Европска конвенција за човекови права

како што е изменета со Протоколите бр. 11 и 14 од нејзиното влегување во сила на 1 јуни 2010 година.

Конвенција за заштита на човековите права и основни слободи

Рим, 4.XI.1950

Владите потписнички, членки на Советот на Европа, имајќи ја предвид Универзалната декларација за човековите права, која Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои на 10 декември 1948 год. Имајќи предвид дека таа Декларација има за цел обезбедување на универзално и ефективно признавање и почитување на правата утврдени со неа; Имајќи предвид дека целта на Советот на Европа е да постигне поголемо единство меѓу своите членови и дека едно од средствата за постигнување на таа цел представува заштитата и почитувањето на човековите права и основните слободи; Реафирмирајќи ја својата длабока верба во основните човекови слободи, кои што ги чинат темелите на правдата и мирот во светот, и кои што сé најдобро заштитени преку вистинската политичка демократија и заемното разбирање и почитување на човековите права, од кои ce зависни; Решени, како влади на европски земји, со исти стремеж и изаедничко наследство на политичка традиција, идеали, почитување на слободата и правната држава, да ги направат првите чекори за колективно гарантирање на определени права утврдени со Универзалната декларација. Се согласија за следното: 

Член 1-Обврска за почитување на човековите права

Високите договорни страни, на сите лица под нивна јурисдикција, ќе им го обезбедат исполнувањето на правата и слободите утврдени во Делот I од оваа конвенција.

ДЕЛ I-ПРАВА И СЛОБОДИ

Член 2-Право на живот

1. Правото на живот на секој човек е заштитено со закон.Никој не смее намерно да биде лишен од живот, освен при извршување на судска пресуда со која лицето е прогласено за виновно за извршување на деликт, санкциониран со ваква казна.

2. Лишувањето од живот нема да се смета за спротивно на овој член доколку настапило како резултат на употреба на апсолутно неопходна сила;

а. при одбрана на било кое лице од незаконско насилие;

б. при законско лишување од слобода или спречување на бегство на лице, притворено во согласност со законот;

в. при законско спречување на немир или бунт.

Член 3-Забрана на мачење

Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Член 4-Забрана на ропство и принудна работа

1. Никој не смее да биде држен во ропство или ропска зависност.

2. Никој не смее да биде присилен да врши принудна или задолжителна работа.

3. За «принудна или задолжителна работа», според овој член, нема да се смета:

а. секоја работа која редовно се бара од притворените лица, согласно на одредбите од членот 5 од оваа Конвенција или за време на условниот отпуст од притвор;

б. секоја служба од воен карактер или некоја друга служба наместо задолжителното служење на воениот рок, кога се работи за лица кои се повикале на приговор на совеста, а кое важи за оние земји кои тоа го дозволуваат;

в. секоја служба која е наложена во случај на вонредна состојба или неред кој ги загрозува животот и благосостојбата на заедницата;

г. секоја работа или служба која е составен дел на вообичаените граѓански обврски.

Член 5-Право на слобода и сигурност

1. Секој има право на слобода и сигурност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен во законска постапка, во долу наведените случаи:

а. издржување на казна затвор по осудувачка пресуда на надлежен суд;

б. законско лишување од слобода или притвор поради неизвршување на законски налог на судот или со цел обезбедување на извршување на обврска пропишана со закон;

в. законско лишување од слобода или притвор на лице, со цел негово приведување пред надлежни судски органи, кога постои оправдано сомнение дека тоа лице сторило кривично дело или кога е тоа неопходно за да се спречи извршување на кривично дело или бегство на осомничениот по извршување на кривично дело;

г. притвор на малолетник врз основа на судско решение за воспоставување на воспитна мерка или поради негово приведување пред надлежен судски орган;

д. притвор со цел да се спречи ширењето на некоја заразна болест, на ментално оболени лица, алкохоличари, токсикомани или скитници; … законско лишување од слобода или притвор на лице, со цел да се спречи негово илегално влегување во земјата или против кое се води постапка за негово протерување или екстрадикција.

