сетиш на други чиј живот бил скратен, но не се вклучени во официјалните бројки?

Заборавање на човековите права

Овој грев ќе го прогонува човештвото до крајот на времето. Тој ме прогонува и мене. И јас сакам да биде така.
Јан Карски, кој ја однесе пораката за Полското Гето до воените сојузници и не му поверуваа.

Кога на ужасните настани им се дава „официјален“ статус како нешта кои што општеството никогаш не треба да ги заборави, преживеаните или луѓето кои биле погодени од настаните можат да имаат некаква утеха затоа што општеството признало дека дејството било погрешно. Тие исто така можат да имаат надеж дека веќе не се сметаат за група на луѓе чии права можат да бидат занемарени. За жал, многу народи ширум светот не ја добија дури ни оваа мала утеха: бројот на ужасни настани кои што општествата не ги паметат се многу повеќе од оние што ги признаваме и ги одбележуваме.

Има некои настани кои се запаметени, но на кои не се потсетуваме или не ги знаеме во секој детал:

  • Колку навистина знаеме за ужасните детали од трговијата со робови, за бројот на убиени и застрашувачките услови во кои робовите биле депортирани и натерани да работат?
  • Низ Европа се сеќаваме на Втората светска војна и масовното убиство на Евреите, но колку луѓе се сеќаваат на другите групи кои биле мета на нацистите? Дали сме свесни дека како процент од населението, Ромите изгубиле многу ако не и повеќе од нивните членови одколку Евреите?
  • Колку ја препознаваме улогата што ја одигра нашата сопствена земја во Втората светска војна - на која и да било страна на која се борела? Војните се ужасни времиња и понекогаш се чини дека сите средства се оправдани за да се заврши војната или да се победи непријателот. Сепак, постојат стандарди дури и за време на војна и масовните бомбашки напади на германските градови, каде стотици илјади цивили беа убиени, скоро сигурно ги прекршија овие стандарди.
  • Како ги сфаќаме злосторствата на Сталинизмот, вклучувајќи ги масовните депортации и глад? Кој треба да се сеќава на нив денес?
  • Што правиме за сеќавање на геноцидот на Ерменците и другите христијани во време на последните години од Отоманската империја?
  • Колку навистина се грижиме да знаеме за ефектите на колонијализмот во африканските земји, на пример Конго или Алжир? Колку повеќе преферираме да не сакаме да знаеме?

Прашање: За колку од настаните наведени подолу сте слушнале ? Можете ли да се сетите на други слични видови на ѕверства во кои вашата земја била вклучена?

Нашата иднина е подобра од нашето минато.
Бен Окри

Постојат и други настани што едвај се паметат, дури и од држави што имале улога во нивното предизвикување - па дури и кога минатото страдање продолжило да игра улога во кршење на правата искусени до денес:

  • Во 1966 година Нигерија претрпе граѓанска војна и беа направени обиди Нигерија целосно да се ослободи од Бијафраните. Сите можни средства беа искористени за истребување и чистење на земјата од сите траги на Игбо и Источњаците. Обединетото Кралство, Русите, Источните Германци и Египјаните исто така учествуваа во она што доведе до убивање и тортура на милиони луѓе од Бијафра.2
  • Населението во Северна Америка пред доаѓањето на Колумбо во 1492 година се проценуваше на 1,8 и 12 милиони. Во текот на следните четиристотини години, нивниот број се намалил на околу 237,000. Многу домородни Американци биле директно убиени од европски колонизатори; други починале од болести што ги донесле колонизаторите.

Ние стануваме она што сме само со радикално и цврсто одбивање на она што другите направија од нас.
Жан Пол Сартр

„..Европските христијански освојувачи систематски убиваа уште домородни луѓе, од Канадскиот Арктик до Јужна Америка. Тие користеа војни, смртни маршеви, присилно преместување во неплодни земји, уништување на нивниот главен извор на храна - Бафалото – и труење. Некои Европејци всушност пукаа во Индијанците како на мета за вежбање."3

  • Во 1885 година, Конго стана дел од Белгија, со указ на принцот Леополд. Огромна набавка на гума му помогна да го направи кралот еден од најбогатите луѓе во светот. Но, во некои области, до 90% од населението беше избришано затоа што тие се мешаа во обидите да ја задоволат зголемената побарувачка за гума. 

