Back Унапредување на институционална поддршка за бесплатна правна помош во Северна Македонија

Унапредување на институционална поддршка за бесплатна правна помош во Северна Македонија

Властите во Северна Македонија се посветени на зајакнување на нивната соработка и институционални напори за унапредување на реформите на бесплатна правната помош и обезбедување подобра бесплатна правна помош за граѓаните на Северна Македонија. Ова беше истакнато за време на Вториот состанок на Националното координативно тело за спроведување на Законот за бесплатна правна помош кој се одржа во Скопје.

Учесниците од клучните институции од областа на бесплатната правна помош, како што се Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, канцеларијата на народниот правобранител, нотарската комора, државната агенција за вработување, адвокатската комора, сродни граѓански организации и сл., имаа можност да разговарат за важни прашања поврзани со обработката на апликациите за бесплатна правна помош и исто така да се донесе Правилник за постапки со кој ќе се регулираат активностите и функциите на Националното координативно тело.

На оваа средба беа споделени и некои клучни достигнувања и предизвици утврдени при спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош, фокусирајќи се на правните потреби на граѓаните и алатките за зголемено промовирање на Законот за бесплатна правна помош. Учесниците потврдија поактивна улога на Националното координативно тело во иднина, за да обезбедат подобар пристап до правдата за граѓаните преку подобра институционална координација.

Проектот „Поддршка на подобар ристап до повисоки квалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

Скопје 10 март 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page