2. Секој кој е лишен од слобода веднаш ќе биде известен, на јазикот што го разбира за причините поради кои е лишен од слобода и за сите обвиненија против него.

3. Секој кој е лишен од слобода или притворен согласно на одредбите од ставот 1 в. од овој член навремено ќе биде изведен пред судија или друго службено лице овластено со закон да ја врши судската власт, ќе има право да му биде судено во разумен рок или да биде пуштен(а) на слобода во текот на судската постапка. Пуштањето може да се услови со барање на гаранција дека лицето ќе се појави на судењето.

4. Секој кој е лишен од слобода или притворен има право да изјави жалба, по која судот ќе одлучи во најкус можен рок и ќе нареди негово ослободување, доколку лицето било незаконски притворено.

5. Секое лице кое било жртва на апсење или притворање, спротивно на одредбите на овој член, има право на обештетување.

Член 6-Право на правично судење

1. Секој, при определување на неговите граѓанските права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон. Пресудите ќе се изрекуваат јавно, но печатот и јавноста може да се исклучат во дел или во целиот тек на постапката поради заштита на моралот, јавниот ред или националната безбедност на едно демократско општество, потоа, кога заштитата на интересите на малолетен престапник или приватниот живот на странките во постапката тоа го наложува, или кога судот го смета тоа за стриктно неопходно, кога постојат посебни околности, при кои јавноста на постапката би можела да им наштети на интересите на правдата.

2. Секој кривично обвинет ќе се смета за невин сé додека не се докаже дека е виновен во согласност со законот.

3. Секој кривично обвинет ќе ги има следниве минимални права:

а. да биде веднаш детално известен, на јазикот што го разбира, за природата и основата на обвинението против него;

б. да има доволно време и адекватни услови за да ја подготви својата одбрана;

в. да се брани самиот или од страна на бранител по свој избор, или доколку не располага со средства за бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога интересите на правдата тоа го бараат;

г. сам да ги сослуша или да овласти некој друг да ги сослуша сведоците кои што го товарат, како и да обезбеди присуство и сослушување на сведоци во своја полза, под истите услови кои важат за сведоците што го товарат;

д. бесплатно да добие преведувач доколку не го разбира или не го зборува службениот јазик на судот.

Член 7-Нема казна без закон

1. Никој нема да се смета за виновен за било кое кривично дело, сторено со правење или пропуштање на дејствие, кое во времето на извршувањето не претставувало кривично дело ни според домашните, ни според меѓународните прописи. Ниту пак, ќе се изрече потешка казна од онаа која била пропишана во времето кога кривичното дело било извршено.

2. Овој член нема да се применува во однос на постапката и казната изречена на било кое лице, за било кое дејство или воздржување од дејствие, кое во времето кога е сторено, претставувало кривично дело според општите правни принципи признати од страна на цивилизираните народи.

Член 8-Право на почитување на приватниот и семејниот живот

1. Секој има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката.

2. Нема да постои никаво мешање од страна на јавната власт при остварувањето на ова право, освен во согласност со законот и доколку é тоа неопходно во едно демократско општество за заштита на националната безбедност, јавната сигурност или економската благосостојба во земјата, за спречување на немири или извршување на кривично дело, за заштита на здравјето и моралот, или за заштита на правата и слободите на другите.

Член 9-Слобода на уверување, совест и религија

1. Секој има право на слобода на уверување, совест и религија, вклучувајќи го и правото на промена на религијата или уверувањето: и слободата да сам или во група, во јавност или приватно, ја изрази својата религија или убедување, преку почитување, поучување, богослужба и обред.

2. Слободата на изразување на религијата или убедувањето може да се ограничи само со закон и доколку е тоа неоходно во едно демократско општество во интерес на националната безбедност, јавната сигурност, здравјето или моралот или за заштита на правата и слободите на другите.

Член 10-Слобода на изразување

1. Секој има право на слобода на изразување. Ова право ја вклучува слободата на сопствено мислење и примање и пренесување на информации или идеи без било какво мешање на јавната власт и без оглед на државните граници. Овој член не ги спречува државите да доделуваат лиценци за работа на претпријатијата за радиодифузија, телевизиски пренос и кината.