„Селаните беа камшикувани јавно, горени до смрт и рацете им беа отсекувани ако не произведеа доволно гума. На војниците им било наредено да им ги отсечат рацете на сите кои ги убиле како доказ дека не ја потрошиле залудно муниција што им била дадена. Во суштина секој војник требаше да донесе десна рака за секој испукан истрел."4

  • Во 1944 година, скоро целото население во Чеченија беше депортирано во текот на неколку дена, среде зима, на патување кое траеше 2 или 3 недели. Тие беа натоварени во камиони за добиток и им беше дозволено да земат оброци за само 3 дена. Се смета дека помеѓу една третина и половина од целата нација умреле или на патот или потоа во егзил. Други етнички групи од Кавказ исто така претрпеа депортација на масовно ниво, како и Полјаците, Германците од Волга, луѓето од Балтичките држави и Кримските Татари.

Депортација на Чеченците

Препорака на Европскиот парламент до Советот на ЕУ за односите со Русија [Европскиот парламент] Верува дека депортацијата на целиот чеченски народ во Централна Азија на 23 февруари 1944 година по наредба на Сталин претставуваат чин на геноцид во смисла на Четвртата хашка конвенција од 1907 година и Конвенција за спречување и репресија на криминалот на геноцид, донесена од Генералното собрание на ООН на 9 декември 1948 година5

Заштита на човековите права преку сеќавање

Сите што ја сфатија сериозно опомената „Никогаш повеќе“ мора да се запрашаат–набљудувајќи ги ужасите во светот околу нас– дали ја користевме таа фраза на почетокот или на крајот на нашата морална грижа.
Харолд Зин, историчар

Врската помеѓу сеќавањето и човековите права треба да ги прошири и наназад и нанапред во времето. Ужасни настани кои се случиле преку човечкото дејствување или недејствување активност заслужуваат да бидат запаметени делумно како знак на почит кон жртвите кои загинале или настрадале на некаков начин во минатото. Сепак, аспектот на сеќавањето во иднината е подеднакво важен и многу почесто запоставен, особено кога вклучува потреба од признавање на нашата сопствена улога во предизвикување на ужасни настани. Официјалното сеќавање вообичаено е организирано од владите, а владите не се секогаш подготвени за прифаќање на грешките од минатото или од преземање дејства кои имале сериозни последици во однос на човековите права. Земјите имаат тенденција да се сеќаваат на сопствените победи и сопствените жртви, но тие многу ретко ги признаваат жртвите на другите земји. Еден генерал на САД ја кажа познатата изјава на почетокот на конфликтот во Авганистан дека „не ги пребројуваме телата“. Тоа значеше дека не ги броиме авганистанските жртви на војната, но секако секоја земјата ги „брои“ своите жртви, без оглед дали се воени или цивилни. Колку од земјите кои во моментот се вклучени во конфликтот во Авганистан се обидоа да направат евиденција за цивилни жртви во оваа земја, само нивни или сите жртви?

Ако сеќавањето е да ни помогне да избегнеме идно масовно кршење на човековите права, треба да бидеме искрени кога се погледнуваме себеси! Треба да бидеме свесни за последиците од официјалната политика во нашата земја што може да предизвика кршење на човековите права во други земји. Треба да ги признаеме грешките што можеби сме ги направиле во минатото и да ги забележиме оние што можеби сега ги правиме. Само тогаш може да започнеме да учиме од нив.

Прашање: Дали некој од официјалните настани за сеќавање или споменици во вашата земја се потсетување на грешки или злосторства извршени од страна на вашата сопствена влада?

