Back Поддршка на јавните власти во Северна Македонија во процесот на проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам

Поддршка на јавните власти во Северна Македонија во процесот на проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам

Проектот против економски криминал во Северна Македонија организираше работилница

која го означи почетокот на проценката на ризикот за перење пари (ПП) и финансирање тероризам (ФТ). Работилницата ги обедини претставниците на јавните власти и приватниот сектор и служеше за нивно ажурирање на применетата методологија за спроведување на националната проценка на ризикот, како и да ги води низ процесот на собирање и анализа на податоци.

Проценката на ризикот за ПП/ФТ е од клучно значење за Северна Македонија бидејќи помага да се подобри разбирањето на властите и учесниците во приватниот сектор за заканите и ранливостите од перење пари и финансирање тероризам, со цел тие да можат поефикасно да ги користат своите знаења. Спроведувањето на ефективни мерки против перење пари и борба против финансирањето на тероризмот, согласно резултатите од националната проценка на ризик, помагаат да се заштити економијата, да се зајакне националната безбедност, да се обезбеди усогласеност со меѓународните стандарди и да се зајакне довербата на инвеститорите. Проценката на ризик игра витална улога во борбата против финансискиот криминал.

Како што ќе напредува процесот за националната проценка на ризик, Проектот против економски криминал во Северна Македонија ќе продолжи да ги поддржува властите преку давање совети за подобрување на нацрт-извештајот за проценка.

Оваа активност е организирана од страна на Проектот против економски криминал во Северна Македонија, во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција (Хоризонтален инструмент III), кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа и имплементиран од Советот на Европа.

 


 

Скопје, Северна Македонија 11 октомври 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page