Back Кампања за безбедност на новинар(к)ите

Кампања за безбедност на новинар(к)ите

Новинар(к)ите имаат клучна улога во зачувување на едно демократско и плуралистичко општество, а Европскиот суд за човекови права ги смета за „јавни чувари“. И покрај тоа, новинар(к)ите сè почесто се жртви на широк спектар напади, од физичко и психолошко насилство до онлајн закани, малтретирања и заплашувања, кои ја опструираат нивната секојдневна работа.

Ваквата клима на притисок врз новинар(к)ите е проблем што постои веќе подолго време, а засега сè поголем број на држави членки на Советот на Европа поради што потребно е политичко внимание на високо ниво, како и итно преземање мерки.

Оваа кампања има за цел да ја подигне свеста, да стимулира ефективно адресирање на актуелните проблеми, и како крајна цел да ја зголеми безбедноста на новинар(к)ите и другите медиумски актери во сите ситуации.

Потребата од Кампања на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите потекнува од заклучоците на Комитетот на Министри одговорни за медиуми и информациско општество, од јуни 2021 година. За да се максимизира влијанието од Кампањата, Советот на Европа ги охрабрува државите членки да ја пресликаат Кампањата во национален контекст, така што ќе организираат кампањи на национално ниво. Советот на Европа ќе ја придружува и олеснува организацијата на ‘национални кампањи’ на државите членки согласно националните потреби кои ќе се дефинираат во соработка со соодветните Управни одбори на локално ниво.

Цели

The Campaign aims to raise awareness, stimulate effective tackling of pressing issues and ultimately increase the safety of journalists and other media actors in all situations by:

  • промовирање развој на соодветни кампањи на национално ниво;
  • охрабрување на државите да преземат мерки за усвојување на национален Акциски план за безбедност на новинар(к)ите;
  • обезбедување помош за развој на соодветни правни и институционални рамки на национално ниво;
  • ефективно и значително практично менување на ситуацијата.

Конференцијата „Пенкалото е помоќно од мечот? Во пресрет на денешните предизвици за слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите“, организирана во рамките на претседавање на Латвија со Комитетот на Министри на Советот на Европа, се одржа во Рига на 5-6 октомври 2023.

Настанот беше отворен на 5 октомври со обележување на стартот на Кампањата на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите.

И двата настани се поврзани и се фокусираат на предизвиците по слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите, вклучително и во време на конфликти и хибридна војна.

Стартот на Кампањата на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите ќе го трасира патот за серија на одлучувачки активности кои целат кон ефективно зголемување на безбедноста на новинар(к)ите и другите медиумски актери во сите ситуации. Во текот на 5 години времетраење на овој голем проект на Советот на Европа, ќе се поддржуваат конкретни активности со цел ефективно да се спречат, истражуваат и санкционираат закани и напади врз безбедноста на новинар(к)ите, офлајн и онлајн.

Концепт на Кампањата за безбедност на новинарите

Стразбург, Франција 1 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page