Back Професионалци од областа на заштита на децата обучени за обезбедување на најдобриот интерес на децата жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија

Професионалци од областа на заштита на децата обучени за обезбедување на најдобриот интерес на децата жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија

Најдобар интерес на детето како водечки принцип за заштита на децата-жртви на трговија со луѓе беше во фокусот на мултидисциплинарната активност за градење капацитети за спречување и борба против трговијата со деца, организирана во Велес со поддршка на ЕУ и Советот на Европа. Триесет и три учесници, полициски службеници, социјални работници, правници и претставници на граѓански организации ги подобрија своите знаења и вештини за утврдување на најдобриот интерес на децата жртви на трговија со луѓе во кривично-правниот одговор на ова кривично дело. Обуката, исто така, имаше за цел да ја зајакне соработката меѓу сите релевантни чинители кои помагаат и ги поддржуваат жртвите на трговија со деца, и да ги информира за релевантните меѓународни стандарди во овој поглед.

Учесниците разговараа за пристапот до бесплатна правна помош за деца жртви на трговија со луѓе и се запознаа со новините на неодамна усвоениот Закон за правда за децата. Со овој закон, меѓу другото, се пропишува работен стаж од најмалку 10 години за судиите, обвинителите и полициските службеници кои работат со деца жртви. Иако има намера да ја зајакне заштитата на жртвите на трговија со деца, може да има контраефект врз механизмот за правда за децата, со оглед на неговите оскудни ресурси, размислуваа учесниците.

Треба да ја стекнете довербата на детето, да бидете емпатични и сочувствителни. Вообичаено, експлоатираните деца се израснати со насилство и занемарување. Тие биле постојано изневерувани од возрасните.“ - објасни д-р Лилјана Игњатова, психијатар и форензичар во случаи со деца жртви. Таа, исто така, се осврна на психолошката перспектива на интервјуирање на деца жртви на трговија со луѓе.

Даја Венке, меѓународна консултантка за жртви на трговија со деца, ги објасни меѓународните стандарди кои се релевантни за жртвите на трговија со деца и презентираше конкретни примери во однос на правдата пријателска за децата.

Учесниците ја изразија нивната заложба за унапредување на мулти-агенциската соработка во поглед на заштитата на правото на детето жртва на трговија, со должно разгледување на најдобриот интерес на детето.

Обуката беше организирана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ во соработка со Подгрупата за борба против трговија со деца на Националната Комисијата за борба против трговија со луѓе на Северна Македонија.

Велес, Северна Македонија 21 - 22 мај 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page