Back „Промени го мислењето - остани надвор од маѓепсаниот круг“

во Северна Македонија ќе отпочне јавната иницијатива за подигање на свеста за борбата против трговијата со деца за присилни бракови
„Промени го мислењето - остани надвор од маѓепсаниот круг“

Присилниот детски брак е еден од најчестите видови на трговија со луѓе, кој произлегува од кругот на сиромаштијата. Значителен број од жртвите на трговија со деца во Северна Македонија се жртви на трговија со луѓе за принуден брак, кои често се сексуално злоупотребувани и трудово експлоатирани.

За подигање на јавната свест за ова кривично дело во Северна Македонија, Радио Пела ја спроведува иницијативата за подигање на свеста „Промени го мислењето -остани надвор од маѓепсаниот круг“, поддржана од ЕУ и Советот на Европа, со цел да допре до луѓето од Северна Македонија и да ги информира за ризиците од трговија со деца заради присилни бракови. Радио Пела ќе изведе радио драма и театарска претстава со цел да допре до локалните заедници и да ја подигне нивната свест како да препознаат и да алармираат за трговијата со деца за  присилни бракови. Иницијативата „Промени го мислењето - остани надвор од маѓепсаниот кругвклучува приказни за проблемите на жртвите на трговија со луѓе и невидливите синџири кои ги држат овие деца-жртви на присилни бракови во маѓепсан круг кој е тешко да се прекине. Театарската претстава ќе започне на 18 октомври, по повод одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе.

Оваа иницијатива е поддржана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, која ги поддржува локалните чинители во зајакнувањето на законодавството, политиките и практиките за ефикасна борба против трговијата со луѓе, заштита на правата на жртвите и одговор на новите предизвици и трендови.

Прилеп, Северна Македонија 02 октомври 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page