Back „Квалитетно образование за сите” - Тркалезна маса во Северна Македонија: Заеднички напор на граѓански организации

„Квалитетно образование за сите” - Тркалезна маса во Северна Македонија: Заеднички напор на граѓански организации

Неодамнешната втора тркалезна маса организирана од проектот Квалитетно образование за сите – Северна Македонија”, означи значаен придонес во напорите кон реформите во образованието во Северна Македонија. На овој настан се собраа клучни претставници од граѓански организации (ГО), потврдувајќи ја заедничката посветеност кон подобрување на образовните стандарди и инклузивноста.

Во средиштето на дискусиите на тркалезната маса беше сеопфатната анализа на имплементирањето на Стратегијата за образование 2018 – 2025, како што е претставено во извештајот за мапирање. Овој извештај обезбеди детален преглед на тековната состојба на имплементацијата на стратегијата, фокусирајќи се на развојот и спроведувањето на инклузивен, мултикултурален образовен систем. Фокусот беше на поттикнување на демократските вредности, почитување на човековите права, обезбедување на родова еднаквост, почитување на различностите и зголемување на етничката кохезија во образовниот систем.

Важен дел од настанот беше и дискусијата поврзана со длабинската анализа на родовата еднаквост во образованието во Северна Македонија. Оваа анализа го потенцираше значењето на постигнување на родова еднаквост во образовниот сектор, истакнувајќи ги предизвиците и успесите во обезбедувањето на еднакви можности и обезбедување на родова еднаквост. Во дискусијата се нагласи потребата од системски промени за адресирање на родовите предрасуди и стереотипи, предлагајки и родово чувствителен наставен план и околина која ги поддржува интересите и талентите на сите ученици. Состанокот заврши со заедничка согласност за вклучување на препораките добиени од дискусиите во конечниот Извештај за Мапирање.

Тркалезната маса го истакна значењето на заедничките напори во дефинирањето и спроведувањето на инклузивни и еднакви образовни политики. Констатациите и препораките кои што произлегоа од претставниците на ГО се клучни за подобрување на образовните стратегии, правејќи ги повеќе прилагодени кон  различнитепотреби на учениците.

Проектот „Квалитетно образование за сите - Северна Македонија“ e имплементиран од страна на Советот на Европа, а финансиран од Германија. Се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија од декември 2022 до ноември 2025 година.






 

Скопје, Северна Македонија 28 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page