2. Остварувањето на овие слободи, бидејќи со себе носи и одговорност, може да се подложи на формалности, услови, рестрикции или казни определени со закон и неопходни во едно демократско општество, во интерес на националната безбедност, територијалниот интегритет или јавната сигурност, за заштита од немири или кривично дело, на здравјето или моралот, репутацијата или правата на другите, за заштита од откривање на доверливи информации или за одржување на авторитетот и непристрасноста на правосудството.

Член 11-Слобода на собирање и здружување

1. Секој има право на слободно, мирно собирање и на здружување со други, вклучувајќи го и правото да основа и да стане член на синдикат за ги заштити своите интереси.

2. Остварувањето на овие права може да се ограничи само со закон и само доколку тоа е неопходно во едно демократско општество, во интерес на националната безбедност или јавната сигурност, за спречување на неред или кривично дело, за заштита на здравјето и моралот или за заштита на правата и слободите на другите. Овој член не го спречува поставувањето на законски ограничувања за припадниците на воружените сили, полицијата или државната администрација.

Член 12-Право на брак

Од моментот кога ќе станат способни за брак, мажот и жената имаат право да склучат брак и да создадат семејство според домашното законодавство кое ја уредува оваа материја.

Член 13-Право на ефективен лек

Секој, чии права и слободи определени во Конвенцијата се повредени ќе има ефективен лек пред домашните органи, без оглед на тоа што повредата била сторена од лица кои вршеле службена должност.

Член 14-Забрана на дискриминација

Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, ќе се обезбеди на сите без дискриминација, без оглед на пол, раса, боја на кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, род или друг статус.

Член 15-Дерогација во време на вонредна состојба

1. Во случај на војна или општа опасност, која го загрозува опстанокот на нацијата, секоја од Високите страни договорнички може да преземе мерки со кои ќе ги дерогира своите обврски предвидени со оваа конвенција, во обем кој што стриктно го наложува ситуацијата и под услов таквите мерки да не бидат во спротивност со другите обврски кои што произлегуваат од меѓународното право.

2. Под оваа одредба не се дозволува никаква дерогација од членот 2, освен во случај на смрт настаната како последица на дозволени воени активности, ниту пак од членовите 3, 4 (став 1) и 7.

3. Секоја од Високите страни договорнички која го користи ова право на дерогација е должна исцрпно да го информира Генералниот секретар на Советот на Европа за мерките кои што ги презела и причините за тоа. Исто така, ќе го информира Генералниот секретар на Советот на Европа за престанокот на примената на тие мерки и за повторното целосно важење на Конвенцијата.

Член 16-Ограничување на политичката активност на странците

Ниедна одредба од членовите 10, 11 и 14 нема да се смета како забрана за Високите договорни страни да наметнат ограничувања на политичките активности на странците.

Член 17-Забрана за злоупотреба на правата

Ниедна одредба од Конвенцијата нема да се толкува на начин кој имплицира право на една држава, група или лице, да се вклучи во некоја активност или да изврши некој акт со цел да се уништи било кое од правата и слободите определени со Конвенцијата или нивно лимитирање во поголем опсег од оној предвиден со Конвенцијата.

Член 18-Рестриктивна употреба на ограничувањето на правата

Дозволените ограничувања за споменатите права и слободи согласно оваа конвенција ќе се применуваат само за целите за кои што се пропишани.

ДЕЛ II-ЕВРОПСКИ СУД НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Член 19-Основање на судот

Со цел да се обезбеди почитување на обврските од Конвенцијата и нејзините протоколи, преземени од страна на Високите договорнистрани, ќе се основа Европски суд за човековите права (во понатамошниот текст насловен како «Суд»). Тој ќе функционира на перманентна основа.

Член 20-Број на судии

Бројот на судиите во Судот ќе биде еднаков на бројот на Високите договорни страни кои ја потпишале Конвенцијата.

