Back Белгиските добри пракси за оддржлив менаџмент на прифатилиштата за жртви на трговија со луѓе споделени со чинителите против трговија со луѓе во Северна Македонија

Белгиските добри пракси за оддржлив менаџмент на прифатилиштата за жртви на трговија со луѓе споделени со чинителите против трговија со луѓе во Северна Македонија

Пружање на прифатилиште и психо-социјални услуги на жртвите на трговија со луѓе е клучно за нивна ментална стабилизација и успешна ресоцијализација. Групата на експерти за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА) во својот трет извештај за проценка на Северна Македонија го разгледа предизвикот за  обезбедување на безбедно сместување за машки жртви на трговија со луѓе.  

Во процесот на поддршка на јавните власти во Северна Македонија за организирање на оддржливо прифатилиште и услуги на жртвите на трговија со луѓе, заедничкиот проект на ЕУ и Совет на Европа “Јакнење на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија” oрганизира студиска посета во Белгија за локалните aктери против трговија со луѓе. Целта на студиската посета во Белгија е да се научи за Белгискиот систем за заштита од трговијата со луѓе и да се идентификуваат добрите пракси, кои што може да се применуваат успешно во Северна Македонија.

Делегацијата се состои од претставници на Националниот механизам за упатување, Националната единица за субивање на криумчарење мигранти и трговија со жртви, и НВО Отворена порта/Ла Страда. Тие имаа можност да се сретнат со Белгиските соговорници од Федералниот јавен сервис за правда (СПФ), кои се надлежни за координација на активностите против трговијата со луѓе, Федералниот центар за миграции (MУРИА) и 3 прифатилишта за трговија со луѓе. Трите акредитирани специјализирани прифатилишта се задолжени за доделување на престојувалиште и услуги на жртвите на трговија со луѓе. Покрај престојот, тие им ги покриваат основните потреби и ги покриваат трошоците за правната и здравствената помош, како и им пружаат поддршка на жртвите за ориентација во системот и добивање на одобрение за престој. Има и специјализирано прифатилиште за деца кое е финансирано од страна на регионалната власт. Благодарејќи на мрежата на прифатилишта, услугите на другите прифатилишта им се достапни и на децата жртви на трговија со луѓе. Прифатилиштата имаат внатрешна и надворешна ревизија во однос на буџетот и квалитетот на услугите. Доколку се утврди тешка повреда, прифатилиштето може да ја изгуби лиценцата.

“Патувањето во Белгија ни даде идеа и оддржливи решенија за заедничките проблеми, како што се финансирањето и специјализираните програми за деца. Препораките на физибилити студијата за оддржливо престојувалиште и услуги за жртвите на трговија со луѓе во Северна Македонија ќе го земат во предвид стекнатото знаење од студиската посета” потврди  Maрија Toдоровска од НВО Отворена порта/Ла Страда, ко-автор на горенаведената физибилити студија.

Посетата на двете прифатилишта за возрасни жртви и прифатилиштето за деца жртви на трговија со луѓе им овозможи на учесниците во студиската посета да видат како фукционира едно прифатилиште во пракса во однос на безбедност, проценка на ризикот, препознавање на жртвите, индивидуални и едукативни програми и друга поддршка за жртвите, вклучувајќи ресоцијализација и реинтеграција. Исто така, беа во можност да добијат увид во секојдневните активности на жртвите на трговија со луѓе.

Информацијата и искуството со кое се здобија учесниците од страна на Белгиските соговорници ќе биде искористено за подготовка на оддржливо решение за идентификуваните предизвици во однос на престојувалиштето на жртвите и грижата за нивните потреби.  

Посетата е организирана во рамките на заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа „Хоризонтална програма за Западен Балкан и Турција”, фаза III.  

Белгија 20 - 22 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page