Back Зацврстувањето на соработката со чинителите е клуч за успешна борба против дискриминација и говор на омраза во Северна Македонија

Зацврстувањето на соработката со чинителите е клуч за успешна борба против дискриминација и говор на омраза во Северна Македонија

Спроведувањето на европските стандарди и силната соработка меѓу сите засегнати страни е клучот за успешна борба против дискриминацијата и говорот на омраза. Ова беше главната порака од третиот состанок на Управниот одбор на проектот „Борба против омразата и нетолеранција во Северна Македонија“ која ги собра корисниците и партнерите да разговараат за моменталната ситуација во Северна Македонија кога станува збор за дискриминација и говор на омраза и да ги споделат досегашните резултати и достигнувања.

Претставниции од релевантните институции, партнерите од Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и претставници на граѓански организации кои работат на антидискриминација и борба против говорот на омраза разговараа за некои од резултатите, како што е градењето на капацитетите на адвокатите и правниците преку HELP курсот за борба против говорот на омраза и криминалот од омраза, како и зацврстување на капацитетите на фацилитаторите на РОМАКТЕД во однос на борба против говор на омраза и врсничко насилство, како и пристап до здравствени и социјални услуги за Ромите и Ромките, како дел од соработката со заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „РОМАКТЕД II”. Учесниците дискутираа и за преводот на Препораката за општи политики бр.17 на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата на македонски јазик,

Проектот  „Борба против омразата и нетолеранција во Северна Македонија“ е дел од „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, кој има за цел да ги поддржи напорите на институциите да развијат хармонизиран институционален пристап за борба против дискриминација и говор на омраза.

Скопје, Северна Македонија 14 мај 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page