Back 2 ноември: Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинар(к)и

2 ноември: Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинар(к)и

Неказнивоста е тренд со загрижувачки раст, што прерасна во вистинска култура на неказнување за злосторства против новинар(к)и, со сериозни последици врз новинарската работа и пристапот на луѓето до информации од јавен карактер.

Борбата против неказнивоста и тенденцијата да им се дозволува на сторител(к)ите на злосторства против новинар(к)ите да останат неказнети, што е со загрижувачки пораст, е во основата на Кампањата на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите, која стартуваше во Рига на 5 октомври.

Со заложбите да се имплементираат обемни правни рамки и со промовирањето меѓународна соработка, Кампањата се стреми кон тоа сторител(к)ите на насилство или заплашување да сносат одговорност за истото.

Преку зголемена свесност и заложби, истата има за цел да креира побезбедно опкружување за новинар(к)ите кои ќе може да работат без страв, со што ќе се осигура дека чиновите на агресија против нив нема да поминат незабележани ниту пак неказнети.

Кампањата за безбедност на новинар(к)ите активно ќе работи кон обезбедување опкружување каде трагањето по вистината е заштитено и каде оние кои ќе сторат кривично дело против новинар(к)ите ќе бидат изнесени пред лицето на правдата, па така ќе се напушти културата на неказнивност што ја разнишува нивната безбедност.

Прочитајте повеќе за стандардите на Советот на Европа на тема заштита на новинар(к)ите:

Погледнете го видеото од Платформата за промовирање заштита на новинарството и безбедност на новинар(к)ите:

 

 

Стразбург, Франција 2 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page