Враќање на правдата

Не може да се заборави

Фашистите ни ги уништија животите, така што и денес не можеме да заборавиме. Денес талкаме низ цела Европа, барајќи го она што ни го одзедоа фашистите. Меѓу нас има деца кои имаат мајки Роми и татковци Германци – деца чии мајки биле силувани и така дошле на свет, деца како Ј.С. и А. кои талкаат со нас како Роми, а не како Германци. Тие, исто така, бараат место каде што можат да останат и да водат значаен, достоинствен живот.
Сефедин Јонуз

Многу е тешко да се изгради демократија која го почитува владеењето на правото кога луѓе кои извршиле масовни злосторства не се казнети и им е дозволено да се шетаат наоколу по улици.
Human Rights Watch

Нацистичкиот холокауст, заедно со Втората светска војна, веројатно е најдобро „запаметен“ настан низ цела Европа. Сепак, Ромите, кои беа едни од најтаргетираните групи и жртви, сè уште се луѓе кои страдаат од страшна дискриминација низ цела Европа. Во изминатите неколку години, во бројни држави на Советот на Европа, видовме повреда на правата на Ромите, кои беа осудени од меѓународните тела за човекови права. Јасно е дека нашите методи на „запомнување“ на холокаустот - и учењето од него - се чини дека се несоодветни.

Општо земено, се верува дека има четири основни елементи за враќање на правдата на жртвите на ужасни злосторства:
1. Признавање на кривичното дело
2. Осудување на постапките кои довеле до тоа
3. Надоместоци за преживеаните
4.Запомнување што се случило, за постапките да не се повторат.

Признавање 

Жртвата што ја одбележаа беше во целост машка и воена. Гробиштата не беа дизајнирани како места за сеќавање на жртвите жени, деца, бегалци или животни. Нивниот дизајн ја одбележуваше смртта, но не и другите перспективи од животот на борците - страв, нечистотија, здодевност - ниту хумор, другарство или оставка.
Соња Батен

Признавањето на она што се случи им помага на луѓето - поединци и земји - да се помират со минатото и им помага да се движат напред социјално, политички и економски. Признавањето може да биде официјално извинување од страна на една држава. Во Јужна Африка по ерата на Апартхејдот, во Мароко, Чиле и Аргентина и во поранешна Југославија процесот на признавање на одговорноста за злосторствата во голема мера беше помогнато од признавање на вистината и процесите на помирување. Неправедите не може да се исправат ако не се признаат. Страдањата на Ромите едвај се признати. Да беше тоа, можеби владите ширум Европа ќе преземеа посилни мерки за да им помогнат на луѓето чии сеќавања се сè уште сурови; и можеби би направиле повеќе за да се спречи континуираната дискриминација против нив.

Осудa

Кога кривични дела се извршени, треба да се направи целосна истрага, а оние кои се одговорни да бидат осудени и изведени пред суд. Со воспоставувањето на Меѓународниот кривичен суд - и можноста кривичните дела на геноцид сега да можат да се слушнат - постои шанса масовните прекршувања на човековите права да се разгледаат правилно и да следи осуда. Како и да е, важно е дека Судот се смета за потполно објективен и дека не паѓа во грешките што ги направил Судскиот процес на Нирнберг, за кој многумина сметаат дека ја вклучува „правдата на победникот“. Правилната осуда треба да ја земе предвид улогата на сите страни во било кој конфликт или било кој чин на геноцид - без разлика дали на оние од страна им се чини јасно дека едната страна треба првенствено да се обвини. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) беше критикуван од многумина за неземање предвид на кампањата на бомбардирањето на НАТО и покрај доказите на Амнести Интернешнл и други организации за човекови права дека воени злосторства биле направени од двете страни.

Прашање: Дали оние што тврдат дека дејствуваат за да ги заштитат човековите права треба да бидат осудени ако и тие ги прекршат човековите права ?

Надомест

Од Втората светска војна, Германија донесе голем број закони кои обезбедуваат компензација за лицата кои страдале од прогонство од страна на Нацистите. Во 1951 година Конрад Аденауер, првиот канцелар на Сојузната Република Германија, изјави: „Во наше име, се извршени кривични дела кои не можат да се опишат со зборови и бараат обештетувања и враќања, како морални, така и материјални, за лицата и имотите на Евреите кои биле толку тешко повредени“. Сепак, дури во 1979 г. прогонството на Ромите од нацистите беше идентификувано како расно мотивирано. Иако тогаш станаа квалификувани да аплицираат за компензација за страдањето, многумина веќе беа починати. Има изобилство на други примери, како што се жените кои биле силувани за време на војните во поранешна Југославија и кои не добиле никаква компензација за тоа.