Член 21-Услови за вршење на функција

1. Судиите ќе имаат висока морална карактеристика и неопходни квалификации за вршење на високи судски функции или ќе бидат признати правни советници.

2. Судиите самостојно, во свој сопствен капацитет, ќе делуваат во Судот.

3. Во текот на мандатот, судиите нема да се занимаваат со активности кои се некомпатибилни со барањата за нивна независност, непристрасност или барањето да се работи со полно работно време; Судот ќе одлучува за сите прашања кои ќе произлезат од примената на овој став.

Член 22-Избор на судии

1. Судиите, од секоја Висока договорна страна, ќе бидат избрани од страна на Парламентарната Асамблеа, со мнозинство на гласови, од листа на три кандидати предложени од соодветната Висока договорна страна.

Член 23-Времетраење на мандатот

1. Судиите се избираат за период од девет години. Тие не може да биде реизбран.

2. Мандатот на судиите истекува кога ќе наполнат 70 годишна возраст

3. Судиите ќе бидат на функција сè додека не бидат заменети. Тие сепак ќе, продолжат да се справувате со случаи како што се веќе имаат предвид.

4. Ниту еден судија не смее да биде разрешен од функцијата, освен ако другите судиите не одлучат со мнозинство од две третини дека тој судија престанал да ги исполнува бараните услови

Член 24 - Регистар и известувачи

1. Судот има регистар, чии функции и организација се утврдени во правилата на Судот.

2. Кога заседава во формација на еден судија, Судот ќе биде потпомогнат од известувачи кои ќе функционираат под надлежност на претседателот на Судот. Тие ќе бидат дел на Регистарот на Судот.

Член 25 - Пленарен Суд

Пленарниот Суд ќе

(а) избира свој претседател и еден или двајца потпретседатели за период од три години; тие можат да бидат реизбрани;

(б) формира Комори, конституирани за определен временски период;

(в) ги избира претседателите на советите на Судот; тие можат да бидат реизбрани;

(г) ги усвојува правилата на Судот;

(д) избира Регистратор и еден или повеќе Заменицирегистратори;

(ѓ) поднесе барање според член 26 став 2

Член 26 – Формација на еден судија, Комитети, Совети и Голем Совет

1. За да ги сметаат предметите покренати пред него, Судот заседава во формација на еден судија, во Комитети од тројца судии, во Совети од седум судии и во Голем Совет од седумнаесет судии.

2. На барање на Пленарниот суд, Комитетот на министрите можат, со едногласна одлука и за одреден период, да го намалат бројот на судии на Коморите на пет.

3. Кога заседава судија поединец, судијата не треба да испитува било какво барање против Високата договорна страна во однос на кој е избран тој судија

4. Ќе седи (заседава) по службена должност судијата член од Канцеларијата на Советот и Големиот Совет избран во однос на Високата договорна страна. Ако не е избран или ако тој судија не е во можност да заседава, личност избрана од претседателот на Судот од листа која претходно е доставена од таа страна, ќе заседава во својство на судија.

5. Големиот Совет треба да го вклучи и претседател на Судот, потпретседателите, претседателите на советите и други судии избрани во согласност со правилата на Судот. Кога случајот е упатен до Големиот Совет според член 43, ни еден судија од Советот што ја донел пресудата не суди во Големиот Совет, со исклучок на претседателот на Советот и судијата кој седел во во однос на засегнатата висока договорна страна.

Член 27 - Надлежност на судија поединец

1. Судија поединец може да ја прогласи за неприфатлива или да ја отфрли од судска листа на случаи, поднесената апликација според член 34, каде што таквата одлука може да се донесе без дополнително испитување.

2. Одлуката е конечна.

3. Ако судијата поединец не го прогласи барањето за неприфатливо или не го отфрли, тој судија го испраќа до Комитет или до Совет за понатамошно испитување.

