Back Предизвиците во системот за бесплатна правна помош се дискутираа на Меѓународната научна конференција во Штип

Предизвиците во системот за бесплатна правна помош се дискутираа на Меѓународната научна конференција во Штип

Десеттата Меѓународна научна конференција, којашто се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, собра околу 80 професори, истражувачи,  академски граѓани и практичари за да дискутираат на неколку теми поврзани со општествените промени во глобалниот свет.

Во рамките на оваа конференција се одржа посебен панел за бесплатна правна  помош, организиран заеднички од страна на проектот на ЕУ/Совет на Европа, „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“, којшто  е дел од програмата Хоризонтален инструмент III и Правната клиника на Правниот факултет во Штип. Околу 20 истражувачи ги презентираа своите трудови, идеи, резултати и истражувачки методи и споделија информации за неодамнешните предизвици во системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија.  

Присутните на панелот за БПП ги поздравија Милица Шутова, професорка и раководителка на Правната клиника во Штип, Мухамед Точи, државен секретар во Министерството за правда, Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Алан Узелац, професор на Правниот факултет во Загреб и раководител на Правната клиника во Загреб.  

На состанокот, учесниците имаа можност да дискутираат за клучните предизвици поврзани со трошоците во предметите со бесплатна правна помош и ја идентификуваа потребата од законски измени, особено кога станува збор за Законот за бесплатна правна помош, со цел да се појаснат некои од проблемите, кои се појавуваат во пракса. Резултатите од оваа конференција ќе бидат објавени во Зборник со отворен пристап, така што важните согледувања, споделени од страна на  почитуваните презентери ќе допрат до пошироката публика.

Проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“  е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“

Штип, Северна Македонија 28 - 29 септември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page