Запомнување

Дури и кога еден настан ќе стана достоен за официјално сеќавање - и жртвите се признати како вистински жртви - начинот на кој се организираат сеќавањата и пораките што се праќаат во општеството, може да не успее да ги идентификува „правилните“ лекции кои треба да се научат. Да бевме навистина успешни во запомнување на ропството и другите злосторства од колонијалната ера, дали земјите кои ги извршиле овие злосторства не би биле сигурни дека нивниот народ бил целосно свесен за степенот на страдањата, кои билие предзвикани? Доколку е официјалните сеќавања на Втората светска војна беа искрени, зарем не би ги признале и воените злосторства извршени од страна на силите на Сојузниците? И, ако бевме успешни во запомнувањето на самиот холокауст, не би го признале страдањето на инвалидите, хомосексуалците и Ромите? Сеуште, овие три групи продолжуваат да бидат едни од најдискриминираните низ цела Европа.  .

Прашање: Што мислите дека беа „вистинските“ лекции на нацистичкиот холокауст?

Страдањето на Евреите е добро познато и добро признато. Сепак, освен признавање на страшните и криминални страдања што ги доживеа оваа група, вистинските лекции на холокаустот сигурно мора да бидат и за дискриминација против која било која група. Важно е, при признавањето на злосторствата од минатото, дека поранешните жртви не се изземени од тековни кршења на човековите права. Во спротивно, лекциите за холокаустот стануваат едноставно дека еврејскиот народ никогаш повеќе не треба да страда како што страдал - а не дека никој друг не смее да страда. Без признание, осуда, компензација и сеќавање, веројатно е дека сеќавањето на неправдата и масовното кршење на човековите права ќе се користат за да се оправдаат дејствијата. Манипулацијата со колективните сеќавања за цели на националните политички агенди остануваат сериозна закана низ цела Европа. Полемиките покренати во Шпанија за враќање на достоинството на жртвите од граѓанската војна во Шпанија и тензиите помеѓу и во рамките на Ерменија и Турција за присилното масовно раселување, со последователни смртни случаи како и целосни убиствата на етничките Ерменци во 1915 година под Отоманската империја, се само два примери за ризик од употреба на сеќавањата за создавање на понатамошен раздор и конфликт.

Усна историја

Методологијата за усна историја се фокусира на луѓето како агенти на историјата и ја користи меморијата како средство за донесување на смисла на минато во сегашноста. Здружувајќи лични спомени и приказни од различни страни во конфликтот, усната историја се фокусира на луѓето но воедно промовирајќи повеќекратни перспективи на историјата и поддржување на помирувањето. Запомнете за иднината е проект на DVV International (германско здружение за образование на возрасни) што користи усна историја за поддршка на помирување и дијалог; на проектот се фокусираше на Југоисточна Европа, но се разви и во другите региони и партнери, вклучително и Ерменија и Турција и Руската Федерација.6

Работа на Советот на Европа

Образование 

Сакаме спомениците да бидат центри за размена на идеи, а не збирки на коски.
Илдефонс Каренгера, директор за сеќавање и спречување на Геноцид во Руанда

Советот на Европа, кој се појави од урнатините на Втората светска војна, ги дефинираше своите основни цели со цел да се спротивстави на тоталитарните идеологии кои доминираа во првата половина на 20 век и резултатите од нив: нетолеранција, раздвојување, исклучување, омраза и дискриминација. Вредностите за кои Советот на Европа се залага - демократија, човекови права и владеење на правото – се дел од превентивните повоени напори што гарантираат изградба на Европското општество се обидува да научи да го почитува еднаквото достоинство на сите, благодарение на, меѓу другото, интеркултурениот дијалог. Од 1954 година, Европската културна конвенција ја истакна важноста за учење на историјата на сите земји-членки во нејзината европска димензија, со цел да се негуваат меѓусебното разбирање и да се спречат ваквите злосторства против човештвото повторно да се случуваат. Тоа беше во рамките на Учењето и наставата на историјата на Европа на 20 век, проектот во училиштата каде што темата за холокаустот го најде своето место. Во 2001 година, Советот на Европа го воведе Ден на сеќавање за холокаустот и за спречување на злосторства против човештвото, со цел развивање и цврсто воспоставување на учење на овој предмет низ цела Европа. Нема еден посебен датум за Европскиот Ден на сеќавање. Секоја земја-членка треба да избере датум што одговара на нејзината национална историја и на овој начин да се осигура дека учениците се свесни дека тоа е нивно културно наследство за кое се зборува. 

