Конференција на Mрежата ХЕЛП
Мрежата ХЕЛП, колегијална Европска мрежа за обуки за човекови права која е задолжена за спроведување на ставот 9.vi на Брајтонската декларација од 2012 година, е составена од претставници од националните институции за обука на судии и обвинители и адвокатските комори од 47те држави-членки на Советот на Европа. ЕМСО, како и главните меѓународни здруженија на судии, обвинители и адвокати (САКД, ФЕАК, МЗС итн.) се партнери на Мрежата.
Секоја година Конференцијата обезбедува форум за дискусија меѓу сите членови и партнери за начините на зајакнување на резултатите од обуките и конкретната имплементација на Европската конвенција за човекови права на национално ниво , како и за тоа како да се подобри ефективната соработка меѓу сите домашни и меѓународни институции.
Во текот на Конференцијата се избираат 6 членови на Советодавниот одбор на ХЕЛП. Кандидатите можете да ги видите тука.
Конечно, Годишната конференција на Мрежата исто така претставува важна прилика билатерално да се продискутира соработката меѓу Програмата ХЕЛП на Советот на Европа и нејзините партнерски институции.
Работни јазици на Конференцијата се англиски, француски и руски.