Седумнаесет претставници од клучните финансиски надзорни органи во Северна Македонија, вклучувајќи ги Управата за финансиско разузнавање, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и Управата за јавни приходи беа дел од обуката за борба против финансирање тероризам. Обуката организирана со поддршка на ЕУ и Советот на Европа имаше за цел да го подобри разбирањето на супервизорите за релевантните закони и техники во врска со борбата против тероризмот, да ја подобри идентификацијата и анализата на сомнителните активности и да ја поттикне меѓуагенциската соработка со цел да се оствари усогласеност и безбедност. Оваа активност припаѓа во рамките на континуираната помош на Европската Унија и Советот на Европа за зајакнување на капацитетите на јавните институции во Северна Македонија во нивните напори за спречување и борба против економскиот криминал, вклучително и корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Оваа активност беше организирана од „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“, дел од програмата Horizontal Facility for the Western Balkans and Türkiye, кофинансирана од Европската Унија и Советот на Европа, а имплементирана од Советот на Европа.