Историските контроверзии не треба да ги држат како заложници човековите права. Еднострани толкувања или искривувања на историските настани не треба да се дозволи да водат кон дискриминација на малцинствата, ксенофобија или обновување на конфликт. Новите генерации не треба да се обвинуваат за нешта што направиле нивните прататковци. Томас Хамарберг, Комесар на Советот на човекови права на Европа

Парламентарното собрание редовно повикува на мултиперспективност во настава по историја. Во својата препорака 1880 (2009), собранието потврди дека „историјата исто така има клучна политичка улога во денешна Европа. Може да придонесе за поголемо разбирање, толеранција и доверба помеѓу поединците и помеѓу народите во Европа или може да стане сила за поделба, насилство и нетолеранција“. Учењето на историјата може да биде алатка за поддршка на мирот и помирување во конфликтите и во области после конфликтот. Препораката нагласува дека може да има многу ставови и толкувања на исти историски настани и дека постои валидност во мултиперспективниот пристап кој им помага и ги охрабрува учениците да ја почитуваат различностите и разликата на културите, наместо конвенционално учење историја, које „може повеќе да ги зајакне негативните аспекти на национализмот“. Заедничка историја за Европа без линии за раздвојување е проект по историја кој се спроведуваше со историчари, дизајнери на наставни програми, автори на учебници, писателина други педагошки материјали и обучувачи за наставници по историја. Проектот се обидува да го потенцира заедничкото историско наследство на народите во Европа преку подобро познавање на историските интеракции и конвергенции, со цел превенција на конфликти давање поддршка за процесите на помирување.

… Сè што е можно требада се направи во сферата на едукацијата за да се спречи повторување или негирање на уништувачките настани што го обележаа овај век, имено Холокаустот, геноциди и други злосторства против човештвото, етничко чистење и масовно кршење на човековите права и основните вредности за што Советот на Европа е особено посветен.
Комитет на миснистри на Советот на Европа7

Советот на Европа го смета пренесувањето на сеќавањето на Холокаустот и спречувањето на злосторства против човештвото како да одат рака под рака со промовирањето на неговите основни вредности и интеркултурен дијалог. Предлози за дејствување вклучуваат специјални настани, обука на директорите на младинските движења, младинските здруженија и специјализирани невладини организации давајќи им особено внимание на борбата против негирањето на холокаустот и ревизионизмот. Ова ќе се одвива преку ad hoc обуки за наставниците кои се справуваат со ставовите на ранливите тинејџери во потрага по нивниот идентитет и веројатно под влијание на исклучување на демагогијата или фасцинираноста од ужасите на холокаустот. Во исто време, ќе треба да се обрати внимание на новите средства за комуникација кои особено ги користат младите, за мрежно поврзување и за пренесување на пораката преку „мултипликатори“.

Млади

Сеќавањето е важно за младите луѓе. Освен вмешаност во вооружени конфликти - како сторители или цели на кршење на човековите права - младите луѓе се примарна цел на активности и проекти за сеќавање затоа што преку нив треба да се изврши помирувањето и дијалогот. Многу меѓународни младински организации беа создадени, со цел да се надминат омразата и предрасудите; меѓународната солидарност значи дека ќе ги замени националистичките и ксенофобичните погледи на светот. Создавање на Франко-германската канцеларија за млади во 1963 година е пример за посветеност за помирување и улогата на младите во неа. Канцеларијата беше формирана од Франција и Германија за да промовира дијалог и размена помеѓу младите французи и германци, а сега вклучува и други земји.