Член 28 - Надлежност на комитетите

1. Во врска со пријавата поднесена според член 34, Комитетот може, со едногласно гласање,

(а) да го прогласи за неприфатливо или да го отфрли од списокот на случаи, каде таквата одлука може да се донесе без понатамошно испитување; или

(б) го прогласи за поднесено и истовремено да донесе одлука за основаноста, ако основното прашање во случајот, врз основа на толкувањето или примената на Конвенцијата или нејзините протоколи, веќе е предмет на добро утврдена судска пракса на Судот.

2. Одлуките и пресудите од став 1 се конечни.

3. Ако судијата избран во однос на Високата договорна засегнатиот страна не е член на Комитетот, Комитетот може во која било фаза од постапката да го покани тој судија имајќи ги предвид сите релевантни фактори, вклучително и дали таа страна ја оспори примената на постапката под став 1.б.

Член 29 - Одлуки на Коморите за допуштеност и основаност

1. Ако не е донесена одлука согласно член 27 или 28, или нема донесена пресуда според член 28, Комората одлучува за прифатливост и основаност на поднесените индивидуални апликации согласно член 34. Одлуката за прифатливост може да се донесе одделно.

2. Комората одлучува за прифатливост и основаноста на меѓудржавни поднесени апликации според член 33. Одлуката за прифатливост се донесува одделно, освен ако Судот, во исклучителни случаи, одлучува поинаку.

Член 30 - Откажување од надлежност на Големиот совет

Кога случајот што се води пред Совет покренува сериозно прашање кое влијае на толкувањето на Конвенцијата или Протоколите или, ако решението на прашањето пред Советот може да има резултат што не е во согласност со претходната пресуда донесена од Судот, Советот може, во кое било време пред да ја донесе нејзината пресуда, да отстапи од надлежноста во корист на Големиот совет, освен ако една од страните во случајот не се спротивстави.

Член 31 - Овластувања на Големиот Совет

Големиот Совет ќе

(а) ги утврди апликаците поднесени или според член 33 или член 34 кога Советот се одрекол од надлежност според член 30 или кога случајот бил упатен согласно член 43;

(б) одлучува за прашања доставени до Судот од страна на Советот на министри во согласност со член 46 став 4; и

(в) ги разгледува барањата за советодавни мислења поднесени согласно Член 47

Член 32 - Надлежност на Судот

1. Надлежноста на Судот се протега на сите прашања што се однесуваат на толкувањето и примената на Конвенцијата и нејзините протоколи кои согласно тоа се наведени во членовите 33, 34, 46 и 47.

2. Во случај на спор за тоа дали Судот има надлежност, одлучува Судот.

Член 33 – Меѓу-државни случаи Секоја Висока договорна страна може да се обрати до Судот за наводни кршење на одредбите од Конвенцијата и Протоколите од него од страна на друга Висока договорна страна.

Член 34 - Индивидуални апликации

Судот може да прима апликации од кое било лице, невладина организација или група на лица кои тврдат дека биле жртва на повреда на една од Високите договорни страни на правата утврдени во Конвенцијата или Протоколите од него. Високите договорни страни се обврзуваат да не го попречуваат на било кој начин ефективното остварување на ова право.

Член 35 - Критериуми за прифатливост

1. Судот може да се занимава со оваа материја само по исцрпување на сите домашни правните лекови , во согласност со општо признатите правила на меѓународното право, и во рок од шест месеци од датумот на кој е донесена конечната одлука

2. Судот нема да постапува по ниту едно барање поднесено според член 34 што

(а) е анонимно; или

(б) е суштински исто со прашањето што веќе било испитано од Судот или веќе биле доставени за друга постапка на меѓународна истрага или порамнување и не содржи релевантни нови информации.

3. Судот ќе ја прогласи за неприфатлива секоја индивидуална пријава поднесена според член 34 ако смета дека:

(а) пријавата е некомпатибилна со одредбите од Конвенцијата или нејзините протоколи, очигледно неосновани или злоупотреба на правото на индивидуална примена; или

(б) барателот не претрпел значителен недостаток, освен ако почитувањето на човековите права, како што е дефинирано во Конвенцијата и нејзините протоколи, па според тоа бара испитување на апликацијата за основаноста и покажува дека во ниту еден случај не била одбиена по овој основ, што уредно не била разгледана од домашен трибунал.

