Back Проценка на економската виталност и одржливост на аудиовизуелната медиумска индустрија во дигиталното опкружување во Северна Македонија со важни наоди

Проценка на економската виталност и одржливост на аудиовизуелната медиумска индустрија во дигиталното опкружување во Северна Македонија со важни наоди

Медиумите имаат значителна улога во процесот на демократски, културен, општествен и економски развој на едно општество, поради што усвојувањето и соодветната имплементацијата на јавните медиумски политики има клучна важност. Најновата „Проценка: Економска виталност и одржливост на аудиовизуелната медиумска индустрија во дигиталното опкружување – Северна Македонија“, објавена во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), се фокусира на виталноста и одржливоста на медиумскиот сектор и ги разгледува предизвиците од глобална перспектива, но со акцент на состојбата во Република Северна Македонија.

Според оваа проценка, потенцијалот на аудиовизуелните индустрии сè уште не е признаен од разни државни институции и веќе постојните општи мерки за поттикнување на претприемништво воопшто не се применуваат во аудиовизуелниот медиумски сектор. Проценката ги идентификува клучните мерки за поддршка и унапредување на продукцијата на домашни аудиовизуелни содржини, меѓу кои се: фискалните мерки, професионалното и институционалното вмрежување, директното финансирање, поддршка за образование, обука и професионален развој, итн.

Оваа Проценка е изработена во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Horizontal Facility – втора фаза, а е преведена на македонски јазик во рамки на третата фаза на истата програма.

 

Проценка: Економска виталност и одржливост на аудиовизуелната медиумска индустрија во дигиталното опкружување – Северна Македонија

- англиска верзија 

- македонска верзија 

Skopje, North Macedonia 25 August 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page