Back Здравствените работници даваат придонес во проактивното идентификување и упатување на потенцијални жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија

Здравствените работници даваат придонес во проактивното идентификување и упатување на потенцијални жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија

Здравствените работници се клучен елемент во идентификување на жртвите на трговија со луѓе, и се често првите професионалци кои стапуваат во директен контакт со жртвтите. Заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ во соработка со Институтот за јавно здравје организираше две фокус групи со здравствени работници кои може да стапат во допир со потенцијални жртви на трговија со луѓе. Дваесет доктори и медицински сестри од службите за брза помош, гинеколози, хирурзи и педијатри се сретнаа за да дадат свој придонес во информативниот материјал, кој ќе овозможи концизни информации за трговијата со луѓе, одговорностите на здравствените работници и процедурите за упатување на жртвите. Клучната цел е да се нагласи важната улога на добро обучените здравствени работници во идентификувањето на потенцијалните жртви на трговија со луѓе, пружање помош и нивно упатување до институциите кои работат на првенција и борба против трговијата со луѓе, за да им се обезбеди заштита и да ги остварат своите права согласно Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе на Советот на Европа, како и националното законодавство.

„Општо земено, многумина од здравствените работници немаат доволни познавања за трговијата со луѓе и не можат да ги препознаат нејзините индикатори. Целта на фокус групите е да се придонесе кон создавање на информативен материјал, за да здравствените работници можат да потпомогнат во навремено идентификување на потенцијалните жртви на трговијата со луѓе, и да придонесат во спречувањето и борбата против траговијата со луѓе“ – изјави д-р Елена Ќосевска, Професорка на Институтот за јавно здравје, која има опсежно искуство во обезбедување здравствена помош и заштита на ранливи групи.

Останати истакнати говорници беа д-р Јорг Понт од Медицинскиот универзитет во Виена, д-р Даниела Иванова Панова која работи директно со жртви на родово-засновано насилство, вклучително и жртви на трговија со луѓе, Марија Тодоровска од невладината организација „Отворена порта“ која е водечка на полето на борба против трговија со луѓе и Марија Ристеска, експерт од областа на родовите прашања. Д-р Јорг Понт накратко ги објасни ризиците и последиците кои трговијата со луѓе ги имаат по здравјето на жртвите, етичкиот кодекс и потребата од сеопфатна медицинска проценка. Д-р Даниела Иванова Панова зборуваше врз основа на своето искуство во пружање помош на жртви на трговија со луѓе и документирањето на нивните случаи за понатамошни судски процеси. Таа ја нагласи ранливоста на децата-жртви, и специјалното внимание кое тие треба да го добијат од страна на здравствените работници.

„Најголемта нееднаквост меѓу мажите и жените и понатаму се наоѓа во областа на економијата. Особено сиромаштијата, заедно со зајакнатите родови стереотипи, дискриминацијата и домашното насилство, претставува фактор на притисок за жените и девојките да станат жртви на трговија со луѓе“ – изјави Марија Ристеска. Марија Тодоровска ја објасни институционалната структура за борба против трговија со луѓе во државата, како и функционирањето на Центарот за жртви на трговија со луѓе и родово-засновано насилство, со кој управува Отворена Порта.

Во рамки на фокус групите, учесниците зборуваа за нивните искуства со жртви на родово-засновано насилство и трговија со луѓе, ги дискутираа индикаторите за трговија со луѓе, безбедносните прашања и како системот за упатување на жртви во здравствените установи да се направи поефикасен и поефективен со цел навремено обезбедување на заштита и помош за потенцијалните жртви на трговија со луѓе.

Обуката беше организирана во рамки на програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, заедничка иницијативе ко-финансирана од страна на Европската Унија и Советот на Европа и имплементирата од Советот на Европа, која за цел има да обезбеди помош за корисниците од Југоисточна Европа во исполнување на стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија (acquis communautaire) во рамки на процесите за проширување.

Скопје 26 - 27 мај 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page