Back Развивање на модул за третман на радикализирани осудени лица во Северна Македонија

Развивање на модул за третман на радикализирани осудени лица во Северна Македонија

На првата сесија на работната група која се одржа на 25-26 ноември 2019 г. во Скопје беа дополнително прилагодени алатките и механизмот за идентификување и интервенција во однос на радикализирани осудени лица во Северна Македонија. Работната група, составена од посветени професионалци од различни казнено-поправни институции, како и од Управата за извршување на санкциите започна со процесот на развивање на модулот за третман на радикализирани осудени лица, врз основа на постоечката методологија и алатките за скрининг кои беа развиени во рамки на претходни проекти кои ги спроведуваше Советот на Европа.

 

Членовите на работната група сега го изготвуваат модулот за третман чија цел е да се поддржат осудените лица да поминат низ процесот на дерадикализација. Во рамки на оваа активност, раководителите на казнено-поправните установи и експертите за ресоцијализација ќе се стекнат со знаење и ќе ги подготват процедурите за таргетирани интервенции кои ќе овозможат ресоцијализација на „радикализирани” осудени лица.

 

Овaa активност е организирана како дел од проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, ко-финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамки на втората фаза од програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” која ја спроведува Советот на Европа.

Скопје 25 - 26 ноември 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page