Back ГРЕТА повикува на засилена поддршка и ресурси за професионалците од првите редови кои се вклучени во борбата против трговијата со луѓе

Светски ден за борба против трговија со луѓе (30 јули 2020 година)
ГРЕТА повикува на засилена поддршка и ресурси за професионалците од првите редови кои се вклучени во борбата против трговијата со луѓе

По повод Светскиот ден против трговијата со луѓе, Групата на експерти на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА) се приклучи кон повикот на Меѓуагенциската координативна група против трговија со луѓе (UN-ICAT) за дополнителна поддршка на професионалците во првите редови кои ги откриваат и им помагаат на жртвите на трговија со луѓе ( линк до изјавата ).

Како дел од својата мисија да го следи спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе, ГРЕТА беше сведок на посветеноста и храброста на безброј професионалци во првите редови, кои се вклучени во борбата против трговијата со луѓе во 47 држави потписнички на Конвенцијата. Во исто време, ГРЕТА забележа дека во некои земји, на борбата против трговијата со луѓе не се посветува доволно политичко внимание и се распоредени несоодветни ресурси.

Преземените мерки за контрола на пандемијата COVID-19 и нивните социјално-економски последици ја зголемија ранливоста на жртвите на трговија со луѓе и лицата кои се изложени на ризик од трговија со луѓе. Теренски работници, службеници за спроведување на законот, трудови инспектори, социјални работници, здравствени работници и невладини организации се соочуваат со непредвидени предизвици, кои го ограничуваат нивниот капацитет за идентификација и помош на жртвите. Во изјавата издадена на 2 април 2020 година , ГРЕТА ги потсети државите потписнички на Конвенцијата на законската и моралната обврска да не заостануваат во почитувањето на правата и заштитата на најранливите, во кои спаѓаат и жртвите на трговија со луѓе.

Деветтиот генерален извештај на ГРЕТА , објавен претходно оваа година, ги потенцираше идентификувањето на децата-жртви на трговија со луѓе и мерките за помош што им се даваат како два главни недостатоци во спроведувањето на Конвенцијата. Со цел исполнување на нивните обврски да спречат трговија со луѓе и да ја намалат ранливоста на децата од експлоатација, ГРЕТА ги повикува државите потписнички да обезбедат соодветни ресурси за системите за заштита на децата, вклучително и за децата мигранти и бегалци.

Оваа година се одбележува 20-годишнината од усвојувањето на протоколот на ОН за спречување, сузбивање и казнување на трговијата со луѓе, особено жени и деца, дополнувајќи ја Конвенцијата на Обединетите нации против транснационален организиран криминал (протокол на Палермо), која ги постави темелите на меѓународната акција за трговија со луѓе, како и 15-годишнината од отворањето за потпишување на Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе, првиот меѓународен правен инструмент кој ја става заштитата на жртвите во центарот на борбата против трговијата со луѓе. ГРЕТА ја нагласува важноста од задржување на фокусот на борбата против трговијата со луѓе како тековен предизвик, преку обезбедување соодветна обука и финансиски ресурси за активностите на професионалците кои работат на терен.

Стразбург 30 јули 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page