Back Препораката за борба против употребата на SLAPPs на Советот на Европа преведена на македонски јазик

Препораката за борба против употребата на SLAPPs на Советот на Европа преведена на македонски јазик

На 5 април 2024 година, Комитетот на Министри на Советот на Европа ја усвои Препораката CM/Rec(2024)2 за борба против употребата на стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs). Алармирани од ефектот на одвраќање кој го имаат SLAPPs врз слободата на изразување и јавното учество, Комитетот на Министри ги повикува државите членки да разработат сеопфатни и ефективни стратегии против SLAPPs.

Новоусвоената Препорака ги дефинира SLAPPs како „правни постапки кои се користат како закана, се иницираат или започнуваат како средство за вознемирување или заплашување на нината мета, и кои имаат за цел да спречат, задушат, ограничат или казнат слободно изразување на теми од јавен интерес и уживање на правата поврзани со јавното учество.“

За целите на примена на Препораката, јавното учество и јавниот интерес имаат широка примена, важат за сечие демократско право на учество во јавна дебата и јавни теми, онлајн и офлајн, без страв или дискриминација. Така, согласно CM/Rec(2024)2 поимот „сите“ ги вклучува сите јавни чувари и оние кои придонесуваат кон јавна дебата и сите учесници во јавни теми. Така, истиот не е ограничен на новинар(к)и и други медиумски актери, туки се однесува на сите критички настроени гласови, како што се граѓанските организации, здруженија и активисти за животна средина, академици/ки и бранител(к)и на човековите права.

Насоките од препораката имаат за цел да се применуваат на граѓански тужби, како и во контекст на управното и кривичното право, вклучително и правните тактики за заплашување. Дополнително, Препораката ги опфаќа и домашните и другите видови SLAPPs, како што се прекуграничните, повеќе или координирани SLAPPs и SLAPPs кои целат на анонимно јавно учество.

Со цел идентификувањето на SLAPPs да биде полесно, Препораката нуди неисцрпна листа од 10 индикатори. Тука се укажува на истакнатите карактеристики на SLAPPs, како што е користењето на нееднаквата моќ; делумната или целосната неоснованост на аргументите кои ги изложува тужениот/ата; барањето непропорционални, претерани или неразумни правни лекови; и вклученост во тактики за одложување.

На владите на државите членки им се препорачува дополнително да ја зајакнат постојната легислатива и политичката рамка за борба против SLAPPs, посебно во поглед на структурните и процедуралните заштитни механизми, правни лекови, транспарентност, поддршка за метите и жртвите, и развој на програми за едукација, обука и подигање на свеста.

Оваа Препорака е сега достапна и на македонски јазик. Овој превод е изработен во рамки на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“ кој е дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2023-2026 (Horizontal Facility III).

 

Северна Македонија 5 април 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page