Back Зајакнување на капацитетите на трудовите инспектори во Северна Македонија за проактивно идентификување и упатување на потенцијални жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Зајакнување на капацитетите на трудовите инспектори во Северна Македонија за проактивно идентификување и упатување на потенцијални жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Согласно официјалните статистички податоци, од 2017 г. во Северна Македонија формално се идентификувани 43 жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, од кои 37 се мажи, вклучувајќи и две деца. Во овој контекст, трудовите инспектори и социјалните работници играат суштинска улога во борбата против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација како и во обезбедувањето помош за жртвите на трговија со луѓе. Со цел да се поддржат, заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа, „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ спроведе мултидисциплинарна обука за обучувачи со 30 избрани трудови инспектори, социјални работници, полицајци и претставници од НВО секторот кои работат на спречување и борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација.

Од 2017 г. во соработка со Државниот инспекторат за труд, проектот продолжува со спроведување на основни активности за градење на капацитети со кои се опфатени приближно 95% од сите трудови инспектори во Северна Македонија. Овие активности за цел имаат да ги унапредат вештините на трудовите инспектори за пренос на знаењето на нивните колеги, и за одржување на ефективни онлајн обуки. Од зголеменото знаење и вештини на трудовите инспектори како и унапредената меѓуинституционална соработка, придобивка ќе има општата јавност по однос на спречувањето на ова грозоморно кривично дело.

„Целта на Националниот механизам за упатување е да се унапреди процесот на идентификување, упатување и заштита на жртвите на трговија со луѓе, и да се зајакне мултидисциплинарната соработка на сите нивоа“ – изјави Светлата ЦВЕТКОВСКА, Раководителка на секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика при обраќањето до учесниците. „Канцеларијата за координација на гореспоменатиот механизам презема повеќе чекори за проценување на првичните потреби на жртвата, упатување на жртвата до местото каде што ќе добие директна помош, ја координира заштита на жртвата, ја информира за нејзините права и го следи процесот на обезбедување помош“ - нагласи таа.

Новите обучувачи ќе можат да ги применат новостекнатите вештини за време на претстојната пилот обука, како и за време на онлајн обуките за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација за трудовите инспектори низ целата територија на Северна Македонија, имајќи за цел проактивно идентификување, заштита и упатување на жртвите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Оваа активност беше организирана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Хоризонтален Инструмент III), кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа и имплементиран од Советот на Европа.

Охрид, Северна Македонија 3 - 6 јули, 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page