Прашање: За што, во историјата на вашата земја, сметате дека вие сте исто така одговорни?

Луѓето без меморија се во опасност да ја загубат својата душа.
Ngugi wa Thiong'o

Младинските организации традиционално се активни, директно и индиректно, во активности за сеќавање со млади луѓе. Организации претставувајќи ги младите луѓе кои припаѓаат на малцинствата во Европа се носители на сеќавање и идентитет на овие заедници. Согласно на тоа, тие имаат и директна едукативна функција за своите членови и улога како претставници на малцинствата во рамките на поширокото општество. Други младински организации се активни во информирањето и подигањето на свеста за прекршувања на главните човекови права и во промовирање на помирувањето и дијалогот. Европскиот младински Центар и Европската младинска фондација активно ги поддржуваат ваквите активности. Овие вклучуваат свесност и учење од и за холокаустот, за Ерменскиот и Руандскиот геноцид, соработка и градење на мир низ различни заедници и вклучување во дијалог со „другите страни“ во конфликт, како во Младинскиот мировен камп. Европската унија на еврејски студенти, во соработкасо други организации, иницираше низа едукативни активности за геноцидот со тоа што заедно ја обедини работата за холокаустот со другите геноциди, вклучително и оние во Руанда и во Дарфур.

Скршете ги со притисокот на пропагандата или скршете ги со тортура. Не дозволувајте им да умрат; не дозволувајте им да се уништат до степен да не можат веќе да бидат испрашувани. 
Прирачник, на испрашувач од Камбоџа

Акциониот план за млади Роми предвидува важна димензија на зајакнување на идентитетот на млади Роми; ова вклучува знаење за историјата и јазикот на Ромите и во ромските заедници и надвор од нив, како што се активностите на Меѓународниот Ден на Ромите и Ден на сеќавање на геноцидот на Ромите и Синтите.

Фусноти

1 www.coe.int/t/dg4/education/remembrance/archives/dayRemem_en.asp
2 http://ositaebiem.hubpages.com/hub/BIAFRA-THE-FORGOTTEN-GENOCIDE
3 www.religioustolerance.org/genocide5.htm
4 http://globalblackhistory.blogspot.co.uk/2012/02/forgotten-history-king-leopold-and.html
5 Европски парламент, (2003/2230 (ИНИ))
6 www.historyproject.dvv-international.org 
7 Препорака Rec (2001) 15 од Комитетот на министри до земјите членки за наставата по историја во Европа од дваесет и првиот век

compass-key-date
  • 27 јануариМеѓународен Ден на комеморација во сеќавање на жртвите на Холокауст
  • 8 мартМеѓународен Ден на жената
  • 21 мартМеѓународен Ден за елиминација на расна дискриминација
  • 7 априлДен на Сеќавање на жртвите на геноцид во Руанда
  • 1 мајМеѓународен Ден на работниците (трудот)
  • 5 мајДенот на Европа
  • 8-9 мајВреме на сеќавање и помирување за оние што ги изгубија нивните животи за време на Втората Светска Војна
  • 21 мајСветски Ден за културна разноликост за дијалог и развој
  • 26 јуниМеѓународен Ден на Обединетите Нации во поддршка на жртвите на тортура
  • 18 јулиМеѓународен ден на Нелсон Мандела
  • 2 августМеѓународен Ден на сеќавање на Холокаустот на Ромите, Порајемос
  • 6 августДенот на Хирошима
  • 9 августМеѓународен Ден на домородни луѓе на светот
  • 23 августМеѓународен ден во сеќавање на трговијата со робови и неговото укинување
  • 23 августЕвропски Ден на Сеќавање за жртвите на сталинизмот и нацизмот
  • 21 септемвриМеѓународен Ден на мирот
  • 9 ноемвриМеѓународен Ден против фашизмот и антисемитизмот
  • 29 ноемвриМеѓународен Ден на солидарност со Палестинскиот народ
  • 2 декемвриМеѓународен Ден за укинување на ропството