Материјали/ подготовка 

• Слики, по една слика засекој пар (Два или повеќе парови треба да добијат иста слика.)
• Хартија и пенкало, едно за двајца
• Лепило

Инструкции

1. Замолете ги учесниците да направат парови. Поделете им ги сликите, листовите хартија и пенкалата.

2. Поканете ги да анализираат. Кој? Што? Каде? Кога? и Како? на сликата.

3. Кажете им да ја залепат сликата на хартијата и да напишат облачиња со текст за ликовите во сликата.

4. Побарајте од паровите да ја споделат својата работа и да продолжатсо кратко резимирање:
• Колку беше тешко да ги анализирате сликите и да напишете облачиња со текст ?
• За паровите кои имаа иста слика, како може да се спореди вашата анализата на сликата?
• Кои стереотипи ги пронајдоа учесниците на сликите и во облачињата со текст?

Совети за обучувачите Goto top

Не мора да ја ограничите групата само на слики на луѓе. Зошто да не вклучите слики со животни? Ова може да биде особено плодно ако сакате да ги натерате луѓето да зборуваат за стереотипи. Може да започнете со укажување за тоа колку често животните се модел за стереотипи во цртаните и потоа побарајте од групата да побара примери на стереотипи во нивните слики и говорни облачиња. Некои илустрации на Панчо во Глава 5 даваат добар материјал за оваа активност.Goto top