Back До поголема безбедност на новинар(к)ите преку Кривичниот законик на Северна Македонија

До поголема безбедност на новинар(к)ите преку Кривичниот законик на Северна Македонија

Последните предложени измени и дополнувања на Кривичниот законик на Северна Македонија кои имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на новинар(к)ите и да обезбедат слобода на медиумите, беа предмет на дискусијата на вебинерот, одржан денес на дискусијата со претставници на Основното јавно обвинителство, Министерството за правда, професионални новинар(к)и, адвокат(к)и, обвинител(к)и како и претставници/чки од граѓанскиот сектор.

Ова е втор од сетот на два вебинари организирани во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“, со цел клучните актери во оваа сфера да разменат мислења и ставови за подобрување на безбедноста на новинар(к)ите во Северна Македонија.

На вебинарот излагања имаа и претставнички од Основното јавно обвинителство и Министерството за правда кои пренесоа свое искуство и размислување, како соодветните институции можат да придонесат кон поголема заштита на медиумските работници/чки.

На состанокот, свој вреден придонес даде и меѓународниот експерт на Советот на Европа во делот на заштита на новинар(к)ите, Џонатан Прајс, кој сподели клучни препораки за подобрување и усогласување на одредбите од Кривичниот законик на Северна Македонија во согласност со европските стандарди. Во тој контекст, Европската Унија и Советот на Европа се посветени на поддршка на новинар(к)ите во Северна Македонија за да им овозможат тие подобро да ја вршат својата улога на чувари на демократијата, преку обезбедување слобода на изразување и промовирање безбедна работна средина за новинар(к)ите и другите медиумски работници/чки.

Дел од дискусијата беа и обраќањата на адвокат(к)и и новинар(к)и кои во фокусот ги имаа препораките за измени и дополнувања на Кривичниот законик на Северна Македонија со цел да се обезбеди поголема заштита за медиумските работници/чки и да се спречат нападите врз нив. Бо следните месеци, Здружението на новинари на Македонија, како граѓаска организација ќе продолжи да биде активна на ова поле и ќе продолжи да ги применува стекнатите знаења и разменети искуства од овој вебинер при исполнувањето на агендата за обезбедување заштита на новинар(к)ите во рамките на Кривичниот законик.

Овој тематски вебинар беше во организација на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“ во соработка со партнерската организација „Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Проектот ЈУФРЕКС е дел од „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција II”, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, имплементирана од Советот на Европа, која има за цел да им помогне на корисниците од Западен Балкан и Турција при усогласување со стандардите на Советот на Европа и acquis communautaire на Европската Унија во процесот на нејзино проширување, онаму каде што е тоа применливо.

Скопје 11 февруари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page