4. Судот ќе го отфрли секое барање што ќе го смета дека не може да биде поднесено согласно овој член. Тоа може да го направи во било која фаза од постапката.

Член 36 - Интервенција на трети страни

1. Во сите постапки пред Советот или Големиот Совет, Високата договорна страна, од чија страна е подносителот, имаат право да достават писмени коментари и да учествува во сослушувањата.

2. Претседателот на Судот може, во интерес на соодветното спроведување на правдата,да ја покани било која Висока договорна страна која не е странка во постапката или кое било засегнато лице кое не е подносител на барањето да достави писмени коментари или да учествува во сослушувања.

3. Во сите постапки пред Советот или Големата Совет, Високиот комесар за човекови права на Советот на Европа може доставете писмени коментари и учествува во сослушувањата.

Член 37 - Отфрлање на апликациите

1. Судот може во која било фаза од постапката да одлучи да ја отфрли апликација од нејзината листа на случаи кога околностите доведуваат до заклучок дека

(а) барателот нема намера да ја продолжи својата апликација; или

(б) работата е решена; или

(в) од која било друга причина утврдена од Судот, не е повеќе оправдано да се продолжи со испитувањето на апликација. Сепак, Судот ќе продолжи со испитување на апликацијата доколку се почитуваат човековите права како што е дефинирано во Конвенцијата и како што бараат протоколите.

2. Судот може да одлучи да ја врати апликацијата во нејзината листа на случаи ако смета дека околностите ја оправдуваат таквата постапка.

Член 38 - Испитување на случајот

Судот ќе го испита случајот заедно со претставниците на странките и, доколку е потребно, ќе преземе истрага, за чие ефективно однесување засегнатите Високи договорни страни ќе ги обезбедат сите потребни податоци.

Член 39 – Пријателско решавање

1. Во која било фаза од постапката, Судот може да се постави на располагање на засегнатите страни со цел да се обезбеди пријателско решавање на предметот врз основа на почитување на човековите права како што е дефинирано во Конвенцијата и протоколите.

2. Постапката спроведена според став 1 е доверлива.

3. Доколку се постигне пријателско решение, Судот ќе го отфрли од својата листа со одлука што ќе биде ограничена на кратка изјава за фактите и постигнатото решение.

4. Оваа одлука се доставува до Советот на министри, кои ќе треба да направат надзор над извршувањето на условите на пријателското решение како што е утврдено во одлуката.

Член 40 - Јавни расправи и пристап до документи

1. Сослушувањата се одржуваат јавно, освен ако Судот во исклучително околностите не одлучи поинаку.

2. Документите депонирани кај Регистраторот се достапни за јавноста освен ако претседателот на Судот не одлучи поинаку.

Член 41 – Задоволување на правото

Доколку Судот утврди дека има повреда на Конвенцијата или нејзините протоколи, и ако внатрешното право на Високата договорна страна дозволува да се изврши само делумна репарација ( надомест) , Судот, доколку е потребно, ќе дозволи праведно задоволување на оштетена страна.

Член 42 - Пресуди на Советот

Пресудите на Советот ќе станат конечни во согласност со одредбите од член 44 став 2.

Член 43 - Упатување до Големиот Совет

1. Во рок од три месеци од датумот на пресудата на Советот, секоја странка во случајот може, во исклучителни случаи, да побара предметот да се упати до Големиот комора.

2. Панелот од пет судии на Големиот Совет го прифаќа барањето ако случајот покренува сериозно прашање од толкувањето или примената на Конвенцијата или на Протоколите од неа или сериозно прашање од општо значење.

3. Ако панелот го прифати барањето, Големиот Совет треба да одлучува за случајот со пресуда.

Член 44 - Конечни пресуди

1. Пресудата на Големиот Совет е конечна.

