Во рамките на заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“ и проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“, Советот на Европа објавува повик за грантови „Поддршка за локални самоуправи и/или граѓански организации за борба против говор на омраза“.
Повикот има за цел да ги поддржи избраните грантисти во развивање конкретни активности за борба против говор на омраза, како и одговори на постоечкиот говор на омраза. Предност ќе им биде дадена на предлози кои покажуваат силна соработка и партнерство помеѓу граѓански организации и локални самоуправи.
Рокот за поднесување апликации е 9 март 2021 (17:00 часот).
Апликациите треба да се поднесат на англиски јазик на електронската адреса: tenders.antidiscrimination@coe.int.
Во прилог потребните документи за аплицирање:
Grant agreement template (само за информација)
Guidelines for using grant agreement
Посетете ја страницата на проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“.