Back Одржан првиот модул за изградба на капацитети со училишта во четири региони во Северна Македонија

Одржан првиот модул за изградба на капацитети со училишта во четири региони во Северна Македонија

Проектот "Квалитетно образование за сите - Северна Македонија", имплементиран од Советот на Европа, a финансиран од Германија, неодамна го заврши својот прв модул на сесии за градење на капацитети со училишта во четири региони низ целата земја во јануари и февруари 2024 година. Овие сесии, со цел да ги засилат демократските вредности и инклузивните практики во образовните установи, беа организирани од страна на различни училишта кои покажаа активно учество од избраните пилот училишта. Сесиите се одржаа во СУГС „Брака Миладиновци“ - Скопје на 24 и 25 јануари 2024 година, РЦСОО „Никола Карев“ - Струмица на 29 и 30 јануари 2024 година, ООУ „Брака Миладиновци“ - Струга на 1 и 2 февруари 2024 година и ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ - Скопје на 9 и 16 февруари 2024 година.

Вкупно 100 учесници од 13 основни и 12 општи и стручни средни училишта учествуваа од избраните 25 пилот учлишта. Три основни училишта и две средни училишта беа препознати за нивните примерни практики и исклучителен пристап. Секое училиште учествуваше со основен тим од четири членови, или вкупно 100 учесници, кои стекнаа знаење, ги збогатија своите практики, и го зголемија своето основно разбирање за комплексноста на идентитетот и културата на училиштето и Референтната рамка на компетенциите за демократска култура.

Основниот тим игра клучна улога во проектот, а истиот се состои од директор на училиштето, два наставници, и професионалец од училиштето, како психолог, педагог, или социјален работник. Освен основен тим, беше составен и поширок тим на училиштето, вклучувајќи десет луѓе вкупно. Оваа проширена структура на тимот вклучува членови од основниот тим кој се проширува за да вклучи два ученици, еден родител, два дополнителни наставници, и еден член од Локалната самоуправа. Оваа комплетна структура на тимот е дизајнирана за да обезбеди разновидна и инклузивна репрезентација на училишната заедница, овозможувајќи ефикасна имплементација и соработка во проектот. Овие учесници во 2024 година ќе бидат едуцирани да играат важна улога во формирањето на социјално одговорна и демократска заедница.

Целосната програма, која е фокусирана на негување на критичкото мислење, емпатијата, и продлабочување на разбирањето на демократските принципи, го демонстрира ангажманот на Советот на Европа во засилувањето на демократските вредности во образовните институции. Овој модул е само првиот чекор во серијата од пет модули, кои ќе овозможат активности насочени кон подобрување на вештините и компетенциите на учесниците од 25-те пилот училишта. Преку овие напори, Советот на Европа има за цел да го помогне развојот на културата на демократија и инклузивноста во образовниот систем на Северна Македонија, овозможувајки на учениците и едукаторите да станат активни учесници во демократското општество.






 

Северна Македонија 16 февруари 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page