Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје со поддршка на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“„ којшто е дел од програмата Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција (фаза III) кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа, организира Обука на обучувачи на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош во Северна Македонија“ наменета за претставници од овластените правни клиники и овластените здруженијата на граѓани.
Обуката ќе се одржи со физичко присуство (локацијата ќе биде дополнително утврдена) во Република Северна Македонија од 15 – 19 април 2024 година (5 консекутивни дена). Насоките за започнување на обуката ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на обуката.
Услови за пријавување на обуката
Услови за претставници од правните клиники |
Услови за претставници од здруженијата на граѓани |
|
|
*Бројот на лица кои се пријавуваат од иста правна клиника/здружение на граѓани не е ограничен
По комплетирање на обуката, најдобрите кандидати кои успешно ја завршиле обуката ќе бидат ангажирани да спроведат низа на каскадни обуки за студенти и вработени во овластени здруженија на граѓани на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош“.
Рокот за регистрација на заинтересираните кандидати за горенаведената обука е до 20 февруари 2024 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: DG1.FLA.NM@coe.int, со испраќање на свое CV.
*Напомена:
Услов за успешно комплетирање на обуката, добивање на сертификат за обучувач и понатамошно ангажирање за каскадните обуки е континуирано присуство во текот на предвидените 5(пет) дена.
Патните трошоци и сместувањето ќе бидат покриени од страна на организаторот.