2. Пресудата на Советот станува правосилна

(а) кога страните изјавуваат дека нема да го побараат случајот да биде упатен до Големиот Совет; или

(б) три месеци по датумот на пресудата, доколку уатувањето на случајот до Големиот Совет не е побарано; или

(в) кога спанелот на Големата Совет го одбие барањето да се упати според членот 43.

3. Конечната пресуда се објавува.

Член 45 - Причини за пресуди и одлуки

1. Да бидат дадени причини за пресудите, како и за одлуките за прогласување на апликациите за прифатливи или неприфативи.

2. Ако пресудата не претставува, целосно или делумно, едногласно мислење на судиите, секој судија има право да даде посебно мислење.

Член 46 – Стапување на сила и извршување на пресудите

1. Високите договорни страни се обврзуваат да ја почитуваат финалната пресуда на Судот во секој од случаите во кои тие се странки.

2. Конечната пресуда на Судот се доставува до Советот на министри, кој го надгледува неговото извршување.

3. Доколку Комитетот на министри смета дека надзорот над извршувањето на правосилната пресуда е попречен од проблем на толкување на пресудата, може прашањето да го упати до Судот поради толкување. За одлука за упатување е потребно мнозинство гласови на две третини од претставниците кои имаат право да седат во Советот.

4. Ако Комитетот на министри смета дека Висока договорна страна одбива да се придржува до конечната пресуда за случајот во која е странка, може, откако ќе достави официјално известување за тоа страна и со одлука донесена со мнозинство гласови од две третини од претставниците кои имаат право да седат во Комитетот, упати до Судот прашање дали таа страна не ја исполнила својата обврска од став 1.

5. Доколку Судот утврди повреда на став 1, тој ќе го упати случајот до Комитетот на министри за разгледување за мерките што треба да се преземат. Доколку Судот не утврди повреда од став 1, тој ќе го упати предметот до Комитетот на министри, кои ќе го затворат испитувањето на случајот.

Член 47 - Советодавни мислења

1. Судот може, на барање на Комитетот на министри, да даде советодавни мислења за правни прашања во врска со толкувањето на Конвенцијата и протоколите од неа.

2. Таквите мислења не се занимаваат со какво било прашање во врска со содржината или обемот на правата или слободите дефинирани во Дел I од Конвенцијата и Протоколите, или со кое било друго прашање што Судот или Комитетот на министри можеби ќе треба да го земе предвид како последица на такви постапки што може да се покренат во согласност со Конвенцијата.

3. Одлуките на Комитетот на министри да побара советодавно мислење на Судот бараат мнозинство гласови од претставниците кои имаат право да седат во Комитетот.

Член 48 - Советодавна надлежност на Судот

Судот одлучува дали барање за советодавно мислење поднесено од Комитетот на министри е во негова надлежност, како што е дефинирано во член 47.

Член 49 - Причини за советодавно мислење

1. Да се дадат причини за советодавно мислење на Судот.

2. Ако советодавното мислење не претставува, во целина или во дел, едногласно мислење на судиите, секој судија имаат право да дадат посебно мислење.

3. Советодавните мислења на Судот се доставуваат до Советот на министри.

Член 50 - Трошоци за Судот

Трошоците за Судот ги сноси Советот на Европа

Член 51 - Привилегии и имунитети на судиите

За време на вршењето на нивните функции, судиите имаат право на привилегии и имунитети предвидени во член 40 од Статутот на Советот на Европа и во договорите направени според нив.

ДЕЛ III-ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 52-Испитување од страна на Генералниот секретар

По барање на Генералниот секретар на Советот на Европа, секоја од Високите договорни страни ќе достави неопходно објаснување за начинот на кој во своето домашно право го обезбедува ефикасното остварување на одредбите на Конвенцијата.

Член 53-Заштита на постоечките човекови права

Ниедна одредба од Конвенцијата нема да се толкува како ограничувачка или дерогативна за било кое од човековите права и основните слободи, што ќе се обезбеди преку законите на Високите договорни страни или преку некои други договори што таа ги склучила.

Член 54-Овластувања на Советот на министрите

Конвенцијата нема да претставува пречка за остварување на овластувањата на Советот на министрите, утврдени со Статутот на Советот на Европа.

