Back Препораката на Советот на Европа за промовирање квалитетно новинарство во дигиталната ера, сега достапна на македонски јазик

Препораката на Советот на Европа за промовирање квалитетно новинарство во дигиталната ера, сега достапна на македонски јазик

Препораката CM/Rec(2022)4 на Комитетот на Министри на земјите-членки за промовирање поволна средина за квалитетно новинарство во дигиталната ера има за цел да постигне поголемо единство меѓу членките заради заштита и промовирање на заедничките политики и стандарди во делот на слободата на изразување. Сега достапна на македонски јазик, оваа Препорака потврдува дека правото на слобода на изразување е еден од столбовите на демократијата, и дека новинар(к)ите кои сакаат да дадат точни и веродостојни информации во согласност со стандардите на професијата уживаат највисока заштита според член 10 од Конвенцијата.

Оваа Препорака е релевантна за работата во рамки на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа за „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), како и за процесот на дигитална трансформација на медиумите која создаде важни можности, истовремено создавајќи предизвици за медиумите и комуникацијата кои сè повеќе се насочуваат кон дигитална, мобилна и средина на социјални медиуми.

Со цел да промовира поволна средина за квалитетно новинарство во дигиталната ера, оваа Препорака содржи вредни информации за владите и за сите чинители во медиумите.

Преводот е изработен во рамки на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), кој е дел од Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција (ХФ 3), кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа.

Скопје, Северна Македонија 3 август 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page