Back Директорот за координација на програми Клаус Нојкирх разговара за идните проекти за соработка во Северна Македонија

Директорот за координација на програми Клаус Нојкирх разговара за идните проекти за соработка во Северна Македонија

На 16-17 октомври, Клаус Нојкирх, директор за координација на програми на Советот на Европа разговараше за тековните и потенцијалните идни активности за техничка соработка во Северна Македонија за време на дводневната посета на Скопје.

Клаус Нојкирх се сретна со Орхан Муртезани, министер за европски прашања, Игор Филков, министер за правда и Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија за размена на реформските приоритети на новата влада и потенцијалната поддршка на Советот на Европа за овие напори. Клаус Нојкирх разговараше и со амбасадорот Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, за тековните и идните заеднички програми на Европската унија и Советот на Европа и размени со актуелните и потенцијалните билатерални донатори за перспективите за поддршка на проекти на Советот на Европа во земјава.

Скопје, Северна Македонија 16 - 17 октомври 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page