Член 55-Исклучување на други средства за разрешување на спорови

Високите договорни страни ќе се согласат дека, освен кога постои посебен договор, ќе нема да се користат со меѓународни договори, конвенции или декларации на сила помеѓу нив, со цел за разрешување по пат на доставување на барање, на спорови кои произлегуваат од интерпретацијата или примената на Конвенцијата, со помош на други средства освен оние кои се предвидени во Конвенцијата.

Член 56-Територијална примена

1. Секоја држава, во времето на ратификацијата или подоцна, може да го извести Генералниот секретар на Советот на Европа дека ја декларира својата намера, оваа Конвенција, согласно ставот 4 од овој член, да сé применува на сите или на некоја одредена територија за чии меѓународни односи таа е одговорна.

2. Конвенцијата ќе се применува на секоја територија или територии,именувани во известувањето, од третиот ден по приемот на известувањето од Генералниот секретар на Советот на Европа.

3. Одредбите на оваа конвенција ќе се применуваат на овие територии со посебно внимание посветено на локалните услови.

4. Секоја држава која дала декларација согласно ставот 1 од овој член може во било кое време подоцна да декларира од името на една или повеќе територии на кои се однесува декларацијата, дека ја прифаќа надлежноста на Судот да прима индивидуални барања, барања од невладини организации или група на лица согласно членот 34 од Конвенцијата.

Член 57-Резерви

1. Секоја држава, кога ќе ја потпише Конвенцијата или при депонирањето на својот инструмент на ратификација, може да стави резерва во однос на поединечна одредба на Конвенцијата, во обем во кој закон кој е на сила на територијата не é во согласност со таа одредба од Конвенцијата. Овој член не ги дозволува резервите од општ карактер.

2. Секоја резерва ставена под овој член ќе содржи краток опис на релевантиот закон. 

Член 58-Откажување

1. Високата договорна страна може да се откаже од примената на Конвенцијата само по истекот на пет години од денот на која пристапила и по нотификацијата, издадена во рок од шест месеци и адресирана до Генералниот секретар на Советот на Европа, за која тој ќе ги информира останатите Високи договорни страни.

 2. Ваквото откажување нема да има за ефект ослободување на Високата договорна страна од обврските преземени со Конвенцијата, во однос на некоја активност која би претставувала 20 повреда на тие обврски и кој би можел да биде извршен пред датата на која откажувањето од Конвенцијата стапило на сила.

3. Било која висока договорна страна која ќе престане да биде членка на Советот на Европа, ќе престане да биде договорна страна на оваа Конвенција под истите услови.

4. Примената на Конвенцијата може да се откаже, согласно на одредбите од предходниот став, во однос на било која територија, за која е декларирано дека оваа конвенција ќе се применува, согласно одредбите од членот 56.

Член 59 - Потпис и ратификација

1.        Конвенцијата ќе биде отворена за потпис за членовите на Советот на Европа. Таа ќе подлежи на ратификација. Инструментот за ратификација ќе се депонира кај Генералниот секретар на Советот на Европа.

2.        Конвенцијата ќе стапи на сила, откако ќе бидат депонирани десет инструменти на ратификацијата.

3.        Оваа Конвенција ќе стапи на сила по депонирањето на десет инструменти за ратификација.

4.        За следните земји-потписнички на Конвенцијата, таа ќе стапи на сила на денот на депонирањето на инструментот за ратификација.

5.        Генералниот секретар на Советот на Европа ќе ги извести останатите членови на Советот на Европа за стапувањето на сила на Конвенцијата, за имињата на Високите договорни страни кои ја ратифицирале и за депонирањето на инструментите на ратификација кои последователно ќе се ефектуираат

 

Составено во Стразбург на 22 ноември 1984, на англиски и француски, двата текста се еднакво автентични и во единечна копија ќе останат депонирани во Архивата на Советот на Европа. Генералниот секретар ќе достави сертифицирани копии до секоја страна-потписничка.