Back Продолжува поддршката за властите во Северна Македонија за подготовка на Националната проценка на ризик за перење пари и финансирање тероризам

Продолжува поддршката за властите во Северна Македонија за подготовка на Националната проценка на ризик за перење пари и финансирање тероризам

Заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа против економскиот криминал во Северна Македонија продолжува да ги поддржува јавните власти во спроведувањето на националната проценка на ризикот за перење пари и финансирање тероризам од септември 2023 година.

Во овој контекст, над 50 претставници од јавниот и приватниот сектор присуствуваа на 5-7 јуни 2024 година во Охрид, Северна Македонија, за заеднички да ги анализираат собраните податоци поврзани со перење пари, финансирање тероризам и пролиферација и да работат заедно во подготовка на извештаи за посебни модули од методологијата. Проектот го поддржува процесот преку обезбедување експертиза и насоки за анализа на собраните податоци и донесување заклучоци. Како следен чекор, ќе се обезбеди поддршка на работните групи во консолидирањето на првиот нацрт-извештај на националната проценка на ризикот за перење пари и финансирање тероризам.

Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам е од клучно значење за Северна Македонија бидејќи има за цел да го подобри разбирањето на властите и учесниците во приватниот сектор за заканите и ранливостите од перење пари и финансирање тероризам. Ова ќе помогне во процесот на поефикасно распределување на нивните ресурси на нивните соодветни напори за надзор, спроведување и усогласеност. Спроведувањето на ефективни мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот, земајќи ги предвид резултатите од националната проценка на ризикот за перење пари и финансирање тероризам, помагаат да се заштити економијата, да се зајакне домашната безбедност, да се обезбеди усогласеност со меѓународните стандарди и да се зајакне довербата на инвеститорите. Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам игра витална улога во борбата против финансискиот криминал.

Поддршката за јавните власти во процесот на спроведување на проценката на ризикот започна во септември 2023 година, на работилница на која беа информирани јавните власти и претставниците на приватниот сектор за применетата методологија за спроведување на националната проценка на ризик, и им беа дадени насоки за тоа како  да го извршат процесот на собирање и анализа на податоци.

Како што напредува процесот на подготовка на националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам, Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија продолжува да ги поддржува националните власти преку давање совети за анализа на собраните податоци и изготвување на извештајот.

Оваа активност беше организирана од „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“, во рамките на програмата Horizontal Facility for the Western Balkans and Türkiye“, кофинансирана од Европската Унија и Советот на Европа, а имплементирана од Советот на Европа.








 

Охрид, Северна Македонија 05 - 07 јуни 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page