Back 18 октомври, Европски ден за борба против трговијата со луѓе

18 октомври, Европски ден за борба против трговијата со луѓе

"Трговијата со луѓе заради трудова експлоатација е сериозна повреда на човековите права и кривично дело. Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција вложува напори за унапредување на откривањето и идентификацијата на жртвите од ова злосторство со цел да се обезбеди жртвите на трговија со луѓе да добијат соодветна помош и поддршка обезбедени во рамките на Националниот механизам за упатување "- рече Националниот координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, г-ѓа Магдалена Несторовска, на прес-конференцијата организирана по повод одбележувањето на 11-тиот Европски ден за борба против трговијата со луѓе.

Во соработка со меѓународни организации, локални невладини организации и приватни компании, Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција спроведува голем број на настани по повод Европскиот ден против трговијата со луѓе за да ја истакне важноста на спречувањето и борбата трговија со луѓе заради трудова експлоатација. Советот на Европа ги поддржува активностите на Националната комисија преку програмата "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција" за да се подигне јавната свест за трговијата со луѓе заради трудова експлоатација.

Ова е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа која има за цел да ги поддржи корисниците во Југоисточна Европа да ги почитуваат стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија во рамките на процесот на проширување.

Skopje 18 October 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page