Back Објавување на годишен извештај на Платформата за безбедност на новинар(к)и

Состојба со слобода на медиумите во Европа
Објавување на годишен извештај на Платформата за безбедност на новинар(к)и

“... известувањата објавена на Платформата за безбедност на новинар(к)ите покажуваат раст на различни закани, притисоци и ограничувања под кои новинар(к)ите треба да ја исполнуваат својата мисија.“

Денес, 5 март 2024 година, Платформата за унапредување на заштитата на новинарството и безбедноста на новинар(к)ите на Советот на Европа го објави извештајот „Слобода на медиумите во Европа: Време е да се сврти плимата“.

Извештајот е изработен од Партнерските организации на Платформата, коалиција од петнаесет (15) невладини организации кои работат на тема слобода на медиуми, и новинарски здруженија. Извештајот ги истакнува клучните области на правото, политиките и праксите кои влијаат на слободата на медиумите и безбедноста на новинар(к)ите во Европа и ги идентификува чекорите што треба да се преземат за да се подобри ефективната заштита на новинар(к)ите.

Меѓу другите важни забелешки, извештајот опишува значителни наоѓања и заклучоци за примарните пречки што ги соочува слободата на медиумите во Европа. Тие вклучуваат случаи кога истражувачки новинар(к)и се повикувани или подложени на рации од државните безбедносни агенции, задржани или уапсени под обвинувања за тероризам или екстремизам, и случаи кога организациите на новинар(к)и воделе долготрајни борби во институциите на ЕУ за да се обезбеди изземање на новинар(к)ите од државен надзор според Европскиот закон за слободата на медиумите.

Извештајот е достапен на англиски и на француски јазик.

 

Годишен извештај на Платформата за безбедност на новинар(к)и 2024 „Слобода на медиумите во Европа: Време е да се сврти плимата“

 
Скопје, Северна Македонија 5 март 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page