Дали сакате работа? Тогаш не планирајте да имате деца! 

Преглед

Ова е активност со играње на улоги која се занимава со прашања за

  • Репродуктивни права на работното место
  • Дискриминација на жените на работното место
Поврзани права
  • Право на работа која се посакува и приклучување во синдикат
  • Право на брак и семејство
  • Слобода од дискриминација
Цели
  • Да се развие знаење за женските репродуктивни права
  • Да се развијат вештини за критичко размислување и дискусија
  • Да се поттикне отвореност на умот и чувство на правда и социјална одговорност 
Материјали
  • Голем лист хартија, флипчарт хартија или табла, маркер
  • Простор за работа со мала групи и играње на улоги
  • Реквизити за играње улоги, маса и столчиња, пенкало и хартија
Подготовка
  • Копија од сценариото ставете на таблата или на големо парче хартија или на флипчарт хартија.
compass-key-date
  • 15 МајМеѓународен ден на семејствата

Инструкции

1. Објаснете дека активноста вклучува играње на улоги во врска со прашањата на репродуктивните права на жените на работното место. Направете кратка бура на идеи за репродуктивните права на жените за да се осигурате дека сите учесници го разбираат поимот.
2. Поделете ги учесниците во мали групи (максимум пет лица по група).
3. Прочитајте ја картичката со ситуација.
4. На учесниците, во нивните мали групи, дајте им дваесет минути за да одлучат за крајот на приказната и истиот да го развијат во улоги. Играњето на улоги треба да започне со средбата помеѓу Марија и г-дин Владсток и не треба да трае повеќе од пет минути.
5. Поканете ги сите мали групи да ја претстават својата игра. Чувајте ги коментарите за во резимирањето.

 

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете со круг на повратни информации од секоја од малите групи за тоа како тие ги развиле нивните улоги како и коментарите од другите. Потоа продолжете да зборувате за импликациите  и што треба да се направи за дискриминацијата од овој вид.

  • Дали некој беше изненаден од ситуацијата? Дали тоа се случува во вашата земја?
  • Како групите одлучиле што треба да биде исходот?
  • Дали завршетоците беа реални? Кои беа добри работи - и помалку добрите – за начините на кои Марија се справуваше со ситуацијата? Колку е тешко да се биде настојчив во такви ситуации наместо да се биде агресивен или покорен?
  • Кои права ги имаат жените на работното место во вашата земја кога ќе забременат?
  • Зошто компанијата би сакала да ѝ наметне на Марија таков услов? Дали е фер? Зошто не е ?
  • Дали било повредено некое човеково право? Ако е така, кои од нив?
  • Ако Марија беше маж, дали ќе се случеше истото? Зошто? Зошто да не?
  • На кој начин мажите се разликуваат од жените во начинот на кој тие го перципираат ова прашање?
  • Што треба да се стори за да се промовираат и заштитат женските репродуктивни права?

Совети за обучувачите Goto top

Размислете дали да имате родова избалансираност во малите групи. Искуството покажува дека да се има групи од ист пол често доведува до повеќе провокативни завршетоци и побогата дискусија.

Учесниците можеби не се запознаени со терминот „репродуктивни права“ и можеби ќе треба да им помогнете со некои идеи за да добијат поширока слика. Репродуктивните права го вклучуваат право на:

  • Пријатна и исполнета сексуална врска без страв од инфекција и болест.
  • Избор дали да се има деца или не.
  • Грижлив сервис за планирање на семејството, поддржани од безбедна и со чувствителна услуга за абортус кој ја третира жената со достоинство и почит, и обезбедува приватност.
  • Сексуално образование

Имајте на ум дека во резимирањето, прашањето во врска со прекршувањето на човековите права на Марија може да поттикнат контроверзни прашања за абортусот и за правото на жените да изберат наспроти правото на живот на фетусот. Ова е многу важно прашање. Тоа е особено важно за ОЧП (образованието за човековите права), затоа што бара од учесниците да бидат со отворени погледи, да ги стават настрана стереотипите и претходно заснованите мислења и да ги употребат нивните вештини за критичко размислување. Тоа е многу добра илустрација на инхерентната сложеност на човековите права. Ако прашањето се појави, можеби ќе сакате да размислите да го земете на разгледување во друга прилика како дискусија само за тоа право. 

