Back Препораката на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата за спречување и борба против дискриминацијата кон ЛГБТИ лицата сега е достапна на македонски јазик

©EnvatoElements

©EnvatoElements

Препораката за општи политики бр.17 на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРН) за спречување и борба против нетолеранцијата и дискриминацијата кон ЛГБТИ лицата сега е достапна на македонски јазик!

Објавен во септември 2023 година, документот ги препознава постојаните предизвици за заштитата на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Европа и дава клучни препораки за да се осигура дека се почитуваат правата на лицата што се дел од ЛГБТИ заедниците.

Оваа Препорака на ЕКРН претставува основна алатка која има за цел да се справи со нетолеранцијата и дискриминацијата кон лезбејките, геј, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) лица и да помогне во развојот на инклузивно општество. Наодите и препораките на ЕКРН имаат за цел да им дадат насоки на земјите-членки во спречувањето и борбата против нетолеранцијата и дискриминацијата кон ЛГБТИ луѓето, во тесна соработка со сродните заедници.

Преводот е направен во рамките на проектот „Борба против омраза и нетолеранцијата во Северна Македонија“ кој е дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. Овој проект ги поддржува клучните корисници и локални актери во нивните реформи за да развијат хармонизиран институционален пристап за справување со дискриминацијата и говорот на омраза.

Северна Македонија 16 август 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page