ВаријацииGoto top

Користете ја техниката Форум Театар . Наместо да ги делите учесниците во мали групи, можете да почнете со двајца доброволци да ја играат Марија и г-дин Владсток, а со останатите од групата како набљудувачи. Потоа на места можете да ја прекинете презентацијата и да ги прашате набљудувачите да коментараат и да кажат што треба да се случи следно. Алтернативно, набљудувачите едноставно може да ги разменуваат местата со актерите за да развијат друг поглед и да го променат текот на играта на улоги.

Зошто да не додадете други ликови во ситуацијата? Можете да го вклучите сопругот на Марија, кој може да биде претставник на синдикатот, а играта на улога и може да оди подалеку од средбата со Одделот за човечки ресурси.

Слободно можете да ги прилагодите имињата на ликовите за да ги претставуваат вообичаените имиња во вашата земја.

Некои луѓе сметаат дека е тешко да се играат улоги, па наместо тоа можеби ќе сакате да го користите раскажувањето. Поделете ги учесниците во мали групи, дајте им примерок од приказната и побарајте од нив да разговараат и да напишат сопствен крај. Потоа, на пленарната сесија нека има фидбек и споредување на различните завршетоци.

Предлози за следни активности Goto top

Ако сексуалното образование е дел од вашата наставна програма, прашајте го наставникот дали е можно тоа да ја вклучи активноста "Работа и бебиња" во лекција. Алтернативно, активноста може да се направи во општествените предмети или во лекција од историја или како пропратна активност со настан кој го одбележува Денот на жената (8 март) или Меѓународниот ден на семејството (15 мај).

Групата може да направи некои истражувања за репродуктивните права во вашата земја. После тоа, може да направат интервјуа со жени и работодавачи за да дознаат како законот се спроведува во пракса.
Групата, исто така, може да го разгледа сексуалното образование кое се учи во нивната земја. Дали тоа ги покрива сите аспекти на репродуктивните права?

Ако сакате да истражите други видови на дискриминација на работното место, можеби ќе сакате да ја направите активноста, "Различни плати".

Идеи за акција Goto top

Поттикнете ги прашањата за репродуктивните права во вашето училиште или во советот на здружението.
Истражете кои локални невладини организации работат на женските репродуктивни права и учествувајте во нивните дебати и кампањи.

Понатамошни информации Goto top

Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените 

Покрај прашањата за граѓанските права, Конвенцијата, исто така, посветува големо внимание на највиталните грижи на жените, имено нивните репродуктивни права. Преамбулата го поставува тонот наведувајќи дека „улогата на жените во создавањето не треба да биде основа за дискриминација“. Врската помеѓу дискриминацијата и женската репродуктивна улога е повторливо прашање на загриженост во Конвенцијата. На пример, членот 5 се залага за „правилно разбирање на мајчинството како општествена функција“, барајќи целосно споделена одговорност за одгледување на децата од страна на двата пола. Според тоа, одредбите за заштита на мајчинството и грижа за децата се наведуваат како суштински права и се вградени во сите области од Конвенцијата, без разлика дали се работи за вработување, семејно право, здравствена заштита или образование. Обврската на општеството се протега во понудување на социјални услуги, особено објекти за грижа на децата кои им овозможуваат на поединците да ги комбинираат семејните обврски со работата и учество во јавниот живот. Се препорачуваат посебни мерки за заштита на мајчинството и истите „нема да се сметаат за дискриминаторски“. (Член 4) Конвенцијата, исто така, го афирмира правото на жените за репродуктивен избор. Имено, тоа е единствениот договор за човекови права кој го споменува планирањето на семејството. Се наведува дека страните се должни да вклучуваат совети за планирање на семејството во образовниот процес (член 10.h) и да развијат семејни кодекси кои ги гарантираат женските права „да одлучуваат слободно и одговорно за бројот и растојанието од едно до друго дете и да имаат пристап до информации, образование и средства за да им овозможи да ги остварат овие права“ (член 16.e).

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Сценарио
Марија е невработена речиси една година и бара работа. Пред десет дена отиде на интервју за нејзината работа од соништата - тоа беше токму она што таа го бараше! Сè помина добро и ѝ беше понудена позицијата. Компанијата побара од неа да оствари средба со г-дин Владсток, кадровски службеник, со цел да го потпише нејзиниот договор. За време на интервјуто, таа веќе имаше разговарано за нејзините задачи и други прашања поврзани со работата. Само што Марија ќе го потпишуваше договорот, г-дин Владсток рече дека услов за работата е потпишување на изјава дека нема да има бебе во следните две години.